Контакт

Економија

ССМ смета дека е опасен предлогот за минимална плата за време не епидемијата

Објавено пред

Исплата на минимална плата за вработените во администрацијата и јавниот сектор претставува опасност и може да повлече исплата на минимална плата во целиот приватен сектор, смета Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Од Сојузот преку соопштение коментираат дека станува збор за процес со кој во овие услови тешко ќе се може справи македонскиот работник, а ниту еден инспекторат не ќе може да ја контролира таквата појава.

ССМ бара да бидат донесени пакет-мерките кои ги предлагаат и апелираат дека треба да се употребат сите расположливи ресурси да им се помогне на најранливите категории граѓани да ја преживеат кризата, а тоа се работниците, самохраните родители, самовработените, невработените, социјалните случаи, лицата со посебни потреби, кои треба да бидат приоритет на ангажманот на нашата држава.

„Здравствената криза не смее да премине во криза на пазарот на трудот и да биде надминувана на грбот на работниците преку незаконски кратења на нивните плати во овие моменти кога има покачување на сите цени на сите производи“, велат од ССМ во соопштението.

Од Синдикатот предлагаат мораториум на сите откажувања на договорот за вработување поради економски, организациски, технолошки, структурни или слични причини на страна на работодавецот (деловни причини) во период од 60 дена (мерка преземeна од страна на Италија за заштита на работниците и спречување злоупотреби од страна на несовесни работодавци, кои го користат овој тежок период за лични интереси).

Понатаму, се предлага исплата на платите, без нивно намалување со одлагање плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување, со тоа што во рок од 6 месеци по надминувањето на тешкотиите, односно вонредната состојба, тие ќе бидат уплатени во соодветните фондови.

ССМ предлага и одложување на плаќањето рати за кредити и репрограмирање за 6 месеци за сите работници, граѓани и компании од приватниот сектор.

„За јавниот сектор, предлагаме секоја мерка што ќе биде преземена да биде според Законот за работните односи, колективниот договор за јавниот сектор, во кој се нудат решенија за вакви ситуации“, велат од ССМ.

Гранските синдикати здружени во Сојузот на синдикатите на Македонија не прифаќаат донесување никаков сет мерки надвор од рамките на ЗРО и колективните договори од јавниот и приватниот сектор, со кои ќе се намалуваат платите на работниците во државата.

Економија

Peugeot 208 и SUV Peugeot 2008 добитници на престижното reddot-признание за дизајн

Објавено пред

Двата нови модели на Peugeot, Peugeot 208 и SUV Peugeot 2008, се добитници на престижното „reddot” признание за дизајн. Лавовскиот бренд победи во конкуренција меѓу 6.500 производи и ова е шестото признание за дизајн на Peugeot брендот.

Жирито беше фасцинирано од вертикалните предни LED светла во форма на лавовски заби, задните стоп LED светла во форма на лавовски канџи, многуте фини детали кај надворешниот и внатрешниот дизајн, револуционерниот 3D i-Cockpit и високото ниво на препознатливост.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Со 50,1 милион евра од Европската инвестициска банка ќе се поддржат малите и средните претпријатија

Објавено пред

50,1 милион евра од Европската инвестициска банка ќе се пренаменат за поддршка на малите и средните претпријатија, одлучи Владата на денешната седница.

Станува збор засубвенционирање на каматата спрема Европската инвестициска банка која ќе се пресметува на преостанатиот дел од заемот во износ од 50.962.187,00 евра одобрен со финансискиот договор, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти – V фаза, што беше склучен меѓу Европската инвестициска банка и Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, како и пресметаната камата од страна на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје.

„Примарна цел на оваа кредитна линија е обезбедување свеж капитал за поддршка и за надминување на проблемите кои произлегуваат од новонастанатата состојба со појава на коронавирусот Ковид-19 кој директно го погодува работењето на малите и средните претпријатија, во насока на мерките за стимулирање на работењето на мали и средни претпријатија преку пронаоѓање на модалитети за стимулирање на процесот на производство, обезбедување ликвидност на претпријатијата, зачувување на работните места, како и задржување на конкурентната позиција на компаниите“, велат од Владата.

На оваа седница Владата ја усвои Информацијата за потребата од редизајнирање на Кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) и Кредитната линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија со цел ставање на средствата од овој фонд и кредитна линија во функција на намалување на последиците од коронавирусот Ковид-19, со препорака Развојната банка на Северна Македонија олеснетите услови да ги примени во Јавниот повик во најкраток можен рок.

Владата ја разгледа и усвои Информацијата за пренос на дополнително прибрани средства од Компензационите фондови од странска помош од сметките на Министерството за финансии во Народна банка на Република Северна Македонија на сметките на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.

На оваа седница Владата ја донесе Уредбата со законска сила за финансирање на организирање и реконструкција на јавните површини во просторот на клинички центар „Мајка Тереза“, Скопје за време на вонредна состојба согласно која се утврдуваат финансиски средства во висина од 78.000.000,00 денари за обезбедување на поефикасно функционирање на клиничкиот центар „Мајка Тереза“, за овозможување на укажување на здравствени услуги, пренесување и транспорт на пациенти заболени од заразната болест коронавирусот Ковид-19 и непречено функционирање на останатите клиники во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во услови на зголемен обем на работа за време на вонредна состојба.

Според Член 2 од оваа уредба, финансиското учество на Владата на Република Северна Македонија е за трошоци за реконструкцијата на улици и тротоари, пробивањето нови влезови, одвојување на автомобилскиот и пешачкиот сообраќај и непречено движење на интерхоспиталните и интервентните возила и возилата на Итна медицинска помош, докторите и пациентите на клиниката, како и расчистување на јавните површини на просторот во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје.

Средствата утврдени со оваа уредба Министерството за финансии ќе ги префрли на Град Скопје, кое ја реализира реконструкција на јавните површини во просторот на клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје, во координација со Јавните претпријатија основани од Градот Скопје.

На оваа седница е донесена и уредбата со законска сила за примена на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, со која полагањето на испитот за советник за безбедност при превоз на опасните материи и на испитот за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи се одложува за време на траењето на вонредната состојба, и со која важноста на сертификатите за стручно оспособување на советник за безбедност при превоз на опасните материи и за стручна оспособеност на возачите на моторни возила за превоз на опасни материи чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траење на вонредната состојба.

На предлог на Министерство за транспорт и врски, на седницата е донесена и уредба со законска сила за примена на Законот за превоз во патниот сообраќај, согласно која полагањето на испитот за професионална компетентност на лице одговорно за превоз и на испитот за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен патен сообраќај се одложува за време на траењето на вонредната состојба и со која важноста на сертификатите за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен патен сообраќај чиј рок на важење е истечен, се продолжува за време на траење на вонредната состојба.

Прикажи повеќе...

Економија

Мисајловски: На компаниите, фирмите и малите бизниси им е потребна брза финансиска инекција

Објавено пред

Државата мора под итно со финансиски инјекции да им помогне на сите компании, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешниот Live chat на тема: „Вашите проблеми, заеднички до решенија“.

Тој кажа дека владините мерки се всушност скриени мерки, бидејќи нема директно да се одразат во компаниите, туку тие средства ќе треба да си ги исплатат во друг рок.

„Ние предлагаме тоа да се случи со 50 проценти бруто-плата, но владата нема слух за тоа, туку прави некои мерки кои немаат некој бенефит за тие компании. Зборуваме за илјадници работни места. Затоа многу држави во светот се задолжуваат во моментов. И тоа треба државата да го направи што побрзо затоа што треба да се земат евтини средства. За компаниите да ги задржат вработените и да им дадат плата. Друг проблем е тоа што тие компании незнаат ни дали ќе имаат пласман, бидејќи се затворени границите. Исто така, владата мора да ги реализира капиталните инвестиции што ги има во моментов. Институциите имаат земено средства со кредити, кредити за патишта и слично. Доколку ова започне да се реализира, ќе оживеат дваесет и неколку гранки. Тоа се дополнителни средства што не се во буџетот, туку се средства преку меѓународни транши. И сите средства што ги имаат општините, може да ги вбризгаат. Може да се работи по 21 часот, кога сите се дома, да се асфалтираат улици, и така натаму. И тоа се дополнителни средства што на економијата веднаш ѝ требаат. Владата мора да почне да ги слуша граѓаните, кога гледаат дека сите мерки што ги донесоа наидоа на отпор од народот“, вели Мисајловски

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 минути

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Свет24 минути

Новите проценки покажуваат дека 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирус биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25...

Македонија58 минути

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени од еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирус наместо да биде во строга...

Македонија1 час

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање на пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број на пациенти којшто се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на...

Македонија2 часа

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион2 часа

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирус, со која...

Свет3 часа

ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи...

Македонија3 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево 47

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри, а во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет3 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава3 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет5 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија16 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија17 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија19 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија20 часа

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Македонија21 час

Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба, ќе може да останат дома цело време додека...

Македонија22 часа

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија

Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура...

Економија22 часа

Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата за време на кризата...

Македонија22 часа

Нов смртен случај на коронавирус во земјата, позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Економија22 часа

Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат укинати, банкарскиот сектор треба да биде стабилен

Банките ќе пресметуваат камати на одложените кредити за да се овозможи нормално функционирање на банкарскиот сектор. Министерката за финансии, Нина...

Досие