Контакт

Економија

Средба на министерката Божиновска со казахстанскиот министер за енергетика Аккенженов

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Астана, оствари билатерална средба со министерот за енергетика на Република Казахстан, Ерлан Аккенженов.

На средбата се разговараше за искуствата на двете земји во спроведувањето на енергетската транзиција, улогата на критичните минерали во зелената економија, како и за потенцијалите за соработка во делот на обновливи извори на енергија, геолошки истражувања и инвестициски можности.

Министерката Божиновска истакна дека Македонија е посветена на изградба на одржлив и транспарентен модел за користење на домашните минерални ресурси и дека регионалната и меѓународната соработка е клучен предуслов за успешно управување со глобалните енергетски предизвици.

„Размената на искуства со земји како Казахстан, кои имаат силна традиција и експертиза во енергетскиот сектор, е значајна за нашата земја во процесот на градење одржлива енергетска иднина.“ изјави министерката Божиновска.

Министерот Аккенженов ја поздрави заложбата на Македонија за зелена транзиција и истакна дека Казахстан гледа можности за соработка со земјите од Западен Балкан, особено во делот на размена на технички знаења и пристап до нови технологии.

„Казахстан е подготвен да споделува искуства и да гради нови партнерства со земји кои имаат јасна визија за енергетскиот развој и рационално користење на ресурсите.“ нагласи министерот Аккенженов.

Состанокот помина во конструктивна и отворена атмосфера, при што двајцата министри се согласија дека постои реален потенцијал за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Казахстан во областа на енергетиката. Беа идентификувани конкретни можности за размена на знаења и техничка експертиза, особено во однос на развојот на хидроген како енергент на иднината – област во која Казахстан веќе има активни и напредни проекти.

Дополнително, беше посочено дека искуството на Казахстан во воспоставување и примена на батериски системи за складирање на енергија може да биде од голема корист за Македонија, во процесот на стабилизирање и модернизација на националниот енергетски систем.

На крајот од средбата, министерката Божиновска го покани министерот Аккенженов да ја посети Македонија и да учествува на Меѓународниот форум што ќе се одржи во октомври во Скопје, во организација на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Форумот ќе претставува важна платформа за унапредување на регионалната и меѓународната соработка во секторот.

Попладнето, министерката Божиновска во рамки на Астана интернационален форум ќе се обрати како говорник на пленарна сесија со наслов „The Resource Race: Who Controls the Green Future“.

Најново

Забава9 минути

Сандра Булок: Црвениот тепих за мене е кошмар, секогаш ме фаќа паника

Сандра Булок откри дека и по децении успешна кариера сè уште се чувствува непријатно на црвениот тепих и дека позирањето...

Економија20 минути

Мицкоски: Во јули и август имаме ниво на годишна инфлација коешто е под нивото на Европската Унија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на инфлацијата, изјави: „Па, да, јас кажав, ние...

Црна хроника59 минути

Стружанец пријавил дека бил грабнат со закана со оружје, па признал дека измислил

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.Р. (32) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“,...

Македонија1 час

Мицкоски не кажа колку пари е настапот на Давид Гета оти и граѓаните и буџетот настаните ги чинат 0 денари, сè платиле компании

Сите настани околу прославата на 35 години самостојност ги платиле општествено одговорни компании, рече премиерот Христијан Мицкоски. Иако денес првпат...

Македонија1 час

Само 32 отсто од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска...

Македонија1 час

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето...

Спорт1 час

НБА сака да ја преземе Евролигата

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата. Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да...

Свет2 часа

Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за...

Свет2 часа

Кина воведува построги правила за вештачката интелигенција и авторските права

Кина планира да ги заостри и приспособи прописите за заштита на интелектуалната сопственост поврзани со вештачката интелигенција и алгоритмите, како...