Контакт

Економија

Тутунскиот комбинат „Прилеп“ првпат ја реновираше производната сала

Објавено пред

Подобрување на инфраструктурата и инсталирање нова машина за производство на цигари се последните чекори на Тутунскиот комбинат „Прилеп“ (ТКП). Од комбинатот велат дека градежните зафати биле дел од Стратегијата за подобрување на ефикасност на фабриката за производство на цигари. Ги исполниле највисоките стандарди за квалитет според критериумите на „Филип Морис“, со што овозможиле почеток на производството на најбрзорастечките брендови од фамилијата на Marlboro и Chesterfield. Од Комбинатот се убедени дека партнерството со „Филип Морис“ придонело за враќање на тутунскиот комбинат на некогашните позиции како компанија што има значителен позитивен придонес во македонската економија.

„Оваа модернизација е очекуван чекор. Последниов период сте сведоци на промени во ТКП во позитивна насока. За првпат од кога е изградена фабриката се изврши реновирање на производната хала со површина од над 5 000 метри квадратни во која веќе одредено време тече процесот на модернизација на производството. Обезбеден е и сигурен пласман на тутунот кој го откупуваме од нашите кооперанти. Инсталирана е нова машина за производство на цигари со потенок прогресивен формат или т.н. 7.0 формат, што овозможи во изминатиов период да почне да се произведува Chesterfield 7.0 и да се почне со производство на Marlboro 7.0. како најбрзорастечки формати на македонскиот пазар во моментов“, вели Кирил Станкоски, генерален директор на Тутунскиот комбинат „Прилеп“.

По неколкудецениски проблеми, директорот Станковски нагласува дека тутунскиот комбинат станува ефикасна фабрика.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Горивата поевтинуваат

Објавено пред

Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за половина, односно за денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за еден денар. Со тоа новата цена на еуросупер БС-95 изнесува 69,5 денари за литар, додека на еуросупер БС-98 – 71,5 денари за литар.

Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за половина дена. Новата цена на дизелот е 61,5 денар за литар, а на маслото 51 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,914 денари и новата цена ќе изнесува 34,167 денари за килограм.

Прикажи повеќе...

Економија

„Волво“ повлекува повеќе од милион возила ширум светот

Објавено пред

Шведскиот производител на автомобили „Волво“ повлекува повеќе од милион возила ширум светот, поради опасност од топење на делови на моторот.

Компанијата соопшти дека во најлош случај, проблемот би можел да предизвика опожарување на моторот. Досега не е забележан ниту еден таков случај.

Проблемот се однесува на моделите со четирицилиндрични дизелски мотори произведени од 2014 до оваа година. Се работи за моделите V40, V60, V70, S80, XC60 и XC90.

 

Прикажи повеќе...

Економија

„Волво“ повлекува милион возила ширум светот поради опасност од пожар

Објавено пред

Шведскиот производител на автомобили „Волво“ ширум светот ќе повлече повеќе од милион возила, бидејќи некои делови од моторот би можеле да се стопат, објави денеска портпаролот на компанијата.

Како што пренесе агенцијата „Танјуг“, тој реклол дека во најлош случај проблемот може да предизвика пожар на моторот.

Според тековните информации, „Волво“ досега нема регистрирано таков случај.

Според шведската телевизија SVT, проблемот се однесува на моделите со 4-цилиндрични дизел мотори произведени во периодот од 2014 до 2019 година.

Тоа се моделите V40, V60, V70, S80, XC60 и XC90.

Ова е уште една лоша вест за „Волво“ кој е во сопственост на кинеската компанија „Гили“, бидејќи во четвртокот компанијата објави остар пад на профитот во вториот квартал од 2019 година, и покрај значителното зголемување на продажбата.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија20 минути

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата поевтинуваат за половина, односно за денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на бензините еуросупер БС-95...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 час

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет3 часа

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет3 часа

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет3 часа

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет4 часа

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет4 часа

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет5 часа

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Македонија15 часа

Голем пожар во Едриличарскиот клуб во Струга

Голем пожар избувна попладнево во бараките на Едриличарскиот клуб во Струга што се наоѓа кај „Машката плажа“ во градот. За...

Македонија17 часа

Спасовски: МВР без налог од судот не може да знае каде е Јанева

МВР без налог од судот или обвинителството не може да знае каде е Катица Јанева. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,...

Регион18 часа

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Македонија21 час

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија21 час

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет1 ден

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет1 ден

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Македонија1 ден

Речиси 300 возачи санкционирани во Скопје поради брзо возење и алкохол

Сообраќајната полиција во Скопје, почнувајќи од синоќа, спровела акциски контроли за откривање на возачи кои возат под дејство на алкохол,...

Свет1 ден

(Видео) Нобеловка му зборуваше на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на...

Свет2 дена

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет2 дена

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Досие