Контакт

Економија

Среќни часови во „Нептун“ само на 17 август – Големи попусти и подароци на секој час!

Објавено пред

Само овој понеделник, 17 август, HAPPY HOURS акција во Нептун со големи попусти и подароци на секој час! Посетете ги  продавниците на „Нептун“ овој понеделник, разгледајте ги одличните понуди, купете и бидете потенцијален добитник на еден од 250-те подароци. Акцијата важи во сите 25 продавници на „Нептун“ширум државата, како и онлајн на нивната веб-страница https://www.neptun.mk/. Не  пропуштајте ја оваа шанса за шопинг по одлични цени со големи попусти и можност да добиете подарок!

Овој август „Нептун“ го посвети на сите оние 300.000 домаќинства кои се дел од нивната хепи-лојална програма и имаат купувано производи изминативе шест години, колку што и постои најголемата лојална програма во државава. Кампањата со назив „Нептун – Дел од вашиот дом” опфаќа повеќе категориски промоции во кои се опфатени најквалитетни уреди од најпознатите светски брендови по супер цени. Во кампањата на интересен начин се претставени секојдневни ситуации во кои голем дел од семејствата во нашата држава ќе се пронајдат. Видеорекламите од кампањата може да ги погледнете на линкот: https://bit.ly/3h4y4aE.

„Нептун Македонија“ има широка палета услуги за своите клиенти како: лојална програма, инстант-кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard. Новост во „Нептун“ е онлајн купувањето на рати преку брз кредит во соработка со Иуте  кредит Македонија. Од овој месец купувачите ќе може брзо, лесно и безбедно преку својот мобилен или компјутер да аплицираат за купување производи до 24 рати и сè тоа без доставување физички документи во продавница. Од комфорноста на својот дом ќе може да нарачате производ на нивната веб-страница https://www.neptun.mk/ и да плаќате на рати. Овој начин на кредитирање при онлајн купување производи е прв и единствен на пазарот во Македонија. Соработката помеѓу овие две иновативни компании придонесе за напредок на е-трговијата во нашата држава. Само со вакви проекти и иновации можеме да го унапредуваме купувачкиот процес и да ги направиме услугите и производите подостапни за македонските купувачи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Вицепремиерите Битиќи и Николовски и министерот Бектеши во работна посета во Солун

Објавено пред

Официјална делегација на Владата, во чиј состав се заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со заменик-претседателот на Владата за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, и министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска реализираше еднодневна работна посета во Солун, Република Грција.

Во претпладневните часови вицепремиерот Битиќи, вицепремиерот Николовски и министерот Бектеши, учествуваа на тркалезната маса на тема: „Регионална енергетска безбедност и соработка“, на која учествуваа државниот секретар на САД, Мајкл Помпео, министерот за развој, конкурентност, инфраструктура, транспорт и врски во Владата на Република Грција, Костис Хаѕидакис, амбасадорот на САД во Република Грција, Џефри Пјат и амбасадорката на САД во земјава, Кејт Мари Брнз.

По завршувањето на тркалезната маса вицепремиерот Битиќи посочи дека ова е одлична можност да се разменат искуствата во делот на енергетиката, потенцијалите за соработка и да се разговара за идните активности во насока на подобрување на енергетската поврзаност.

„За Северна Македонија, како мала и увозно зависна земја од електрична енергија, регионалната соработка е круцијална, особено поради конекциите на земјата за електрична енергија со Србија и Грција, како и коридорот за пренос на електричната енергија од Бугарија до Грција“, додаде вицепремиерот.

„Важноста и потребата за регионалната соработка се дел и од приоритетите во Стратегијата за енергетика која дефинира конкретни мерки и проекти од аспект на прекуграничното поврзување. Енергетиката е составен дел на денешното живеење, особено што овој сектор не подразбира само производство и дистрибуција на електричната енергија, туку во него спаѓаат гасот и горивата, како и енергетската ефикасност. Токму преку зголемување на регионалната соработка на полето на енергетиката, гледаме голема можност и потенцијал за креирање одржлива и развојна економија, што е врвен приоритет на Владата во следните четири години“, нагласи Битиќи.

Северна Македонија е посветена на спроведување на реформите во енергетскиот сектор и исполнување на обврските кои произлегуваат од Договорот за основање на Енергетска заедница. Имплементирани се одредбите и обврските што произлегуваат од Третиот енергетски пакет на ЕУ и Директивата за обновливи извори на енергија. Напредокот од земја последна во регионот – во земја со исклучителен напредок е нотирано и во Извештајот на Енергетската заедница. Цел е да се стават во функција сите капацитети и да се впрегне целиот неискористен енергетски природен потенцијал што Северна Македонија го поседува. Планот на Владата е сериозно да го зголемиме домашното производство на електрична енергија, од обновливи извори, да ги достигнеме европските стандарди во процесот на менаџирање со енергетските ресурси и да поттикнеме нови инвестиции во енергетскиот сектор.

„Би сакал да потсетам дека при последната посета на претседателот на Владата Зоран Заев на Република Грција добивме поддршка од конзорциумот ‘Гастрејд’, за вклучување на Северна Македонија во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција. Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за нашата земја, која, истовремено, ќе стане точка од која потоа гасот ќе се дистрибуира и пошироко во регионот, и во земјите кои ќе покажат интерес“, подвлече вицепремиерот.

Битиќи рече и дека енергетиката е составен дел за одржливиот развој, што подразбира диверзификација на производството на електричната енергија, целосна либерализација на пазарите, зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори, изградба на нова модерна енергетска инфраструктура, гасно поврзување со регионот, како и проекти за енергетска ефикасност.

„Ќе работиме напорно да ја унапредиме соработката со земјите во регионот, во сите полиња, економија и енергетика особено, и од тоа ќе имаме сите бенефит, државите и граѓаните кои живеат во нив. Продолжуваме со одличната меѓусоседска соработка и дополнително ги зацврстуваме економските односи меѓу Северна Македонија и Република Грција. Неискористениот потенцијал за соработка од минатото го трансформираме во исклучително партнерство, од кое корист ќе имаат не само граѓаните од двете земји, туку и целиот регион. Грција и Северна Македонија се добар пример за градење меѓусебни односи, соработка и стратешко партнерство“, нотираше вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, по завршувањето на тркалезната маса за регионална енергетска безбедност и соработка.

По завршување на тркалезната маса, официјалната Владина делегација изврши посета на ИКТ технолошкиот парк „Технополис“ во Солун, при што остварија средби со менаџментот на технолошкиот парк и на компаниите „Делојт“ и „Логисмоз“, кои функционираат во рамките на паркот, со кои зборуваа за можностите за инвестирање во земјава и поддршката која Владата ја обезбедува за компаниите кои реализираат нови инвестиции.

Прикажи повеќе...

Економија

Цената на горивата останува иста

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која малопродажните цени на „евросупер БС-95“, „евросупер БС-98“, „евродизел“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат на исто ниво како минатата недела.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,355 денари/кг и ќе изнесува 25,666 денари/кг.

Од 29.9.2020 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 60,50 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 62,50 (денари/литар)
Дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 49,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 49,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 25,666 (денари/килограм)

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Димитриеска – Кочоска: Третиот пакет-мерки се реализира само 13 %

Објавено пред

Помпезно најавуваниот предизборен трет пакет-мерки во износ од 355 милиони евра заврши со реализација на 47 милиони евра, односно не цели 13 % реализација, и тоа за предизборен поткуп на населението што Владата многу сакаше да го помогне за еден месец по изборите, да го опустоши со растот на цената на електричната енергија, кој е вишок трошок за секое македонско семејство, обвини Гордана Димитриеска-Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, изостанала поддршката на фирмите за вработените и токму четвртиот пакет-мерки е доказ дека таа не била реализирана со третиот пакет-мерки.

„Правилното буџетско планирање се заснова на правилна оцена на состојбите во економијата, на правилна антиципација на идните движења и мерки што нема да бидат ад хок, туку мерки што ќе имаат долготрајно и системско значење. Ако беше така, немаше да ни требаат 4 пакет-мерки, туку еден-два, ама вредни во обем и со навремена интервенција. Потребна е реализација на мерки за спас на економијата, а не гол популизам зашто изборите завршија. Треба да се направи реална анализа колку од 4 пакет-мерки се наменети за стопанството и за губењето на работните места“, рече  Димитриеска-Кочоска.

Таа праша дали Владата размислува за оние 40.000 што ги изгубиле работните места во јули и август?

„По давањето на картичките како предизборен поткуп, ја покачија струјата зашто во економијата е јасно – сметката некој треба да ја плати. По ваков сет мерки, кој нема да влијае на подобрување на економијата, ни останува да чекаме повторно повисоки сметки. Се поставува прашањето каде ќе имаме поскапувања“, изјави Димитриеска-Кочоска.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет58 минути

Ако Баку користи турски авиони „Ф-16“ – Ереван ќе ги користи ракетите „Искандер“

Ерменскиот амбасадор во Русија, Вардан Тогањан, изјави дека Ереван ќе користи ракети „Искандер“ доколку Баку употреби турски ловци „Ф-16“ во...

Свет1 час

Ерменија бара итна реакција од Европскиот суд за човекови права

Ерменија итно реагираше до Европскиот суд за човекови права од кого побара привремени мерки против Азербејџан, каде што траат борбите...

Македонија2 часа

Јанкулоска спроведeна во затворот „Идризово“

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска од нејзиниот дом е спроведена во затворот „Идризиво“, потврдуваат од МВР. Таа треба да...

Македонија3 часа

Јанакиески до судот: Дали треба да се најде жртвено јагне за да ја понесе одговорноста за постапките на Груевски?

„Ниту сум прифатил, ниту сум дал насоки, ниту сум поттикнувал“, вели обвинетиот ексминистер Миле Јанакиески во завршните зборови на рочиштето...

Македонија7 часа

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија7 часа

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Регион8 часа

Црна Гора го враќа полицискиот час во некои градови

Со оглед на екстремно распространетиот локален пренос на коронавирус, големиот број случаи во болниците и огромниот притисок врз здравствениот систем,...

Свет8 часа

(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот. Москва, Вашингтон и...

Свет8 часа

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува короната

Властите во Пекинг апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемијата Ковид-19 бидејќи примероците...

Македонија10 часа

Притвор за десеттемина дрвокрадци кои претепаа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион11 час

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Економија11 час

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија12 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија24 часа

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија1 ден

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион1 ден

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет1 ден

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет1 ден

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ1 ден

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија1 ден

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Досие