Контакт

Економија

Тевдовски и гувернерката Ангеловска-Бежоска на годишните средби на ММФ и Светската банка во Индонезија

Објавено пред

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ) во Индонезија.

Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и групацијата на Светската банка (СБ).

Во рамки на средбите, како што соопшти НБРМ, се закажани состаноци со извршниот директор на СБ, Френк Хемскирк, директорката за Југоисточна Европа на СБ, Линда ван Гелдер, потпретседателот на Светската банка, Сирил Мулер, извршниот директор на ММФ, Ентони де Ланој, директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, Пол Томсен, потпретседателите на ИФЦ, Џорџина Бејкер и Вибке Шломер, менаџерски тимови од инвестициски фондови и банки, како и со други високи претставници.

Годишните средби на ММФ и Светската банка се одржуваат секоја година. На средбите, на кои учествуваат министри за финансии и гувернери на централните банки на земјите членки, се дискутира за актуелните случувања во светската економија и на теми како намалувањето на сиромаштијата и потикнувањето на економскиот раст.

Економија

Сугарески: Над 100 милиони евра инвестиции за патишта во југоистокот

Објавено пред

Инвестициите во капитални објекти се реализираат како никогаш досега. Во моментот во овој регион реализираме инвестиции од над 100 милиони евра само во изградба и реконструкција на патишта, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, при денешниот увид во реконструкцијата на регионалниот пат Штип – Радовиш.

Како што потенцира тој, Министерството за транспорт и врски и ЈП за државни патишта се фокусирани на изградба на капиталните објекти.

„Особено очекувам драстично зголемување на капиталните инвестиции во вториот квартал бидејќи нема регион или место во државава каде што не се одвиваат градежни активности, било во патишта било гасификација, железници, комунални проекти или проекти што ги реализираат локалните самоуправи со сопствени средства“, посочи министерот.

Како што нагласи, за него, најважна е брзата динамика на изградба и реконструкција на патната мрежа.

„Само во Југоисточниот Регион во овој момент се реализираат инвестиции од над 100 милиони евра во изградба на патишта и според нашите проекции, ќе се завршат сите во рамките на договорените рокови“, изјави Сугарески.

Тој потенцира дека е завршена изградбата на магистралниот гасовод од Штип до Неготино, кој, како што рече, е многу значаен проект за целата држава.

Прикажи повеќе...

Економија

Dm и VISA подаруваат ваучери од 500 денари

Објавено пред

Само во dm дрогериите – со секоја сметка над 1.500 денари платена со било која VISA платежна картичка, освој dm вредносен ваучер во износ од 500 денари.

Само што мислевме дека сме виделе сѐ и дека не може да бидеме посебно изненадени, dm дрогериите, во соработка со VISA, ни приредуваат нова, интересна и пред сѐ исплатлива активност.

Почнувајќи од 12.6.2019, за секоја сметка направена во дрогериите на dm, чиј износ надминува 1.500 денари, а е платена со билоа која VISA картичка добивате вредносен ваучер од 500 денари. А да се потсетиме, во dm дрогериите можете да пронајдете повеќе од 14.000 производи за нега и убавина, производи за нега на мажи и бебиња, производи за хигиена во домот како и нега на алишта, природна козметика и органска храна.

Сè што треба да направите е список на потребни производи и да се упатите кон најблиската dm локација. Не заборавајте да ја понесете својата VISA картичка и да уживате во поволностите. Добиениот вредносен ваучер од dm ќе можете да го искористите кога и да посакате во било која dm дрогерија.

Побрзајте, бидејќи акцијата важи за првите 3.000 сметки над 1.500 денари платени со VISA картичка во период од 12.06 до 15.08.2019, односно до истек на залихите.

Одлична вест за сите љубители на dm дрогериите, зарем не. Но не само за нив. Сигурни сме дека и сите оние кои имаат VISA картички ќе се израдуваат на оваа интересна активност и ќе побрзаат да ја искористат оваа супер поволност која ни се нуди. Како најголем понудувач на дрогериски производи, сигурни сме дека во dm ќе можете да си најдете сѐ она што ве прави среќни и паметно ќе си ги искористите ваучерите.

Е па дечки, спремајте картиците и сите во шопинг.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

„Евросупер БС 95“ поскапува половина денар

Објавено пред

Бензинот „евросупер БС 95“ од ноќеска на полноќ ќе поскапи половина денар, а цените на „евросупер БС 98“ и на дизелот остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Со новата одлука малопродажната цена на „евросупер БС 98“ останува 69 денари за литар, на дизелот 60 денари за литар, а „евросупер БС 95“  ќе се продава 67 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,848 денари за килограм и новата цена изнесува 33,003 денари.

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток8 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија9 часа

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија13 часа

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија14 часа

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија15 часа

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија16 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски16 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион17 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести1 ден

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт1 ден

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести1 ден

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт1 ден

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет2 дена

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ2 дена

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет2 дена

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет2 дена

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет2 дена

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет2 дена

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Досие