Контакт

Економија

„Тутунски комбинат – Прилеп“ се модернизира, нуди испратнини за доброволно заминување од работа

Објавено пред

„Тутунски комбинат – Прилеп“ влегува во последната фаза на реорганизација за да се постигне поголема ефикасност и модернизација на компанијата. Последниот круг од процесот на реорганизација, почнат во 2016 година, предвидува работниците доброволно да се јават за испратнината што доаѓа со доброволното заминување од компанијата.

„Изминатиот период направивме значителен чекор напред со враќање на финансиската стабилност на компанијата. По шест години, немаме долгови кон државните институции и се наоѓаме на вистинскиот пат.

 Изминатиот период направивме значителен чекор напред со враќање на финансиската стабилност на компанијата. По шест години, немаме долгови кон државните институции и се наоѓаме на вистинскиот пат и навреме сме со нашите плаќања кон други комерцијални партнери и банките. Имавме добра сезона за откупување тутун. Но, постојат одредени промени што треба да се направат за да бидеме поефикасни. Процесот на трансформација опфаќа и процес на доброволно заминување, што е неопходно. Во текот на изминатите години компанијата е во состојба на прекумерно вработување, па затоа потребна е ревитализација, приспособување кон глобалните трендови и создавање компанија која е ефективна и профитабилна. Тука нема оштетена страна, секој е победник, а најдобра корист е отворањето можности за раст на компанијата, која во иднина ќе обезбеди можност за отворање нови работни места за младиот персонал“, изјави генералниот директор на комбинатот, Кире Станкоски.

Процесот ќе биде спроведен во координација со Синдикатот, од каде што дале позитивно мислење за целиот процес.

„Ова е важен чекор за сите вработени. Бидејќи доброволните пакети се прават врз основа на подобрен принцип од последниот пат и сега знаеме дека е конечен, на тој начин луѓето се охрабруваат да го преземат овој значаен и корисен чекор знаејќи дека нема да има следен круг“, рече Игор Китаноски од синдикалната организација на комбинатот.

Од комбинатот велат дека со модернизацијата помогната од „Филип Морис“ стануваат пофункционална и пооперативна компанија.

Економија

Евроконтрол: Бројот на летови во Европа се зголемува, аеродромите немаат капацитет

Објавено пред

Од

Европските аеродроми немаат капацитет да се справат со сѐ поголемиот воздушен сообраќај, и во наредните години и децении треба да се очекуваат сѐ почести доцнења. До 2040, бројот на летови во Европа ќе се зголемува за 1,9 отсто годишно во просек, се прогнозите на Евроконтрол.

Европската организација за воздушна безбедност и контрола на летање, во последниот извештај го вклучува алармот за состојбата со европските аеродроми.  Според Евроконтрол, 20-те најголеми аеродроми ќе можат да се справат со околу 2,4 милиони дополнителни летови, но тоа нема да биде доволно. Во 2040 се очекува 400.000 патници дневно да се соочуваат со доцнења од еден до два часа. Таа бројка сега е 50.000 дневно.

Еден од одговорите на тој проблем ќе биде технолошката иновативност, но и отворање нови терминали и зголемување на аеродромите и на пистите.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Владата го предлага Марко Бислимоски за претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Објавено пред

Од

На денешната седница, Владата одлучи да му предложи на Собранието претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика и тоа: Марко Бислимоски за претседател, додека Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани се предлагата за членови.

Исто така министрите го прифатија и предлог – законот за изменување на Законот за основање на Технолошко – техничкиот факултет, Ветеринарен факултет и Правен факултет во состав на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.

Владата на седницата го именуваше Александар Дамески за директор на КПУ Затвор, Прилеп.

Прикажи повеќе...

Економија

Капиталните инвестиции лани изнесувале 19,8 милијарди денари

Објавено пред

Од

Владата на 75-тата седница ја усвои предлог – завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2017 година, со конечен извештај на овластен државен ревизор. Во завршната сметка е констатирано дека минатата година капиталните инвестиции изнесувале 19,8 милијарди денари, вкупните приходи биле 179,706 милиони денари, додека вкупните расходи 196,561 милион денари.

Според анкетата на работна сила, бројот на вработени во 2017 година се зголеми за 2,4% во однос на 2016 година, со што просечната стапка на вработеност достигна 44,1%, а стапката на невработеност се намали на 22,4%. Просечната бруто-плата во 2017 година забележа раст од 2,6% на номинална основа, со тенденции на повисок раст во последната третина од годината, како резултат на покачувањето на минималната плата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Архитектите не сакаат да проектираат болница за 12 денари по квадрат, Филипче ги повикува на дискусија

Тендерот што го распиша Министерството за здравство на кој се бара идејно решение за нова градска болница на местото на...

Македонија6 часа

(Видео) Димитров: Сите ја сакаме татковината и сакаме да го зачуваме идентитетот

Предлог-законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името e пред Комисијата за европски прашања, каде што расправата...

Македонија8 часа

Жителите на Тимјаник го намалиле отпорот за отворање мал групен дом во нивното село

Месното население во Тимјаник, една недела подоцна откако предизвика голем револт кај јавноста бидејќи протестира против отворањето мал групен дом...

Македонија10 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ денес не се враќа на седница

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска нема да учествува во работата на Собранието заради, како што велат, кршење на Уставот и...

Македонија10 часа

(Видео) Делегација на демонстрантите бара средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Демонстрантите, кои во пресрет на седницата за ратификација на договорот за решавање на спорот за името, започнаа протест пред Собранието...

Македонија11 час

(Видео) Демонстрантите ги повикаа Мицкоски и пратениците да излезат од Собранието и да им се придружат

Помала група демонстранти се собраа пред зградата на парламентот поради закажаната седница, на чиј дневен ред е предлог-законот за ратификација...

Македонија11 час

Собранието по скратена постапка ќе го ратификува договорот со Грција

Oд 109 гласа, со 69 „за“ и 40 „против“ Собранието ја усвои потребата договорот со Грција да биде ратификуван по...

Македонија11 час

(Видео) „Предавник“, извикуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Димитров

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во собраниската сала пред пратениците образложи зошто договорот со Грција треба да биде донесен...

Македонија11 час

(Видео) Демонстрантите пред Собранието бараат оставка од Владата, а не ратификација на договорот за името

Помала група граѓани денеска повторно излегоа на протест пред Собранието на РМ поради закажаната седница, на чиј дневен ред е...

Македонија13 часа

Со почеток на расправата за договорот со Грција, почнуваат и протести пред Собранието

Договорот за промена на името, со кој се решава спорот меѓу Македонија и Грција, денес ќе биде ставен во процедура...

Македонија1 ден

(Видео) Солза Грчева: Народот е доведен до ѕид од една предавничка тајфа

Нашиот глас ќе стигне до секој. Синоќа се случи нешто што неверував дека во мојата земја ќе биде.30 шок бомби...

Македонија1 ден

(Видео) Демонстрантите со порака до Владата да се откаже од договорот со Грција

На протестите пред Собранието на Република Македонија, кои продолжуваат веќе петти ден, демонстрантите порачаа дека македонскиот народ не го заслужил...

Македонија1 ден

Протест пред Собранието на Република Македонија

Петти ден по ред, пред Собранието на Република Македонија толпа граѓани протестираат поради договорот со Грција за промена на името...

Македонија1 ден

(Видео) Бачев: Спасовски наредил брутално да се нападнат граѓаните пред Собрание

Според наши сознанија министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја издал наредбата полицијата брутално да реагира токму во моментот кога...

Македонија1 ден

(Видео) Демонстрантите се жалат на употребата на шок-бомби, МВР вели – полициска процена

Демонстрантите што синоќа протестираа пред Собранието реагираат дека полицијата прекумерно употребила сила врз нив, како и дека без потреба биле...

Македонија1 ден

Обвинителството и МВР ќе истражуваат – кој испраќа заканувачки пораки и слики на „Фејсбук“

Основното јавно обвинителство Скопје информира дека било известено од страна на Министерството за внатрешни работи за заканувачки пораки и слики...

Македонија1 ден

Приведениот новинар одбил да се легитимира, велат од МВР

Во врска со новинарот на порталот „Инфомакс“, ја информираме јавноста дека тој одбивал да се легитимира, а притоа дал активен...

Македонија1 ден

Демонстрантите демолирале кафулиња, палеле автомобили и фрлиле солзавец, велат од МВР

26 демонстранти привела полицијата за време на синоќешниот протест пред Собранието. Повредени биле 10 полицајци, а седуммина побарале лекарска помош....

Македонија1 ден

Левица: МВР употреби прекумерна сила на синоќешните протести

Силите на МВР употребија прекумерна сила, големо количество солзавец и шок-бомби врз мирните невооружени демонстранти, реагираат од Левицата. Оваа акција...

Македонија1 ден

Владата ќе го достави законот за ратификација на договорот до Собранието

Владата ќе го достави до Собранието предлог-законот за ратификација на договорот со Грција, соопшти владината прес-служба по одржувањето на денешната...

Досие