Контакт

Економија

Стартува ослободувањето oд персоналец и данок на добивка за погодените фирми

Објавено пред

Даночните обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејност и обврзниците на данокот на добивка можат да бидат ослободени од плаќање аконтации, со цел задржување на поголема ликвидност и премостување на првите ефекти од коронакризата. Оние кои ќе поднесат барање до Управата за јавни приходи имаат право да бидат ослободени од плаќање месечни аконтации за март, април и мај 2020.

Користење на оваа мерка можат да побараат даночните обврзници согласно Националната класификација на дејности од угостителската дејност (шифра 56- дејности за подготовкa и служење на храна), туризам (шифра 79-туристички агенции, организатори на патувања и останати резервациски услуги, како и дејности поврзани со нив и шифра 55-објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-копнен транспорт. Шифра 50-воден транспорт и шифра 51-воздухопловен транспорт).

Исто така, оваа мерка можат да ја користат и други даночни обврзници, кои имаат претрпено штети во работење поради здравствените мерки за спречување на ширење на Ковид-19, доколку исполнуваат еден од следните услови:

-вкупните проходи им се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 или намалувањето на вкупните приходи од 2020 година е повисоко од 40% во однос на истиот период лани;
-бројот на вработени кои не работат, односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник – работодавач изнесува најмалку 25% од вкупниот број на вработени во месец февруари
-даночниот обврзник затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува профитот.
Даночните обврзници – правни лица за да ја користат оваа мерка треба да ги исполнуваат следните услови:
– – Да не го намалат бројот на вработени од денот на влегување на сила на уредбата (26 март 2020) до три месеци по престанување на нејзината важност- освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.
– Да не исплатува дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, до денот на траењето на ослободувањето
Даночните обврзници- физички лица кои остваруваат доход од вршење самостојна дејност за да ја користат оваа мерка треба да го исполнат следниот услов:
– Да не го намалат бројот на вработени од денот на влегување на сила на уредбата (26 март 2020) до три месеци по престанување на нејзината важност- освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.

Доставувањето на барањата ќе се одвива преку системот е-пдд за обврзниците на данокот на личен доход, односно е-даноци за обврзниците на данокот на добивка, а приемот на барањата преку системите го потврдува Управата за јавни приходи во рок од 15 дена од доставување на барањето.

Економија

Фондот за иновации додели финансиска помош на 87 компании

Објавено пред

Вкупно 87 компании, кои планираат да реализираат проекти во вредност од околу 3 милиони евра, се избрани во финалната селекција од повикот за ко-финансирани грантови за брзо прилагодување од Ковид-19, соопштија денес на прес-конференција во Владата, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.

Овој инструмент е дел од третиот сет на мерки кој Владата го усвои за поддршка на граѓаните и стопанството, а за полесно надминување на социо-економската криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19.

„Преку овој модел ФИТР обезбедува поддршка до 70% од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 3.000.000 денари. Вкупниот број на компании кои аплицирале на повикот се 171, а одобрени предлог проекти, по финалната селекција се 87. Износот на инвестициски циклус за реализација на сите овие 87 проекти изнесува приближно 3 милиони евра, од кои побарани средства од ФИТР се во висина од 1,7 милиони евра, а средства од сопствено ко-финансирање се 1.3 милиони евра“, информираше вицепремиерот Битиќи.

Директорот на ФИТР, Јован Деспотовски, кажа дека оваа листа на компании може да се зголеми бидејќи на барање на Фондот, Комитетот за одлучување на инвестиции веќе им достави мислење на компаниите од финалната фаза, а кои не се на оваа листа, за кое може да се произнесат, а со тоа добиваат можност за повторно разгледување, по што ќе биде донесена конечната одлука за финансирање.

Повеќе од половина, односно 52% од овие компании се раководени од жени, а зголемен е и бројот на компании со седиште во помалку развиените региони. Споредено со претходните повици, регистриран е пораст во источниот (13%) југоисточниот (11%), вардарски (8%) и полошкиот регион (3%).

Инаку, од 87 компании кои ќе бидат финансирани во првиот циклус 66 компании, односно 76% по првпат аплицираат во Фондот, 15% по втор или повеќе пати без претходно добиена поддршка, додека само 9% се претходни корисници на средства.

Инвестициските планови на овие компании се однесуваат на воведување на нови технологии во работењето со што се зголемува конкурентноста и ефикасноста, како и за зголемена заштита и работа во услови на пандемија.

Најголем дел од нив се од областа на здравството 21%, продажба и трговија (14%), ИТ (10%), но и категориите како машинство, креативната индустрија, угостителство и текстилната индустрија. Според анализите во најголем дел се работи за мали (52) и микро (29) компании, како и 6 средни претпријатија. Овие компании вработуваат околу 1.296 лица и се очекува да ги реализираат своите инвестиции во следните 12 месеци.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Владата ќе одвои дополнителни 4 денари за килограм предадено грозје наменето за преработка

Објавено пред

Mинистерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, заедно со градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, имаше работен состанок во Кавадарци со претставници на здруженијата на лозарите и винарските визби.

На состанокот министерот информираше за новата дополнителна интервентна мерка за откуп на грозје, која претходниот ден беше договорена на состанок со владиниот економски совет, на кој беше присутен и премиерот Зоран Заев.

Со оваа дополнителна интервентна мерка Владата ќе одвои допплнителни 4 денари за килограм предадено грозје наменето за преработка, а средства ќе се обезбедат од ковид-програмата на Владата.

„Освен мерките кои ние ги предложивме претходно, за да се достигне ланската цена на грозјето и поддршката за извозот на флаширано и наливно вино, која беше наменета за супституција во транспортот, денес ја претставивме и новата мерка која ја преземаме поради квалитетот на грозјето кое има под 18 малигани, ние дополнително како Влада ќе помогнеме со дополнителни 4 денари за тоа грозје кое не е наменето за вино, туку ќе има друга намена, како на пример за вински дестилат или за концентрат за сокови“ – изјави министерот Хоџа.

Претходно договорените 2 денара за вранецот и смедеревката остануваат да важат и ќе бидат исплатени од Програмата за директни плаќања и 2 денара субвенција за откупено грозје, средства кои ќе бидат исплатени до крајот на оваа година преку владината ковид-програма. Остануваме на супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино и 30 проценти супституција за флашираното вино.

Дополнително за извозот, за откупени до 12 милиони килограми државата ќе субвенционира 2 денара, ако се откупени и извезени надвор од државата помеѓу 12 и 25 милиони килограми ќе добијат 3 денари, а ако откупат и извезат повеќе од 25 милиони килограми ќе добијат 4 денари субвенција.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува да работи во интерес на сите чинители на секторот. Со заеднички труд и заложби ќе продолжиме во насока на стабилно, конкурентно и развиено земјоделство.

Прикажи повеќе...

Економија

Во тек е реализација на грант од Јапонија за набавка на медицинска опрема

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда.

Повод за средбата беше реализацијата на грант за медицинска опрема во неколку јавноздравствени установи. Со овој грант дополнително ќе се зајакнат капацитетите во установите. Процесот на реализација е во тек, а ќе се финишира во наредниот период.

„Јапонија е нашиот голем и искрен пријател. Се заблагодарувам за целокупната поддршка во овие изминати години во осовременување и унапредување на здравствениот сектор. Тие се со нас и во овие моменти кога се справуваме со пандемијата предизвикана од Ковид-19. Во јуни, преку итна неповратна помош, од Амбасадата на Јапонија во партнерство со УНОПС го добивме лекот ‘авиган’ наменет за 100 пациенти заболени од Ковид-19“, нагласува министерот Филипче.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

Пакет со отров испратен до Доналд Трамп

Пакетот, кој содржи отровен рицин, е испратен до претседателот Доналд Трамп, пренесува „Си-ен-ен“.Двајца полицајци го пријавиле случајот. Извршени се два...

Свет5 часа

Борис Џонсон: Доаѓа вториот бран на епидемијата

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека вториот бран на епидемија на коронавирус пристигнува во Велика Британија. Говорејќи во центарот за...

Култура7 часа

„Браќа Манаки“ во Битола – годинава без црвен тепих, но традицијата продолжува

Претседателот Стево Пендаровски вечерва, во Пациото на НУ Завод и музеј Битола, присуствуваше и се обрати на 41. Издание на...

Свет7 часа

Хаос во Лондон поради рестриктивните мерки: судири меѓу полицијата и демонстрантите

Полицијата во Лондон се судри со демонстрантите против рестриктивните мерки насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Повеќе од 1.000...

Топ7 часа

Едно лице загина во возило кое излета на патот Неготино – Кавадарци, повредени уште тројца од семејството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со ОВР Неготино, изврши увид на лице место, каде денеска во...

Регион9 часа

Стотици луѓе на Парадата на гордоста во Загреб, бараат промена на Уставот

Стотици луѓе се собраа на плоштадот Свети Марко во Загреб, каде се одржува 19. Парада на гордоста. Учесниците на Парадата...

Македонија10 часа

Шестмина починати и 140 нови случаи на Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Регион10 часа

(Видео) Ураганот донесе поплави и однесе два животи во Грција

Медитеранскиот ураган Јанос, кој ја погоди централна Грција денеска, однесе два животи, предизвикувајќи поплави и материјална штета. Two dead, one...

Спорт10 часа

Ѓоковиќ кршеше рекети, судијата го нарекуваше Федерер, но влезе во полуфинале

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со судни маки успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим, откако...

Македонија11 час

(Видео) Како ќе изгледа враќањето на училиште: на секое дете ќе му се мери температура, маските ќе се вадат само за време на оброкот

Министерството за образование и наука во соработка и со поддршка на УНИЦЕФ И УСАИД, изработи видео во кое на јасен...

Топ11 час

Приведен светиниколец за мачење на животни

СВР Штип – ОВР Свети Николе ќе поднесе кривична пријава против М.Е. од селото Ерџелија, Свети Николе, поради мачење животни,...

Македонија12 часа

Османи: Предизвиците со Бугарија иако делуваат жестоко, тие се надминливи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ги претстави приоритетите во неговиот мандат. Како прв и најважен приоритет Османи ги...

Свет13 часа

Се огласи Навални: Патот кон закрепнувањето е јасен, но долг

Рускиот опозиционер, Алексеј Навални, објави фотографија на „Инстаграм“ на која се гледа како се симнува по скали и напиша дека...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија16 часа

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија16 часа

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет16 часа

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија17 часа

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Свет17 часа

Европската агенција за лекови одобри употреба на дексаметазон за лекување на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на лекот дексаметазон за лекување на пациенти со Ковид-19 кои имаат проблеми со...

Топ18 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт18 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Досие