Контакт

Економија

Тајни купувачи во потрага по најдобриот угостителски објект во Скопје

Објавено пред

Град Скопје ја продолжува традицијата и по единаесетти пат избира „Најдобар угостителски објект меѓу најдобрите“.

„За реализација на овој проект избрани се 50 ресторани, 50 гостилници и 70 кафе-барови на територијата на градот Скопје, кои со вкупно 510 посети од независни и објективни тајни купувачи ќе бидат оценети според неколку критериуми: прв контакт со гостите, хигиена на објектите, изглед и хигиена на тоалетите, амбиент на објектите, услуга на келнерите, квалитет на храната и завршен контакт со гостите“, соопшти градот.

Врз основа на резултатите од истражувањето, ќе се изберат три најдобри ресторани, три најдобри гостилници, како и три најдобри кафе-барови кои постигнале највисок вкупен резултат на испитаните елементи на услугата.

На најдобрите ќе им биде доделено јавно признание во форма на плакета.

Овој проект се спроведува веќе единаесет години по ред и сè повеќе го буди интересот кај угостителите, но и кај јавноста. Целта на овој проект е да се разбуди свеста кај угостителите и кај граѓаните за важноста на квалитетот на услугата што се дава на клиентите во угостителската дејност, како и да се подигне општото ниво на квалитет во угостителските објекти на територијата на градот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Заев на средба со мисијата на ММФ: 2019 се очекува да биде година за раст на економијата

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев се сретна со шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во Македонија, Џесмин Рахман, којашто предводеше делегација на ММФ како дел од редовните годишни консултации што ММФ ги реализира.

„Оценките на ММФ во однос на економските перформанси на земјата се дека фискалната политика се движи во добар правец, обезбедена е макроекономска стабилност со добри перспективи во иднина и ја оценија пензиската реформа како добра за стабилизација на пензискиот систем. Она што ѝ е потребно на земјата, според препораките на ММФ, како најголем приоритет е зголемување на продуктивноста, преку обезбедување ефикасни институции и развој на нови вештини и знаења“, соопштија од Владата.

„ММФ е долгогодишен партнер на Република Македонија и многу добро ги познава сите аспекти во економијата. Особено ме радува фактот што ММФ констатира стабилизација на економски план. Започнавме процес на постепена фискална консолидација преку намалување на буџетскиот дефицит кој оваа година е проектиран на ниво од 2.5%. Во предлог-буџетот за 2019 предвиден е раст на БДП од 3.2%. Очекуваме во третиот и четвртиот квартал од 2018, па и во првиот квартал од 2019 растот да се интензивира. Приходите од наплата на даноците растат и тоа покажува дека економијата е раздвижена и приватниот сектор бележи добри резултати во работењето. Сите овие позитивни аспекти охрабруваат и очекуваме следната година да биде година на економијата“, порача премиерот Заев и додаде дека преку значајни вложувања во тренинзи, обуки и програми за дуално образование, за чие спроведување ќе помогнат и двајца советници од Сојузна Република Германија, ќе се работи на зголемување на продуктивноста.

Прикажи повеќе...

Економија

Граѓаните да внимаваат при нарачување на „Фејсбук“ – предупредуваат од Пазарниот инспекторат

Објавено пред

Државниот пазарен инспекторат на Република Македонија се стреми да ги следи трендовите, па така благодарение на соработката со Проектот на УСАИД за модернизација на инспекциските служби, се одржа обука на тема „Инспекцискиот надзор во е-трговијата во Република Македонија“. Инспекторите имаа можност да слушнат повеќе за е-трговијата, нејзиниот раст, развојот, но и предизвиците што ги носи таа за нив како институција.

Во изминатиот период од Државниот пазарен инспекторат велат дека се во пораст пријавите од измамени граѓани што извршиле купување преку интернет, особено преку социјалните мрежи од нерегистрирани трговци за разни производи или услуги. Она што го добиваат не соодејствува со она што го нарачале, а кога не можат да си ги остварат правата, се обраќаат до Државниот пазарен инспекторат за помош.

„Апелираме граѓаните да внимаваат од каде нарачуваат и да ги проверуваат и веб-страниците на тие фејсбук-страници од кои нарачуваат. Сè почести се претставките од оваа природа кога измамените купувачи потоа не можат да стапат во контакт со продавачот и да го вратат или заменат производот. Дополнително, кога вршат нарачки од меѓународни веб-продавници, треба да се свесни дека Државниот пазарен инспекторат нема надлежност над други меѓународни пазари надвор од територијата на Република Македонија за да може да презема понатаму мерки за решавање на таквите претставки“, велат од Државен пазарен инспекторат на Република Македонија.

Онлајн-купувањето е во пораст во земјата, сè повеќе граѓаните се охрабруваат да купат онлајн и да ги искористат придобивките од тоа, зголемениот избор и можности, подобри цени и удобност во купување 24/7. Но, во исто време треба да бидат внимателни во изборот од каде ќе купат. Во Македонија има околу 500 регистрирани активни е-трговци и се очекува значително зголемување на овој број, а со тоа и зголемување на понудата од домашните компании.

„Мило ми е што е-трговијата е ставена во фокус и во Државниот пазарен инспекторат. Една од главните теми на оваа обука беше токму справувањето, превенцијата и намалувањето на сивата економија во е-трговијата, која им пречи на сите регистрирани е-трговци што ги почитуваат регулативите, но и на самиот економски ситстем и буџетот на Република Македонија. Дополнително, мило ми е што имавме можност отворено да дискутираме со инспекциската служба во Инспекторатот за моментата регулатива за е-трговија и што има слух и отвореност за промени и соработка со реалниот секторот“, вели Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија и предавач на обуката.

На тема откривање и превенција на нелегална електронска трговија зборуваше и претставник од Министерството за внатрешни работи – сектор за криминал и дигитална форензика, кој истакна дека се отворени за соработка со Државниот пазарен инспекторат како државен орган со надлежност за контрола над домашниот трговски пазар и внатрешна трговија во Република Македонија, но и со реланиот сектор и граѓаните.

Прикажи повеќе...

Економија

МЗШВ: Откупени 20.000 тони индустриско јаболко за само еден месец

Објавено пред

Со цел производителите на јаболка да имаат рентабилно производство, Владата воведе нова интервентна субвенција за производителите на јаболка. Конкретно, производителите на јаболка што го предаваат своето производство кај регистрирани откупувачи што вршат извоз, добиваат субвенција од 3 денари за килограм предадени јаболка. Во период од носење на мерката, односно 12 октомври, до денес се откупени 20.000 тони јаболка. Ова докажува дека мерките на Владата и МЗШВ даваат реални резултати и вистински им помагаат на земјоделците.

Интервентната мерка за извоз на јаболка ќе биде активна до 25 декември. Според процените на МЗШВ, дотогаш би се откупиле и субвенционирале околу 50.000 тони јаболка.
Владата ја донесе оваа одлука со цел да им се излезе во пресерет на производителите на јаболка, особено во Преспанскиот Регион, кои претрпеа големи штети врз производството поради временските непогоди поради што има оштетување на родот што директно влијае врз економската вредност на јаболкото.

Министерството за земјоделството, шумарство и водостопанство изминатиов период презеде серија мерки за развој на овоштарството, вклучително и на производството на јаболка.
Во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството 20 отсто се зголемени субвенциите за одржување овошни насади за земјоделците со развоен потенцијал. Субвенцијата за предадено овошје во преработувачки капацитети за овошје е зголемена од 2 на 3 денари за килограм.

Паралелно, МЗШВ заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој работи на создавање услови за ефикасна искористеност на мерките од ИПАРД 2-програмата, кои вклучуваат инвестиции во преработувачки капацитети. Токму инвестирањето во преработувачките капацитети е важно за сигурен и непречен откуп на јаболката и заокружување на производството со финални производи со поголема додадена вредност.
Само за еден повик за ИПАРД 2, во кои спаѓаат и мерките за преработувачки капацитети, има склучено 940 договори со вредност од 17,6 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски10 часа

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Македонија15 часа

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија15 часа

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија15 часа

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски16 часа

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски17 часа

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија18 часа

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет18 часа

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Македонија19 часа

Заев потврди: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски...

Македонија19 часа

Заев: Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран?! Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие...

Бегството на Груевски19 часа

Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани...

Крвав четврток20 часа

Герговска до сведокот Коцевски на 27 април: Лицата за интервентни ситуации да бидат на готовс

Судењето за крвавиот четврток продолжува со репродуцирање СМС и фејсбук-пораки од одземениот и вештачен телефон на Сашко Коцевски, вработен во...

Македонија21 час

Заев го откажал ручекот кај Курц

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, ги повика на работен ручек в понеделник во Виена премиерите од земјите од Западен Балкан. Од...

Европа23 часа

Нова регулатива на Европскиот парламент – ако возот доцни, ви се враќаат парите

Со мнозинство гласови на пратениците, Европскиот парламент донесе Уредба за правата на патниците во железничкиот сообраќај. Според неа, доколку возот...

Бегството на Груевски1 ден

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија1 ден

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Бегството на Груевски1 ден

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија2 дена

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Бегството на Груевски2 дена

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија2 дена

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Досие