Контакт

Економија

Усвоени правилници со мерки за поддршка на мали и средни претпријатија

Објавено пред

Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и ја усвои информацијата со правилници за мерките од планот за економски раст – столб 3.

Како што информираат од прес-службата, правилниците се однесуваат на 4 мерки: Финансиска поддршка на мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели“), посебна финансиска поддршка за микро претпријатија, финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за подобрување на иновативноста, како и за финансиска поддршка за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица.

Исто така, Владата ќе формира работна група за следење на реализацијата на мерките од столб 3 од планот за економски раст, составена од кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за економија, Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори на Македонија и Стопанска комора на северозападна Македонија.

Економија

Заев: Создаваме програма којашто е мозаик на вредности и ќе вгради дигитална и инвентивна економија

Објавено пред

Создаваме програма којашто е мозаик на вредности, како што е впрочем и нашето општеството. Програма којашто ќе вгради дигитална и инвентивна економија, како нов двигател во периодот што ни претстои, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пред работниот состанок со претставници на Сојузот на стопански комори на Македонија.

Тој кажа дека верува дека периодот којшто доаѓа, без разлика како ќе определат граѓаните за да се движи државата, ќе биде период на сериозен економски предизвик и вистинска трансформација на институциите.

„Недвојбена е нашата интеграција во НАТО и ЕУ. Верувам дека периодот којшто доаѓа пред нас, без разлика како ќе определат граѓаните за да се движи државата, ќе биде период на сериозен економски предизвик и вистинска трансформација на институциите. Интеграциите треба да донесат бенефит, сериозна помош и поддршка од европски фондови и НАТО интеграциите. Треба да се посветиме на трансформација на општеството, да го менуваме односот поединечно како луѓе, да се европеизираме во делот на вредностите“, рече Заев.

Решавањето на проблемот со Грција и Бугарија, додаде тој, и градењето на интер етничка кохезија внатре во државата и интеграциите, сето тоа е заради подобар економски стандард.

Прикажи повеќе...

Економија

Царовска: Со Законот за субвенционирање на придонесите, текстилниот сектор се стабилизира

Објавено пред

По донесувањето на Законот за субвенционирање на придонесите во случај на покачување на платите и покачување на минималната плата, работите во текстилниот сектор се стабилизираат, изјави вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска, при посетата на текстилната компанија „Албатрос“ во Штип.

„Оваа Влада не прави ниту еден чекор којшто е надвор од консултации или насилен чекор којшто ќе значи наметнување на одредени политики или за работниците или за работодавачите. Токму низ тој социјален дијалог покажавме дека ја донесовме минималната плата, којашто денес е 14.500 денари и којашто е во насока на подобрување на квалитетот на живот на работниците, никако на товар и со притисок на работодавачите туку напротив паралелно донесовме една политика на субвенционирање на придонесите на платите и нивното растење до 6.000 денари, да може во суштина да ги намалиме притисокот и за растот на другите плати над минималната плата. И видовме дека таа искористеност е одлична или дека минатиот месец исплативме повеќе од 45.000 вработени коишто добија зголемување на плата. Со ваков тип на дијалог навистина обезбедуваме  компаниите да растат, но притоа на сметка на тоа да растат и платите на работниците и да можеме економијата и развојот и динамиката во нашата држава да биде сè позасилена и подобра“, нагласи вицепремиерката Царовска.

Премиерот Оливер Спасовски, пак, кажа дека во изминативе две и пол години се почнати  многу важни процеси и дека Владата ќе продолжим и понатаму да ѝ помага на економијата, на работодавачите, да ги отстрани пречките во развојот на бизнисите, а од друга страна, да ги заштити работниците и работничките права.

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, исто така, потврди дека владините субвенции и сите оние мерки кои придонесуваат за унапредување на стандардот во нашата држава ги даваат своите резултати.

„Покрај зголемувањето на минималната плата, исто така може да кажеме и за успешност на мерката за субвенционирање на придонесите за повисоки плати. Доказ за успешните политики што ги спроведува и ќе ги спроведува Владата на Република Северна Македонија е тоа што сакаме да изградиме и градиме континуирано партнерски однос меѓу институциите, меѓу Владата и бизнис-заедницата. Со унапредување на економските мерки ќе имаме и повисок стандард за работниците, задоволни работодавачи и исто така успешна и економски стабилна држава во којашто живееме сите“, рече Лукаревска.

Претставничката на работниците, Кристина Ампева од здружението „Гласен текстилец“, ја истакна гордоста што пред три и пол години со сега сегашната вицепремиерка Царовска, се зборувало за нормиран ефект од кој зависеше тогашната минималната плата од 9.000 денари, а сега веќе минималната плата достигна 14.500 денари и работодавачите не смеат да исплатат пониска плата.

Прикажи повеќе...

Економија

Бабовски: Со Програмата за рурален развој, неколку села првпат добијa канализација и реконструирани селски чешми

Објавено пред

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој , Николче Бабовски, и градоначалникот на Општина Чешиново – Облешево, Горанчо Крстев, денеска направија увид на двата проекта кои се реализирани со средства од Програмата за рурален развој.

„Наша приоритена цел е граѓаните на овие населени места да добијат квалитетни услови за живот во селата. Со средствата од Агенцијата за финансиска поддршка, реализиравме два проекта, и тоа реконструиравме стари селски чешми и партерно ги уредивме. Исто така со овие пари за првпат село Бања доби канализациска мрежа, што е од витално значење за жителите на оваа населено место“, истакна градоначалникот Крстев.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Бабовски, истакна дека преку двата проекта во овој дел од државава се инвестираат близу 18 милиони денари.

„Преку проектот кој денеска го посетивме, обезбедивме вода за селата Стераци, Спанчево, Бања и Соколарци. Додека преку ‘Изградба на фекална канализација во селото Бања’ овозможивме над 300 жители на оваа село за прв пат да добијат канализација со што ќе им го подобриме квалитетот на живот, а позитивно ќе влијаеме и на заштита на животната средина“, истакна Бабовски

Тој истакна дека средствата се неповратен грант, општината треба само да го плати ДДВ-то.

Средствата за реализација на овие проекти се обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија поточно од Програмата за рурален развој.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура9 часа

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет10 часа

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт10 часа

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет11 час

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Регион14 часа

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет15 часа

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Македонија17 часа

(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Речиси 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде...

Македонија17 часа

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ,...

Македонија18 часа

Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти...

Македонија18 часа

Османи до партиите: Донесете го Законот за Јавното обвинителство пред изборите

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен...

Свет19 часа

(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени

Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се...

Свет21 час

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија, најверојатно, се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Свет21 час

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Економија21 час

Отворен 50. Светски економски форум во Давос

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од...

Регион21 час

Во БиХ секоја година умираат по 3 300 луѓе како последица на загадениот воздух

Во Босна и Херцеговина секоја година прерано умираат околу 3 300 луѓе како последица на изложеноста на воздух загаден со...

Забава1 ден

Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција за 2,33 милиона долари

Дваесет и едно возило во сопственост на трагично починатиот актер Пол Вокер, најпознат по улогата во популарната филмска франшиза „Брзи...

Македонија1 ден

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија2 дена

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија2 дена

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија2 дена

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Досие