Контакт

Економија

„Тесла“ инвестира речиси шест милијарди евра во фабрика во близина на Берлин

Објавено пред

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ инвестира речиси 5,8 милијарди евра во првата фабрика во Европа, недалеку од Берлин, објави германската телевизија „ЗДФ“.

Американскиот производител не ја соопшти висината на инвестицијата, но портпаролката на Министерството за економија на германската сојузна држава Бранденбург, каде што се гради фабриката, потврди дека вредноста на инвестицијата што ја објави „ЗДФ“ во вторникот е точна.

Производството се очекува да почне во фабрика во близина на Берлин во јуни и треба да произведува до 500.000 возила годишно.

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, исто така планира да почне масовно производство на батериски ќелии во околината на германскиот главен град.

Фабриката треба да произведе нов вид батерии, кои ќе имаат шестпати повеќе енергија, ќе зафаќаат помалку простор и ќе трошат помалку енергија, велат извори од индустријата.

Економија

(Видео) Мицкоски по средбата во МАСИТ: На ИКТ-индустријата ѝ недостига поддршка од Владата

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со претставници кои се дел од МАСИТ, ги истакна успесите што оваа индустрија ги бележи, дури и во услови на пандемија на Ковид-19.

„Обртот на компаниите е околу една милијарда евра, бројот на вработени е повеќе од 16 илјади во овој момент и сите овие бројки во споредба со 2019 година во раст, би рекол двоцифрен, 10 и повеќе проценти. Она што исто така е импозантно и треба да се спомене е дека извозот практично од ИКТ-индустријата на годишно ниво во 2020 година е повеќе од 230 милиони евра. Данокот што го платиле овие компании, а кој е резултат на профитот што го оствариле некаде околу 12 и пол милиони евра, значи сериозна бројка што влегува во буџетот“, истакна Мицкоски.

Според него, она што недостига се соодветната клима и поддршката од страна на Владата и исполнување на ветувањата што биле дадени за време на предвремените парламентарни избори во делот на даночната политика, во делот на работните односи.

„Потребно е да се стимулираат овие компании, а ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме сериозна програма во делот на дигитализацијата, која практично беше и составен дел од нашата предизборна кампања. Она што го гледаме денеска од Владата е сѐ, само не дигитализација, бидејќи честопати од нивна страна беше најавувано, а нема ни некаков почеток по тоа прашање“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека општество што не е дигитализирано го става во прашање и неговото постоење.

Прикажи повеќе...

Економија

Бесими на средба со експертската заедница, даночната реформа почнува годинава

Објавено пред

Даночната реформа почнува годинава преку реализација на 13 цели и 40-ина активности и многубројни подактивности од акцискиот план за 2021 година за спроведување на Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025 година. Мерките предвидуваат анализи, примена на модели и искуства, а ќе бидат проследени со јавни расправи и консултации. Решенијата што ќе се донесат ќе бидат резултат на овој процес, информираат од кабинетот на министерот за финансии.

Во таа насока еување и денешната дискусија за даночната реформа на министерот за финансии, Фатмир Бесими, со претставници на академската и експертската заедница, академици, универзитетски професори и експерти, кои ја покриваат областа на даночната регулатива.

Подобрување на постојната даночна политика и нејзино усогласување со ЕУ, обезбедување праведна конкуренција, анализа на даночната основа, намалување на даночната евазија, намалување на даночните долгови, подобрување на капацитетите на институциите во даночниот систем, зголемување на транспарентноста, подобрување на контролните механизми, подобрување на услугите и воведување стимуланси за еколошка одговорност и зелено даночење, ова се конкретните цели опфатени со акцискиот план за годинава, објаснуваат надлежните.

Активностите што треба да се реализираат во рамките на овие цели се анализа на даночната основа и евентуални измени на даноците на личен доход, на добивка и на имот, како и анализа на даночните олеснувања. Понатаму, предвидени се активности за спречување даночна евазија, подобрување на фискализацијата, кешлес-околина, модернизација на услугите, развој на човечки ресурси и изготвување предлози за воведување стимуланси за еколошка одговорност, како и други активности во рамките на целите, информираат од кабинетот на Бесими.

Петте приоритети што треба да се постигнат со спроведување на овие цели и активностите се: поголема праведност во даночењето, подобра ефикасност и ефективност на даночните приходи во насока на наплата на приходи, поголема даночна транспарентност, поголем квалитет на услугите и воведување зелено еколошко даночење.

Министерството за финансии и Владата се залагаат за градење подобар даночен систем, кој ќе биде ефикасен, транспарентен, современ, едноставен и праведен и како таков ќе биде основа за забрзан економски раст и развој. Ова ќе се спроведе преку еден транспарентен и инклузивен процес на консултации и јавни расправи со засегнатите страни, кој почна минатата недела со средбата на министерот за финансии со претставници на стопанските комори, а ќе продолжи и во иднина, известува кабинетот на Бесими.

Прикажи повеќе...

Економија

Германија, поради коронавирусот, се задолжи над 650 милијарди евра

Објавено пред

Германската држава, провинции и општини ќе позајмат 650 милијарди евра во борбата против коронавирусот, се вели во студијата на Институтот за германска економија (IW).

„Во зависност од тоа што ќе се случи во следните недели и месеци тој број може да биде уште поголем“, рече директорот на Институтот, Мајкл Хатер.

Експертите сметаат дека брзото намалување на задолженоста треба да се напушти и дека е подобро да се остави повеќе простор за институцијата да дејствува во однос на потребните инвестиции.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

СЗО: Состојбата во земјите од Западен Балкан е сериозна

Претставничката на Европската канцеларија на СЗО, Кетрин Смолвуд, предупреди на состојбата со коронавирусот во земјите од Западен Балкан е сериозна....

Регион2 часа

Србија почна со производство на руската вакцина

Во институтот „Торлак“ во Србија почна производството на руската вакцина „спутник В“. Оваа вакцина во иднина ќе може да се...

Македонија4 часа

Работата на Собранието да се деблокира на секое ниво, порача Џафери на вонредна координативна средба

Вонредна координативна средба поради блокадите во Собранието се одржа попладнево на иницијатива на претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а...

Македонија6 часа

Регистрирани 949 нови случаи на Ковид-19, починаа 33 лица

Во последните 24 часа се направени 3.610 тестирања, а регистрирани се 949 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 357,...

Македонија7 часа

Европратеници: Македонија и Бугарија треба да се оддалечат од дебатите за историја

Претседателот на Делегацијата на Европскиот парламент за односи со Северна Македонија, Андреас Шидер, вели дека Северна Македонија и Бугарија треба...

Македонија7 часа

Мицкоски: Оставка треба да си даде целата Влада, а Рашковски треба да е во затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава за медиумите во врска со случајот за Рашковски рече дека оставка треба да...

Македонија8 часа

Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај оставката

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на...

Македонија10 часа

Филипче: Бројот на новозаразени од Ковид-19 во благ пад, притисокот во болниците и натаму голем

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека денеска е забележан тренд на намалување на бројот на новодијагностицирани случаи со Ковид-19....

Македонија11 час

Македонија со цел до 2030 година да ги намали стакленичките гасови 51 отсто

Владата го усвои ревидираниот национален придонес кон Климатскиот договор од Париз, со што како национална цел ја постави амбицијата во...

Регион11 час

Борисов: Јас нема да бидам кандидат за премиер во новиот кабинет

Бојко Борисов нема да биде предлог на ГЕРБ за нов премиер. Борисов ова лично им го потврди на новинарите по...

Европа12 часа

Европската комисија: Нема продолжување на договорите за вакцини со „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“

Европската комисија донесе одлука да не ги обновува договорите за вакцини против Ковид-19 со компаниите „Астра зенака“ и „Џонсон и...

Топ12 часа

Скопски фитнес-клуб работел и покрај забраната, следува кривична пријава

Полициски службеници синоќа извршиле контрола во фитнес-клуб лoциран на скопскиот булевар Партизански одреди по добивањето дојава дека тој работи и...

Македонија13 часа

Драги Рашковски поднесе оставка

Драги Рашковски, утрово, на својот „Фејсбук“ објави дека поднесува оставка од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при...

Европа14 часа

Познато е до кога ќе се користат ковид-пасошите

Ковид-пасошите ќе се користат сè додека Светската здравствена организација (СЗО) не објави крај на пандемијата на Ковид-19, а авиокомпаниите ќе...

Македонија1 ден

Со законски измени ќе се регулираат цените во приватните болници за лекување болни од Ковид-19

Владата на денешната седница ги утврди измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита со кои, меѓу другото, Министерството за...

Македонија1 ден

Отворени термини за закажување вакцинација на граѓани од 73 и 74 години

Министерството за здравство соопшти дека во А1 СЦ „Борис Трајковски“во Скопје, има дополнителни слободни термини за вакцинација на возрасни групи...

Македонија1 ден

Државните функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои oдлуката за начинот на користење и висината на финансиските средства за угостителски...

Македонија1 ден

Нови 1.129 заболени и 27 починати од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 4.045 тестирања, а регистрирани се 1.129 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 458,...

Македонија1 ден

Мијалков останува во притвор поради опасност од бегство

Кривичниот суд му определи притвор на Сашо Мијалков, кој му е одреден сѐ до почнување со издржување на казната затвор....

Македонија1 ден

(Видео) Пресуди за „Трезор“: Мијалков осуден на 8 години затвор, а бегалецот Грујевски на 15 години

Првообвинетиот и ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на осум години казна затвор во случајот „Трезор“. Во отсуство поради...

Досие