Контакт

Економија

ССК: Технолошка конкурентност за поголем извоз

Објавено пред

Унапредување на техничко-технолошките капацитети на компаниите е предуслов за развој на нови и постојни производи сè со цел зголемување на нивната конкурентност, извоз, како и освојување нови пазари, беше истакнато на денешната прес-конференција на Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССК).

Трајан Ангелоски, член на УО, Индустриската комора во Сојузот, со водечка компанија со долгогодишно искуство во областа на машинството и индустријата, рече дека услов да се постигне тоа е полесен пристап до финансиски средства во насока на обновување машини со современа и висока технолошка вредност заради добивање краен производ со поголема додадена вредност.

„За поголем развој на индустриското производството и финализирање  производи со поголема додадена вредност, потребен е специјализиран план за развој, а врз основа на него да се изработи стратегија за извоз на македонски производи на странските пазари во контекст на спогодбите и договорите на ЦЕФТА и Светската трговска организација. Паралелно како континуиран процес треба да се посвети внимание на креативноста, мотивацијата и усовршување на квалитетните кадри, кои ќе влијаат на зголемување на продуктивноста кај домашните компании, кои се двигатели на економскиот раст“, изјави Ангелоски.

Тој додаде дека од посетите на саемските манифестации и бизнис-форумите годинава во најзначајните светски економски центри во Европа и Азија, како Германија, Италија, Јапонија, Кина, очигледен е трендот на нужната потреба од следење на техничко-технолошкиот развој. Нагласи дека е потребна поактивна соработка со високите и стручните образовни институции со цел теоријата и праксата да се преточат во знаење, што ќе продуцираат висока продуктивност, рентабилност и економичност во работењето на компаниите.

„За компаниите, покрај искусен, потребен е и нов кадар, кој ќе придонесува за развој на новите технологии. Ваквата соработка значи чекор понатаму во создавањето генерации млади луѓе подготвени да се справат со предизвиците на современото бизнис-опкружување. Заедничкото дејствување на образованието и бизнисот треба да имаат цел надградување на стекнатото знаење преку практични примери од секојдневното работење. Младите студенти, кои понатаму ќе бидат дел од пазарот на труд, треба да имаат навремена подготовка за успешно интегрирање. На тој начин ќе можеме да градиме современи и економски силни компании“, рече Ангелоски и додаде доколку сакаме да се приклучиме кон земијите со висок технички технолошки развој, потребно е минималниот процент на раст да изнесува од 7 до 9 отсто на годишно ниво и таквиот тренд да се одржува во континуитет од 5 до 10 години.

Економија

Практикантите ќе добиваат надоместок од 42 до 74 отсто од минималната плата

Објавено пред

Владата на 107. седница го усвои и до Собранието ќе го достави предлог-законот за практиканство. Законот ќе овозможи целосно да се искористи потенцијалот на практичната работа, како и голем број млади невработени лица без практично искуство одреден временски период да реализираат практична работа во реални услови, со што тие ќе станат поконкурентни и полесно потоа ќе се вклучат на пазарот на трудот.

Предлог-законот предвидува практикантот за време на практичната работа кај работодавецот да добива месечен надоместок, и тоа: од 42 до 74 отсто од минималната нето-плата за практикантска работа до три месеци и во висина на минималната нето плата за практикантска работа над три месеци.

Прикажи повеќе...

Економија

Кинески суд ја забрани продажбата на повеќе модели на „ајфон“

Објавено пред

Кинески суд наложи забрана за продажба на повеќе постари модели на „ајфон“ во Кина поради спорот кој производителот на чипови „Куалком“, инаку кинески добавувач, го води против „Епл“ во врска со патентите.

Судот во кинескиот град Фуџоу, според соопштението на „Куалком“, утврдил дека „Епл“ во два случаја го прекршил Законот за заштита на патенти кои се во сопственост на „Куалком“, поради што е наложена итна забрана на постари модели на „ајфон“, од 6с до Х, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Ова предизвика пад на акциите на „Епл“ и создаде нова неизвесност за компанијата во време кога таа се соочува со проблем поради намалената побарувачката за новите модели на „ајфон“.

Од „Епл“ соопштија дека сите модели на „ајфон“ остануваат во продажба во континенталниот дел на Кина и дека до судот е доставено барање за повторно разгледување на овој случај.

„Напорите на ‘Куалком’ да забрани наши производи се само уште еден очајнички чекор на компанијата чија незаконска работа е под истрага на регулаторите ширум светот“, соопштија од „Епл“.

Прикажи повеќе...

Економија

Цуклев: Прогресивниот данок не прави разлика меѓу вреден професор и некој што поседува викендички и дуќани

Објавено пред

Дали е богат ИТ-инженер, универзитетски професор или менаџер во ТИРЗ зона, наспроти група луѓе кои стекнале капитал на различен начин во минатото, праша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Цуклев, на комисиската расправа во Собранието за воведување прогресивен данок.

Од опозицијата преку амандмани бараат да не се воведува прогресивен данок, туку да остане рамното оданочување, посочувајќи дека тоа е подобро и за спречување на сивата економија, но и за пофер оданочување.

„Немате мерило кој е богат. Оваа решение не прави никаква разлика помеѓу професор кој заработил со пот 100 000 денари и оној што поседува викендички и дуќани. Велите ќе инкасирате од богатите 25 милиони евра во буџетот по овој основ. Тие пари во 2017 секако беа собрани. Се знае, имаше покачување 15 отсто за оние кои даваат имот под закуп. Нема никаков фискален ефект“, рече Цуклев.

Пратеникот Цуклев ова го образложи откако беа отфлени двата амандмана, едниот да остане рамен данок, а вториот да не се оданочуваат прогресивно, односно со 18%, доходите кои граѓаните ги заработиле по основ на плати или продажба на земјоделски продукти.

Тој зборуваше дека ова решение негативно ќе се одрази и врз странските инвеститори и врз зголемувањето на вработувањето.

„Ако рамниот данок беше адут во ракавот за привлекување странски капитал, сега веќе го немаме“, додаде тој.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се намалила сиромаштијата при што наведе дека во 2006 имало 434 илјади формално вработени наспроти во 2016 кога се искачил на 590 илјади со рамниот данок. Исто така се намалил и бројот на неформално вработени од 174, на 133 илјади, што покажува дека се намалила сивата економија, наведе пратеникот.

За министерот за финасии, Драган Тевдовски, овие тези не се прифатливи и тој остана на ставот дека 1% биле богати во државата со примање од 4.300 евра, наспроти останатите, кои, според анализите на Министерството за финансии, биле со примања меѓу 380 и 280 евра.

Во врска со ова прашање, поднесни се 22 амандмани, најголем дел од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. На комисиската расправа се дебатира по законот за личен доход кој предвидува прогресивно оданочување од 10 на 18 отсто за оние кои оствариле приход од над милион денари на годишно ниво. На расправата во Собранието ѝ претходеше јавна расправа, на која во однос на оваа тема остро реагира претставници на бизнис-заедницата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа59 минути

Пукање во Стразбур – еден загинат и шестмина повредени

Едно лице загина, а шестмина се повредени во пукање во центарот на Стразбур во близина на плоштадот Клебер, каде што...

Свет3 часа

(Видео) Бразил: Вооружен маж пукал во верници во катедрала – шестмина мртви

Вооружен маж пукал во верници во катедрала во близина на Сао Пауло на југот на Бразил, при што убил пет...

Бегството на Груевски4 часа

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните...

Крвав четврток5 часа

Села: Претседателите на партиите што не присуствуваа на 27 април, најверојатно, се и организатори

„Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток5 часа

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видеонадзор

Судењето за крвавиот четврток, по паузата, продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Крвав четврток7 часа

Кој е тој Душко и кои се сите тие од МВР што треба да знаат, Кацарска го праша Трајко Вељаноски

Во кривичниот суд попладнево продолжи испитувањето на поранешниот претседавач на Собранието, Трајко Вељаноски, во својство на сведок предложен од обвинетиот...

Крвав четврток8 часа

Игор Југ го праша Вељаноски за албум на „Металика” – Дали политичарите беа господарите, а ние што скапуваме по затвори сме куклите?

Обвинетиот Јане Ченто, пред да му постави прашање на експретседавачот на Собранието Трајко Вељаноски, рече дека некои калкулираат со човечки...

Македонија9 часа

(Видео) Клинички со закана до Шилегов поради поскапиот паркинг за вработените

Платите на вработените во Клиничкиот центар неодамна им беа зголемени за околу 5 отсто, а вчера градоначалникот на Град Скопје,...

Македонија10 часа

(Видео) Димовски до Тевдовски: Престанете со арогантниот однос кон Собранието

Министре Тевдовски, до кога ќе го практикувате овој арогантен однос кон Собранието? Ја напуштате дебатата без збор. Со овие зборови...

Крвав четврток10 часа

Немате поим што се случувало на 27 април, му кажа обвинителката на сведокот кој го предложи Душко Лазаров

На денешното рочиште за судењето за 27 април прв од дополнителните сведоци сведочеше Тони Алексовски, сведок кој го предложи обвинетиот...

Македонија10 часа

На судењето за „Тортура“ се емитуваат телевизиските прилози од 2011

На денешното рочиште за случајот „Тортура“, во кој првообвинет е Сашо Мијалков, во судот се презентираат снимки од дневникот на...

Македонија12 часа

(Видео) Активистката Моника Ристеска осудена на две години условна казна

Активистката Моника Ристеска денеска на првото судско рочиште беше осудена на две години условна казна за сторено кривично дело „неовластено...

Европа12 часа

Туск: В четврток самит на ЕУ за брегзит, нови преговори нема

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера изјави дека за в четврток, на првиот ден од самитот на ЕУ во...

Свет14 часа

Руската шпионка Марија Бутина уапсена во САД призна вина

Марија Бутина, која е обвинета од американските власти дека е руски шпион и дека се обидува да влијае на политиката...

Економија14 часа

Од денеска поевтини горива на бензинските

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинија за 1,5 денар, а дизелот за 2,5 денари. Со новата одлука на Регулаторната комисија...

Европа1 ден

(Видео) Макрон најави зголемување на минималната плата и даночни олеснувања

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во долгоочекуваното обраќање до јавноста вети зголемување на минималната плата и даночни олеснувања в година....

Македонија1 ден

Вработени во Министерството за локална самоуправа биле ангажирани како експерти и добиле 36.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против четири лица, и тоа Љирим Шабани, поранешен министер...

Македонија1 ден

Кривична пријава против Тодоров и Кралев – осомничени се дека го оштетиле буџетот за 80.000 евра

Поранешните министри за образование и наука, Никола Тодовор и Панче Кралев, се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластувањето...

Македонија1 ден

Имотот на Камчев во Русија, Бугарија и на Бахамите – пречка да излезе од притвор

Фирми во Русија, Бугарија, Холандија, Косово, Србија и Хрватска и офшор компании во даночните раеви се само дел од имотот...

Македонија1 ден

Советот одлучи: Вработените на клинички ќе плаќаат двојно поскап паркинг

Советот на Град Скопје на денешната седница ја усвои Одлуката за изменување и дополнување на ценовникот на услугите што ги...

Досие