Контакт

Економија

Тевдовски: Од годинава ќе стартува регистарот на вистински сопственици на фирми

Објавено пред

Годинава ќе стартува регистарот на вистински сопственици со кој ќе се евидентираат физичките лица, сопственици на правни субјекти кои ги поседуваат или контролираат фирмите, истакна министерот за финансии, Драган Тевдовски, на денешната работна посета на Управата за финансиско разузнавање. Оваа новина, велат од Министерството за финансии, е дел од новиот  Закон за спречување перење пари и финансирање тероризам, кој е согласно европската регулатива.

Министерот Тевдовски, исто така, истакна дека оваа и други мерки се во насока на зајакнување на капацитетите на институциите и борбата против корупцијата преку зајакнување на транспарентноста.

„Регистарот на вистински сопственици треба да претставува систем кој има за цел да ги направи транспарентни сложените сопственички структури и правни аранжмани, односно да го разоткрие скриеното сопствеништво. Имено, истиот треба да го бележи сопственикот, односно сопствениците на правното лице или оние кои имаат реална или друг вид контрола врз истото“, изјави Тевдовски.

Тој посочи дека Министерството за финансии пропишало правилник за регистрација во регистарот во кој е регулиран начинот на внесување, пријавување на вистински сопственици, изразување на уделот на сопствеништво, технички барања и начинот на одржување и администрирање.

Директорот на Управата за финансиско разузнавање, Блажо Трендафилов, истакна дека Македонија има значаен напредок во борбата против перењето пари и спречување тероризам. Ова го потврдува и реномираниот „Базелски институт“ во својот извештај за 2018 година.

„Македонија е една од земјите кои од 2018 година може да се пофалат дека се наоѓаат во листата на 10 земји во светот со низок ризик од перење пари и финансирање  тероризам, меѓу земји како Финска и Шведска. Република Македонија има напредок од преку 15 места на ранг листата на нискоризични држави во поглед на перењето пари и финансирањето на тероризам. За илустрација во извештајот за 2016 година Македонија била на листата на т.н. топ 10 најголеми губитници со зголемувањето на степенот на ризик“, рече Трендафилов.

Економија

(Видео) Костадинов: Рекордно ниво на инвестиции и повеќе пари кај граѓаните

Објавено пред

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов денеска посочи на пет клучни економски параметри, во насока на потврда дека земјата се движи кон  силна економија.

Како прв пример, тој се осврна растот на бруто домашниот производ од 3,7 проценти во последниот квартал од 2018 година. Рече дека во 2018 обезбеден е рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра, а како трет важен економски параметар посочи на индустриското производство во 2018, кое било највисоко во последните седум години, 5.4 проценти.

Дополнително, како што рече Костадинов, забележан е најголем раст на просечната плата од 8.1 отсто во декември 2018 година – 25.784 денари, а невработеноста се намалува, на историски најниско ниво под 20 проценти. За неполни две години, вели Костадинов, бројот на вработените е зголемен, а отворени се над 26 илјади работни места.

„Континуираниот раст на економијата, зголемувањето на инвестициите, индустриското производство, растот на платите и намалувањето на невработеноста покажуваат дека стратешки добро се поставени политиките, се движиме во вистинска насока“, изјави партискиот портпарол.

Додаде дека полноправното членство во НАТО дополнително ги поттикнува инвестициите и економскиот раст, а тоа влијае и на намалување на невработеноста во земјава.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Министрите Апостолска и Шапуриќ во Дубровник на регионалниот самит на претприемачи

Објавено пред

Министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, Зоран Шапуриќ учествуваа на шестиот „Регионален самит на претприемачи на Средна и Југоисточна Европа – 300 НАЈДОБРИ“, кој од 22 до 24 март 2019 година се одржа во Дубровник, Република Хрватска.

Во своето обраќање пред учесниците на самитот министерката Зорица Апостолска порача дека со зачленувањето во НАТО и цврстата определба за отпочнување на пристапни преговори со ЕУ, Владата на Република Северна Македонија внесе политичка стабилност и заедно со економските политики креира опкружување кое делува охрабрувачки за припадниците на бизнис заедница своите идеи да ги издигнуваат на повисоко ниво.

„Како Влада посветено работиме на поддршка на духот на претприемиштвото во нашата економија, нудиме поддршка, и тоа конкретна, финансиска, за сите кои воведуваат промени и иновации во економската активност, кои имаат креативни идеи. Претприемачкиот дух го поддржуваме во развивањето на нови механизми за освојување на пазари, за воведување на нови технологии и начини на организација на деловната активност“, рече министерката Апостолска, притоа нагласувајќи дека Владата и понатаму останува фокусирана на создавање на функционална и конкурентна пазарна економија.

Осврнувајќи се на вториот „Светски Конгрес на претприемачи“, кој во октомври годинава ќе се одржи во Скопје, министерката Апостолска нагласи дека како природна последица на позитивните трендови на препримништвото во Северна Макадонија произлезе и одлуката на Владата да ја прифати иницијативата на Меѓународниот економски форум – Перспективи, Република Северна Македонија да биде земја домаќин на овој конгрес, со уверување дека развивањето и унапредувањето на претприемачката култура и соработка е важна за развојот на економијата на секоја земја.

Министерот Зоран Шапуриќ говерејќи за значењето на државните институции во развивањето на соработка помеѓу бизнис заедниците од регионот, истакна дека нивната примарна задача е преку соработка со бизнис заедницата и стопанските комори да работата на создавање на поволна клима и регулатива која ќе ја стимулира и олеснува деловната активност.

„Државата и бизнисот потребно е да бидат партнери, да развиваат интерактивен дијалог во креирањето и реализацијата на политиките кои го олеснуваат регионалното економско поврзување помеѓу земјите“, рече министерот Шапуриќ, притоа нагласувајќи ја потреба од олеснување на прометот со стоки и услуги преку редуцирање на админситративните и царинските бариери во регионот на Средна и Југоисточна Европа.

„Добра работа за економијата е што земјите од регионот имаат јасно дефинирана цел за членство во ЕУ, дел од земјите се кандидати, а дел и веќе се полноправни членки на ЕУ, со што имаме стабилен политички амбиент за развивање и продлабочување на економската сорабоката“, рече Шапуриќ.

Шестиот „Регионален самит на претприемачи на Средна и Југоисточна Европа – 300 НАЈДОБРИ“ е во организација на Меѓународниот економски форум – Перспективи и на истиот земаа учество претставници на над 200 компании од регионот на Средна и Југоисточна Европа, вклучително и над 30 компании од земјава. Основната цел на одржувањето на самитот е промоција на значењето на претприемништвото за економскиот и општествениот развој и давање на допринос за развој на претприемништвото во регионот.

Прикажи повеќе...

Економија

МЗШВ: Унапредување на соработката со Египет во земјоделската област

Објавено пред

Македонска делегација, предводена од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Каиро, Египет, имале работен состанок со министерот за земјоделство на Египет, Ез ел-дин Омар Абу Стеит, соопшти МЗШВ.

„На состанокот се разговараше за унапредување на трговската размена, за потенцијалните производи кои од Република Северна Македонија може да се извезуваат во Египет, како и за иницијативата за намалување на увозните тарифи. Николовски ја истакна подготвеноста од страна на Владата да се склучи преференцијален договор кој што ќе биде основа за продлабочување на трговијата помеѓу двете држави“, велат од министерствто.

Една од темите за кои станало збор, била примена на Протоколот за соработка во областа на земјоделството со Египет и почетокот со работа на работните групи од двете земји согласно одредбите од Протоколот. Од страна на египетскиот министер за земјоделство биле назначени лица кои ќе бидат членови на работната група, а од МЗШВ до Египет ќе бидат испратени имиња на членови од земјава. Исто така од страна на МЗШВ до Египет ќе биде испратен пополнет Прашалник за анализа на ризик при увоз на јаболка од Северна Македонија во Египет, од аспект на употреба на заштитни средства. Во делот на увозната царинска давачка од 40 отсто за увоз на јаболка, двајцата министри се договориле министерството за трговија и индустрија на Египет и Министерството за економија, да воспостават комуникација.

Инаку Македонија во Египет најмногу извезува јаболка, праски, тутун и месо. Во 2018 година извозот кон Египет бил во вредност од близу 6 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

(Видео)Со колички ќе излеземе на протест, ако нема пари за достоен живот, порачаа лицата со попреченост

Бранкица Димитровска од Здружението Хендикеп на прес-конференција од пред Министерството за труд и социјална политика, порача дека лицата со попреченост,...

Свет1 час

Израел за ракетниот напад го обвини „Хамас”: започнува мобилизација, Нетанјаху веднаш се враќа од САД

Израелската армија го обвини Исламскoто движење на отпорот „Хамас” за ракетниот напад врз Израел изведен во утринските часови од појасот...

Свет2 часа

На врвот на највисоката зграда во светот поставена фотографија на премиерката на Нов Зеланд

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, го одушеви светот со своето снаодливо и вешто справување со ситуацијата по терористичкиот напад...

Европа2 часа

Опасен затвореник во бегство, во цела Европа го бараат Даниел Војновиќ

Даниел Војновиќ е опасен и непредвидлив, предупредува германската полиција, која ја прошири потрагата по него во цела Европа. Како што...

Свет3 часа

Франција: Поради немирите на протестите на „Жолтите елеци“, осудени се 2.000 лица

Во Франција од почетокот на протестите на граѓанското движење „Жолти елеци“ во ноември минатата година, па досега, осудени се приближно...

Свет3 часа

Палестинска ракета погоди куќа во Тел Авив, седуммина повредени

Седум лица се повредени во понеделникот наутро кога е погодена куќа во близина на Тел Авив со ракета лансирана од...

Свет3 часа

Трамп за извештајот на специјалниот обвинител: Пропадна обидот да ми се наштети

„Целосно ослободување“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на „Твитер“ по објавувањето на главните наоди од истрагата на специјалниот обвинител Роберт...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Свет4 часа

Ердоган: „Аја Софија“ може повторно да стане џамија

Тускиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека светски познатата „Аја Софија“, која денеска е музеј, повторно би можела да стане...

Свет15 часа

Објавени резултатите од големата истрага – Трамп не соработувал со Русија

Кампањата на Доналд Трамп за претседателските избори во 2016 година не заговарала со Русија, покажува извештајот на специјалниот советник Роберт...

Свет15 часа

Руски воени авиони со војници слетале во Венецуела, никој не знае зошто

Два руски воени авиони слетале вчера на аеродромот во Каракас со високи офицери и стотина војници, објавил локален новинар. Една...

Регион17 часа

Шешељ повторно ги запали знамињата на ЕУ и НАТО

Лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ, на денешното одбележување на 20-годишнината од бомбардирањето на поранешната Сојузна Република Југославија, ги запали...

Македонија20 часа

(Видео) Рудник нема да има, ако треба со жив ѕид ќе ги браниме Иловица и Штука, порачаа младите

Не сакаме рудници, сакаме здрава котлина и здрав живот, очекуваме конечно властите да се залагаат за активности што ќе бидат...

Топ21 час

Ахмети: Апелирам опозицијата да не се повлекува од преговорите за СЈО

Опозицијата да не се повлекува од преговорите за СЈО, порача денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според него треба да...

Македонија1 ден

Повторно гореа трски на брегот на Охридското Езеро

Вчера покрај брегот на Охридското Езеро, помеѓу Струга и селото Калишта, настанал пожар при што опожарена била трска, соопшти Министерстото...

Топ1 ден

Мотоциклист прегазил жена и побегнал

(Фото: Илустрација) Вчера на улицата Пере Тошев,  мотоцикл со скопски регистерски таблици управуван од непознато лице удрил во 44-годишнен пешак...

Македонија1 ден

Уставен в среда ќе одлучува дали обвинетите на СЈО кои го оштетиле буџетот може да добијат пониски казни

Уставниот суд на седница закажана за среда 27 март ќе одлучува дали да поведе иницијатива за оценка на уставноста на...

Свет1 ден

(Видео) Драматична спасувачка акција: Извлечени сите патници од крузерот во Норвешка

Сите 1.300 лица кои се наоѓале на крузерот, чијшто мотор откажа вчера недалеку од западниот брег на Норвешка, биле спасени,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот донесе 2 века казна за луѓе кои не направиле ништо лошо

Недолжни граѓани станаа жртви на политички прогон само затоа што не се согласуваат со политиките на Зоран Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

Сончево време со температури до 23 степени

Времето днеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. Максималната температура ќе...

Македонија2 дена

Домашни и грчки експерти договорија учебниците да се усогласат во духот на Преспанскиот договор

На вториот состанок на Заедничкиот интердициплинарен комитет оформен согласно Преспанскиот договор, македонската и грчката делегација на експерти за историски, археолошки...

Досие