Економија
Усвоен ребалансот на Буџетот – 3 милијарди денари за општините, намалени проекциите за економски раст

Општините ќе добијат 3 милијарди денари за покривање на долговите, нивото на буџетски дефицит е задржано, а намалени се проекциите за растот на БДП со ребалансот на буџетот што попладнево беше усвоен од страна на Собранието.
Како што истакна министерот за финансии Драган Тевдовски, целта на ребалансот е да се направат корекции на расходната страна за да се обезбеди финансиска поддршка за општините со цел отплата на дел од долговите.
„Се обезбедува финансиска поддршка на општините во висина од 3,020 милијарди денари, со цел намалување на доспеаните а неплатени обврски на општините и единките корисници основани од единиците на локалната самоуправа од областа на образованието, културата, детската и социјалната заштита“, рече Тевдовски.
Владата усвои предлог-законско решение со кое овие средства треба да бидат сразмерно распределени на општините, во износ од 51 отсто од пријавените доспеани, а неисплатени обврски. Со законското решение, како што тврди власта, ќе се постави и механизам за спречување на можноста за трупање неплатени обврски во општините.
Од министерството за финансии велат дека со ребалансот приходната страна на Буџетот е незначително коригирана, за 0,5 отсто надолу. Како што тврдат, ова е резултат на намалувањето на приходите што ги остваруваат буџетските корисници на сопствените сметки и благ пораст на социјалните придонеси.
Расходната страна на Буџетот е коригирана надолу за 1,2 милијарди денари, односно за 0,5 проценти. Нивото на буџетски дефицит е задржано на 2,7 проценти од БДП, со што Министерството појаснува дека се задржува определбата за постепена фискална консолидација.
Со Предлог-ребалансот ревидирана е проекцијата за раст на БДП на 2,8 од претходните 3,2 проценти. Како што посочуваат од Министерството за финансии, намалувањето на растот се должи на блокадата за влез во НАТО и ЕУ од страна на опозицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат само за роднините на функционерите

Платите во државата растат, но само за роднините на функционерите од власта, за сите други паѓаат, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по информацијата за пораст на просечната нето-плата.
„Трошоците за живот од месец во месец се сè повисоки, а граѓаните тоа го чувствуваат по нивниот џеб. Над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај, а власта ништо не презема. Државата оди кон дното, власта само во последната година задолжи нови речиси половина милијарда евра, пари кои ќе треба да ги враќаат идните генерации. Со тоа јавниот долг надмина 50 проценти“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата смета дека премиерот Зоран Заев и министерот за финансии, Драган Тевдовски, ја доведуваат под прашалник состојбата на државата да може навремено да го сервисира долгот. Во услови кога Министерството за финансии рапидно ја задолжува државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ, нивото на капитални инвестиции минатата година беше 65 проценти, што е историско најниско ниво на реализација.
„Тевдовски се покажа како најнеуспешен министер за финансии. Тевдовски спроведува катастрофална финансиска политика, а ефектите од истата ќе се чувствуваат и по години од сега“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
Просечната месечна плата изнесува 25.784 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, изнесува 108.1.
Зголемувањето се должи пред сè на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (28,0 %), Уметност, забава и рекреација (24,3 %) и Рударство и вадење камен (20,9 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (22,1 %), Информации и комуникации (22,1 %) и Tрговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (12,3 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2018 изнесува 25.784 денари“, се наведува во соопштението на Државниот завод за статистика.
Економија
Заев: Светскиот конгрес во Скопје ќе има за цел да го поттикне претприемничкиот дух кај младите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и министерката без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, се сретнаа со претседателот на Управниот одбор на Меѓународниот економски форум „Перспективи“ и генерален секретар на Светскиот конгрес на претприемачи, Винко Ќуро, кој предводеше делегација составена од раководството на Светскиот конгрес на претприемачи.
Целта на средбата беше заеднички да се утврдат насоките и правците за организација на вториот Светски конгрес на претприемачи кој оваа година, во втората половина на месец октомври, ќе се одржи во Скопје, Република Северна Македонија.
„Нам ни претставува огромна чест што ја избравте нашата земја да биде домаќин на овој голем настан на кој се промовира концептот на претприемништвото. Особено во период кога стануваме земја членка на НАТО и во година која очекуваме да биде година на економијата. Верувам дека ќе бидеме одлични домаќини и дека овој конгрес ќе остави траен белег и ќе мотивира голем број млади луѓе од нашата земја и регионот да го разбудат претприемачкиот дух и да почнат свој бизнис. Ние како Влада сме тука да ја пружиме потребната поддршка“, нагласи на средбата премиерот Заев.
Претставниците на Светскиот конгрес на претприемачи упатија честитки до премиерот Заев за успешното затворање на отворените политички прашања со нашите соседи и за пристапувањето на нашата земја во НАТО како важен исчекор за обезбедување сигурност и стабилност во земјата и регионот и за отворање на перспективите за развој на економијата и претприемништвото.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал