Контакт

Економија

Триглав од Словенија достави барање за трето пензиско друштво

Објавено пред

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС информира дека „Заваровалница Триглав“ д.д. од Република Словенија достави барање за основање друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови.

Процесот за основање ќе се одвива под целосна контрола од страна на Агенцијата согласно со македонското законодавство во најдобар интерес на пензискиот систем.

Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови, се наведува во соопштението.

Економија

Град Скопје домаќин на вториот светски конгрес на претприемачи

Објавено пред

По повод вториот светски конгрес на претприемачи, кој ќе се одржи во Скопје, во втората половина на  октомври 2019 година, делегацијата на светскиот конгрес на претприемачи оствари средба со раководителот на Секторот за локален економски развој, Марко Тодоров, и со советничката во Советот на Град Скопје, Билјана Секуловска-Габер.

Делегацијата беше предводена од генералниот секретар на конгресот и претседател на управниот одбор на Меѓународниот економски форум „Перспективи”, Винко Ќуро, а на средбата се утврдуваа насоките и целите за организација на конгресот, кој е под покровителство на Владата на Република Северна Македонија.

„Ни претставува чест и задоволство Градот Скопје да биде домаќин на вториот светски конгрес на претприемачи. Развивањето и поттикнувањето на претприемачкиот дух кај граѓаните е од огромно значење за развојот на локалната економија. Благодарни сме на Владата што цени дека локалната власт треба да биде вклучена во организацијата на конгресот“ – рече Тодоров на средбата.

Градоначалникот Петре Шилегов ќе земе активно учество на светскиот конгрес, во својство на потпретседател на организацискиот комитет.

Прикажи повеќе...

Економија

Одржана работна средба за подготовка за Европскиот квиз на парите

Објавено пред

Народната банка беше домаќин на работна средба со наставниците и професорите координатори од основните и средните училишта од земјава кои ќе учествуваат во Европскиот квиз на парите. На денешниот настан се одржа презентација на одделните фази и обука за подготовка за натпреварот, кој во организација на Македонската банкарска асоцијација, Министерството за образование и наука, Народната банка и Комисијата за хартии од вредност по првпат се одржува во нашава земја, чија цел е финансиска едукација на младите од 13 до 15 години.

Во своето поздравно обраќање, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, укажа на значењето на финансиската едукација и истакна дека Европскиот квиз на парите, како иницијатива на Европската банкарска федерација, ги обедини финансиските регулатори и банките, како и образовните институции во земјава, со една многу значајна цел, а тоа е подобрување на вештините на најмладите во доменот на финансиите, што придонесува за подобрување на нивните знаења и способност да се соочат со работните и животните предизвици во иднина.

Таа изрази посебно задоволство од масовниот одѕив на повикот за квизот, со оглед дека бројот на пријавени одделенија и класови е многу поголем од очекуваниот, при што се проценува дека во фазата на интерни тестирања ќе бидат опфатени околу 3 000 ученици од целата земјата.

„Ваквиот пристап, со вклучување цели одделенија и класови, овозможува сите тие ученици да се запознаат со проблематиката на финансиската едукација, со аспекти поврзани со работењето на централната банка, банките, пазарите на хартии од вредност. Тоа претставува значајна придобивка и воедно, цел на иницијаторот и организаторите – масовен опфат, поширока едукација“ – истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.

На настанот се обрати и заменик-министерот за образование и наука, Петар Атанасов, кој меѓу другото истакна дека обуката и едукацијата на младите е приоритет за секое општество.

Присутните на настанот ги поздрави и Коста Митрески, претседател на Македонската банкарска асоцијација, а Милена Перчинкова од Асоцијацијата изврши презентација за текот на натпреварот. Потоа беа презентирани материјалите за финансиска едукација од Народната банка во областа на личните финансии, пари и банки, заедно со осврт кон прашањата за квизот, од страна на главниот економист, Анета Крстевска. Материјалите за подготовка за квизот од Комисијата за хартии од вредност беа презентирани од страна на Ивана Бољат.

На координаторите им беше укажано и за севкупната административна процедура за одржување на квизот. Натпреварот за Европскиот квиз на парите ќе се одвива во три фази. На 13 март ќе се спроведе првиот подготвителен тест во рамки на пријавените одделенија, односно класови, а една недела подоцна ќе се одржи и вториот подготвителен тест. Најдобрите по овие два теста ќе настапат на финалниот натпревар, којшто ќе се одржи во Скопје на 27 март, по кој ќе бидат познати двајцата најдобри ученици кои ќе ја претставуваат земјата на Европскиот квиз на парите во Брисел, на 7 мај годинава.

Се очекува дека овие активности поврзани со квизот значително ќе придонесат за подигнување на нивото на финансиска едуцираност на најмладите од земјава.

Прикажи повеќе...

Економија

ССК: Зголемување на трговската размена со Италија

Објавено пред

Делегација на стопанственици од Италија на високо ниво допатува во нашата земја  на  директни средби со стопанственици од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) со цел рализација на трговски партнерства, инвестициски проекти, како и унапредување на економската соработката преку заеднички настап на трети пазари, беше истакнато на денешниот бизнис-форум во организација на ССК, Институтот за социјални истражувања MK91 и Италијанската билатерална комора.

На бизнис-форумот акцент беше ставен на прехранбената индустрија, производството и дистрибуција на вино, туризам, градежништво, трговија, консултантски и медицински услуги, обновливи извори на енергија, кои  дополнително ќе придонесат за зголемување на традиционално добрите деловни релации меѓу двете земји.

„Италија е меѓу десетте најголеми трговски партнери на нашата земја, поточно шести надворешно трговски партнер за 2018 година, согласно со официјалните статистички податоци. Вкупната трговска размена минатата година изнесува 614 милиони евра, што е 13,3 проценти поголема во однос на 2017 година. Извозот во 2018 година достигна 184 милиони евра, а увозот 430 милиони евра, при што споредено со 2017 имаме пораст на извозот за 12,6 отсто, но и пораст на увозот за 14,0 проценти. Покрај посакуваното зајакнување на добрите деловни релации, заедно потребно е да се посветиме на  намалување на разликите во трговската размена и поттикнување на компаниите за конкретни партнерства и меѓусебна соработка. Одличните релации што ги градиме со коморите од Италија, како квалитетино поставени канали на соработка, се во насока на охрабрување на компаниите во мисијата да пронајдат сигурни деловни партнери да ги користат овие канали“, изјави Арсовска и додаде дека особено е значајно искуството на италијанските компании во реализација на поголеми инфраструктурни проекти со оглед и на фактот што како земја во овие сектори е присутна во повеќе од 90 држави во светот.

Зорица Апостолска, министер за странски инвестиции, рече дека Италија е значаен трговски партнер на Република Северна Македонија и перманентно се наоѓа на листата од првите десет земји со кои нашата држава има најголем обем на трговска размена и деловна соработка.

„За сите странски инвеститори и бизнисот воопшто, важна е политичката безбедност и сигурност на земјата бидејќи тоа силно влијае врз зголемување на економските активности, на прилив на нови инвестици, намалување на невработеноста и зголемување на БДП, што конечно ќе резултира во подигнување на животниот стандард на граѓаните. Со пристапувањето во НАТО и отпочнувањето на преговори со ЕУ, Република Северна Македонија ги реализира своите стратешки приоритети и стекнува политичка безбедност и сигурност, што претставува мотивирачки предуслов за сериозен прилив на нови странски инвестиции“, изјави Апостолска.

Франческо Петрела, претседател на Македонско-италијанската стопанска комора, посочи дека италијанските инвестиции во нашата земја во најголем дел се фокусирани во делот на ТГС технички гасови, обновливи извори на енергија, текстилна  и чевларска индустрија, но дека особен итерес кај италијанските стопанствениците има и за прехранбена индустрија и туризам.

Во нашата земја согласно со официјалните податоци работат 130 компании со италијански капитал. Сојузот на стопански комори на Македонија има потпишано меморандум за соработка со Македонско-италијанската стопанска комора во 2016 година, дополнително и со Стопанската комора на Торино, како и со канцеларијата на Конфиндустрија Италија  во Македонија, која е водечка трговска асоцијација во која членуваат преку 150 илјади компании.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

„Ги поминаа границите“ – директорот на СОЗР во Владата им забрани „Фејсбук“ на вработените

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и...

Крвав четврток1 час

На 15 март пресуда за крвавиот четврток

Претседателката на Судечкиот совет, кој го води случајот за насилствата од 27 април, Добрила Кацарска, следното рочиште на кое ќе...

Македонија1 час

(Видео) Котевски: Одговорен човек сум, во понеделник поднесувам оставка

Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски, пред новинарите рече дека во понеделник ќе поднесе оставка на функцијата поради физичкиот инцидент...

Македонија2 часа

Пратеничките Лашкоска и Манаскова обвинија дека Мисовски им се заканува со камен

Пауза на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, им се...

Македонија2 часа

(Видео) Александрова: Бараме домашен притвор за Јанакиески и Ристовски

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот инцидент во затворот во Шуто Оризари го нарече настан без...

Македонија4 часа

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија4 часа

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија5 часа

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Европа5 часа

Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле...

Македонија6 часа

СДСМ по инцидентите во затворот: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски, институциите и граѓаните нема да им дозволат да ја втурнат државата во...

Македонија6 часа

Попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од...

Македонија16 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Македонија18 часа

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот...

Македонија19 часа

Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што попладнево беше пренесен ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот...

Македонија21 час

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија21 час

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија22 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија22 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Досие