Контакт

Економија

ФИТР воведува нова поддршка за компаниите и универзитетите

Објавено пред

Фондот за иновации и технолошки развој презентираше нов инструмент за поддршка на домашните компании и високообразовните институции во развој на нови производи и услуги. Вкупниот износ на средства во јавниот повик изнесува 15 милиони денари, а ќе се доделуваат на факултетите и истражувачките центри кои ќе остварат конкретна деловна соработка со домашните компании во истражување и развој.

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, на денешната презентација нагласи дека преку овој инструмент големиот потенцијал и капацитет на образовните институции ќе може да се искористи во реалниот сектор.

„На овој начин високообразовните институции ќе станат извор и на иновации и на знаење во реалниот сектор, а во истовреме со ова вложуваме и во идните академски граѓани, кои низ проектите ќе може да работат на реални истражувања. Овој тип на воспоставување екопростор помеѓу високообразовните институци и компаниите создава можност од една страна финансиските средства да не се одлеваат само на консултантски услуги и надвор од државата, а од друга бизнис-секторот да ја зголеми финансиската поддршка во високото образование“, кажа Царовска.

Директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, изјави дека за првпат државата воведува инструмент со кој директно поттикнува соработка меѓу академската заедница и бизнис-секторот во функција на економскиот развој.

„Она што е многу важно е дека директен корисник на финансиската поддршка се универзитетите, додека компаниите добиваат услуга од академскиот кадар – професори, асистенти и студенти. Нашата цел е директно да вклучиме академската заедница во економскиот развој на државата“, изјави Деспотовски.

Новина е дека повикот ќе биде отворен од први октомври, а веќе од истиот момент ќе може да се исплаќаат финансиски средства. Фондот за првпат воведува нов принцип на доделување средства по принципот ‘прв дојден – прв услужен’, односно според редоследот на поднесувањето на комплетни апликации. Апликациите ќе се поднесуваат исклучиво по електронски пат, а рокот за аплицирање ќе трае сè додека не се доделат предвидените средства. Рокот за реализација на средствата од ваучерите ќе изнесува шест месеци.

Иновациските ваучери ќе можат да се искористат за покривање до 80% (осумдесет проценти) од вкупните трошоци на научноистражувачките услуги, во максимален износ од 500.000 денари, без данок на додадена вредност (ДДВ). Останатиот дел од 20% е учество на компанијата, корисник на услугите од факултетите.

Средствата ќе можат да се користат за активности како: развој на нови и подобрување на постоечки производи, процеси или услуги; доказ на концепт, студија за изводливост, техничка спецификација, производство на лабораториски прототипови, изработка на демонстрациони прототипови, различни видови на испитувања, валидација на технологија, советодавни услуги во врска со иновациска дејност, развој и воведување на посебен софтвер за производ или процес, како и за специфични обуки во врска со развојот на технолошки решенија.

Економија

Намален прометот во трговијата на мало

Објавено пред

Намален е прометот во трговијата на мало, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за август годинава, во споредба со истиот месец лани.

„Намалување на прометот е забележано во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално 7,2 %, а реално 9,6 %), трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално 14,8 %, а реално 14,8 %) и трговија на мало, освен трговија со горива (номинално 11,1 %, а реално 12,2 %) и трговија на мало со автомобилски горива (номинално 37,9 %, а реално 29,7 %)“, наведуваат од Државниот завод за статистика.

Прикажи повеќе...

Економија

Намален бројот на работниците во индустријата

Објавено пред

Бројот на работниците во индустријата во август бележи опаѓање во споредба со август 2019 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот рударство и вадење камен во август годинава, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање од 0,8  отсто, во секторот преработувачка индустрија опаѓање од 5,6 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,5 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2020 година, во однос на август 2019 година, бележи опаѓање кај енергија за 1,3 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија, – 6,2 отсто, Капитални производи – 6,1 отсто, трајни производи за широка потрошувачка – 6,7 проценти и нетрајни производи за широка потрошувачка – 4,6 отсто.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2020 година, во однос на периодот јануари – август 2019 година, изнесува 95,3.

Прикажи повеќе...

Економија

Битиќи: Четвртиот сет мерки ги пресликува барањата на стопанството

Објавено пред

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, денес одржа работен состанок со претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Неби Хоџа, и претставници на компаниите членки на Комората, на кои им го презентира четвртиот сет на мерки за справување со социо-економската криза предизвикана од Ковид-19.

Вицепремиерот рече дека овој пакет од 31 мерка е креиран преку целосно инклузивен процес, а во неговото создавање учествуваа сите релевантни чинители во економскиот живот, како што се стопанските комори, синдикални организации, академската заедница и граѓанскиот сектор. За мерките од четвртиот пакет резервиравме 470 милиони евра, рече Битиќи, при што додаде дека заедно со првите три пакети, обезбедена е соодветна и сеопфатна поддршка.

Мерките се моделирани за да одговорат на реалните потреби на граѓаните и бизнисот, а со нивната имплементација се очекува да се обезбеди сигурност и ликвидност на компаниите, да се задржат работните места и да се раздвижи домашната потрошувачка, која зафаќа најголем процент од домашниот бруто-производ.

Вицепремиерот се осврна на мерката за субвенционирање плати како една од најважните мерки кои беа побарани од стопанството, при што посочи дека во наредните три месеци помошта за исплата на плата ќе се спроведува скалесто сoгласно падот на приходите кај компаниите. Како репер за споредба ќе се зема периодот април-август 2020 година, споредбено со истиот период од лани, а во зависност од намалениот приход има разни суми за поддршка.

Компаниите што бележат намален приход од 30 до 40 % ќе добијат 14.500 денари поддршка, тие со загуби од 40 до 50 % ќе добијат 15.955 денари поддршка, од 50 до 60 ќе добијат 17.410 денари поддршка, од 60 до 70 % намален приход ќе добијат 18.865 денари поддршка, оние со приход што е помал од 70 до 80 % ќе добијат 20.320 денари поддршка, а наголема поддршка ќе добијат компаниите што се најпогодени и имаат над 80 % намален приход за што ќе добијат по 21.776 денари поддршка за секое работно место.

Вицепремиерот посочи дека уште низа мерки ќе се реализираат за поддршка на стопанството, како што се 100 милиони евра поволни кредити преку Развојната банка на Северна Македонија, пласирани преку комерцијалните банки, намалување на парафискалните давачки за компаниите, грантови за туристички агенции, за ресторани и за игротеки, одложување плаќања даноци, намалување на данокот на додадена вредност за одредени производи и други мерки, кои значително ќе го олеснат работењето на компаниите во овој период.

Битиќи потенцира дека преку примерот за креирање на четвртиот сет  мерки, но и претходните три сета, се докажало дека Владата е сериозен и цврст партнер на стопанството и на граѓаните и дека сите мерки ги рефлектираат реалните потреби на сите категории граѓани и компании.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Македонија10 часа

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1.697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Регион12 часа

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија13 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија13 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион14 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ15 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет15 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија15 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија16 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет17 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет17 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет1 ден

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија1 ден

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија1 ден

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија1 ден

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија1 ден

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет1 ден

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија1 ден

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија2 дена

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Досие