Контакт

Економија

ССМ потсетува дека минималната плата од јули е зголемена на 14.934 денари

Објавено пред

Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека минималната плата е зголемена и од јули и изнесува 14.934 денари. Во неа не се вклучени, туку дополнително се пресметуваат додатоците и надоместоците на плата.

„Важно е денеска, на последниот ден од месец јули, да ги потсетиме работодавачите дека треба да ги  пресметуваат платите по новата утврдена минимална плата. Не смееме да дозволиме повторно да нè изиграат како со субвенциите за платите“, вели Дарко Димовски, претседател на Сојузот на синдикати на Македонија.

Од Синдикатот нагласуваат дека праксата од страна на несовесните работодавачи да ги вклучуваат во минималната плата надоместоците и додатоците мора веднаш да запре.

„Подучени од нечесните игри од некои несовесни и алчни работодавачи, бараме надлежните инспекциски органи веднаш да ги казнуваат сите несовесни и алчни работодавачи, очигледно само на тој начин може да се воспостави ред и почитување на законите, а истовремено и јавно да ги објавуваат нивните имиња со цел работниците да бидат информирани. За сите оние газди за кои нема да бидат преземени соодветни мерки и ќе бидат скриени од надлежните институции, како за исплатата на минималната плата така и за исплатата на финансиската поддршка од државата, по пријава на работниците, ССМ ќе поднесе кривични пријави по член 166 од Кривичниот законик против секој еден алчен газда, во името на работниците поради тоа што името и презимето на секој еден работник кој ќе се обрати до ССМ е Сојуз на синдикатите на Македонија“, велат од ССМ.

Од таму посочуваат дека зголемувањето на минималната плата треба да биде основа за скалесто зголемување на сите плати на работниците, што може многу лесно да се случи преку почитување на колективните договори.

Минималната плата пред јули беше 14.500 денари.

Економија

Мицкоски: Банкарскиот и финансискиот сектор тонат, а власта се бори за фотелјите и бизнисите

Објавено пред

Покрај секојдневните театри на Зоран Заев и СДСМ за формирањето на парламентарното мнозинство, покрај секојдневното занимавање на власта со помалку или повеќе пикантерии, жолт печат и неосновани обвинувања, животот станува сè потежок, а економијата влегува во сè потешка, поакутна фаза. Ова го изјави на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како што рече, додека власта ги обвинува граѓаните за повисока цена на струја и ги прекорува дека плаќале повеќе за интернет и телефонија, стотици луѓе живеат со помалку од 50 денари дневно.

„Повисоките цени на електрична енергија не само што го оптоваруваат животниот стандард туку директно ги прават луѓето посиромашни. И бидете сигурни, зад повисоката цена на електричната енергија седат бизнис-интереси на семејството на власт, со што подетаљно ќе се занимаваме следниве денови. Она што вистински загрижува е што Владата веднаш по изборите економијата ја доведе во колапс. И тоа е последица на серијата погрешни одлуки, на нерационалното трошење на евробврзницата насочена кон досега најголемиот институционален поткуп за време на изборен процес. Цената се плаќа денес. Бизнисот тоне. Банкарскиот и финансискиот сектор е пред распад. А власта целокупната енергија ја насочува кон зачувување на своите фотелји и бизниси“, изјави Мицкоски.

Тој оцени дека Македонија е во економска криза, која е најдлабока досега. Во период од шест месеци индустриското производство во споредба со истиот период од 2019 година бележи пад од цели 14,6 проценти, рече Мицкоски. Во истиот период, како што посочи, бројот на работниците во индустријата е намален 4,4 % во споредба со лани.

Во однос на стоковата размена со странство, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека извозот за шест месеци бележи  опаѓање од цели 22,3 %, а увозот цели 18,1 %.

Тој спомена и дека државниот долг од 4,5 милијарди евра пораснал 982 милиона евра, или тоа е 8,9 % од претпоставениот раст или претпоставенатa вредност на БДП на крајот од годината во период од три месеци. Јавниот долг, пак, е зголемен од 5,56 милијарди евра на 6.527 милијарди евра, или цели 967 милиони евра, со тоа што јавниот долг е зголемен 8,8 % номинално во однос на домашниот бруто-производ, кој на крајот од годината треба да изнесува приближно 11 милијарди евра, додава Мицкоски.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Tошиба повеќе нема да произведува компјутери и лаптопи

Објавено пред

Јапонскиот технолошки гигант „Тошиба“ го продаде последниот удел во својата филијала за производство на лаптопи и компјутери „Динабук“, што значи дека веќе нема да ги произведува.

Компанијата „Шарп“ во 2018 година купи 80% од филијалата на Тошиба  за 36 милиони долари и сега го презеде и преостанатиот удел.

Првиот лаптоп на Тошиба произведен во 1985 година беше „T1100“ и тежел четири килограми. Работел со „флопи“ диск.

„Тошиба“ продаде повеќе од 17 милиони компјутери во 2011 година, но продажбата падна на 1,9 милиони до 2017 година. Во текот на 2016 година, „Тошиба“ веќе не произведуваше лаптопи за европскиот пазар и вниманието беше насочено кон делови за компаниите.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕСМ: Дали ВМРО-ДПМНЕ се залага цената на струјата да биде повисока од новоопределената од РКЕ?

Објавено пред

Дали ВМРО-ДПМНЕ се залага цената на струјата да биде повисока од новоопределената од РКЕ?, прашуваат од „Електрани на Северна Македонија“ како реакција на обвинувањата изнесени од опозицијата.

„Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ се залага АД ЕСМ да не му ја продава на универзалниот снабдувач ‘ЕВН хоум’ целата електрична енергија што му е потребна за снабдување на граѓаните, туку само 75 %, а остатокот ЕСМ да го продава на слободниот пазар и да заработи повеќе. Дали во ВМРО-ДПМНЕ се свесни дека тоа значи оти универзалниот снабдувач ќе мора остатокот од 25 % да го докупи токму на слободниот пазар за многу повисоки цени? И дека тоа ќе значи драстично зголемување на цената на струјата? Дали ВМРО-ДПМНЕ се залага за двојно повисока цена на струјата за граѓаните?“, прашуваат од ЕСМ.

Додаваат дека е очигледно оти опозициската партија се занимава само со дневна политика и безидејни неконзистентни изјави, од кои никој во државата нема корист. Оттука, напоменуваат дека цената на АД ЕСМ е пониска 55 проценти од цената на струјата на слободниот пазар.

„Потенцираме и дека компанијата ги презема сите мерки за оптимизирање на производството и на трошоците, а во исто време спроведува инвестиции во обновливи извори од сопствени средства, кои ги обезбедува со своето работење, како и од поволни линии од светските финансиски институции, кои потоа редовно ги сервисира“, велат од ЕСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет15 минути

Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека рече дека има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирус во Русија...

Свет27 минути

Руската вакцина веќе ја бараат 20 земји

Откако рускиот претседател Владимир Путин објави дека е одобрена првата светска вакцина за Ковид-19, 20 држави побараа од Русија да...

Македонија44 минути

Бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Македонија надмина 12.000 лица

Од почетокот на пандемијата во земјата над 12.000 лица биле регистрирани позитивни на коронавирус. Вкупната бројка досега изнесува 12.083 случаи...

Македонија16 часа

Моделот за образовниот процес ќе се донесе по мислењето на Комисијата за заразни болести

Конечната одлука за начинот на кој ќе се спроведува наставата од септември ќе биде донесена врз основа на мислењето на...

Македонија16 часа

Автобусите отсега ќе можат да превезуваат поголем број на патници, одлучи Владата

Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На...

Европа16 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија16 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија17 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија19 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија19 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија19 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија21 час

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет22 часа

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија22 часа

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ22 часа

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Свет23 часа

Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе...

Свет24 часа

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите...

Свет24 часа

Русија подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирусот

Русија е подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирус, пишува Ентертејмент Тајмс. Рускиот кандидат за вакцината е вирусна векторска...

Свет1 ден

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа – Трамп веднаш е евакуиран

Членовите на тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На...

Свет1 ден

(Видео) Хаос во Белорусија – одекнуваа експлозии во Минск, едно лице загина

Во Минск синоќа повторно се одржаа протести против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Експлозии одекнуваа во центарот на градот, запален...

Досие