Контакт

Економија

Фокус групи за развој на стратешката програма – „Фонд за млади умови“ на ФИТР

Објавено пред

Во организација на Фондот за иновации и технолошки развој, утре и задутре во „Јавна соба“ во Скопје, ученици, родители, наставници и професори, како и претставници на државни институции и независни експерти во четири фокус-групи ќе дискутираат за изработка на национална програма за талентирани и надарени деца. Ова е дел од повеќемесечната иницијатива на ФИТР за развивање на стратешка програма за поттикнување на креативното размислување, иновативноста и претприемништвото кај младите – „Фонд за млади умови“.

Со цел вклучување на сите релевантни чинители во процесот на изготвување на оваа програма која треба да се спроведува на национално ниво ќе се одржат 4 посебни дискусии со различни фактори вклучувајќи претставници на разни научни здруженија и асоцијации, Министерство за образование и наука, Биро за развој на образованието, разни владини агенции за спроведување образовни програми, како и претставници на високообразовните институции во државата, претставници на УНИЦЕФ Северна Македонија, USAID, неколку амбасади, невладиниот сектор, а посебни фокус групи се наменети за наставниот и стручниот кадар во училиштата и засегнати родители и ученици.

Фокус групите ќе бидат водени од меѓународен експерт Др. Ребека Елис од УНИЦЕФ С. Македонија, кој е еден од главните партнери на ФИТР во изготвувањето на концептот на националната програма. Меѓу другото ќе се дискутираат постоечките инструменти за поддршка, можните аспекти за подобрување, реалните потреби на учениците, како и системските недостатоци што треба да се пополнат со конкретни мерки.

Стратешка програма за поттикнување на креативното размислување, иновативноста и претприемништвото кај младите – „Фонд за млади умови“ на ФИТР, предвидено е да опфати поддршка преку веќе постоечки успешни иницијативи, да понуди нови мерки на поддршка за поттикнување на креативноста, иновативноста и претприемништвото кај младите, како и негување и унапредување на талентите кај децата.

Инаку иницијативата на ФИТР за поддршка и развој на талентирани деца започна во март со голема панел дискусија „Развој и поддршка на талентирани деца, а целта е да се креира системско решение со кое државата во иднина ќе вложува во развивање и поддршка на таленти кај младите.

Фокус групите се од отворен карактер и во нив може да учествуваат сите кои сакаат да придонесат кон успешна дискусија од која ќе произлезат конкретни насоки и резултати.

Економија

„Боинг“ со огромни финансиски загуби поради катастрофалните несреќи

Објавено пред

„Боинг“ соопшти дека неговата добивка во вториот квартал ќе биде намалена за 4,9 милијарди долари. Американскиот производител на „Боинг“ наведе дека загубата е поради еднократниот трошок, кој компанијата го претрпела поради приземјувањето на својот авион „737 Макс“ низ светот по двете катастрофални несреќи.

Тоа воедно ќе биде и најголема квартална загуба во историјата на „Боинг“ откако компанијата во следниот период ќе ги објави своите финансиски резултати.

Вкупните трошоци на Боинг поради намалениот обем на продажба, падот на производството и исплатата на отштетите на семејствата на жртвите во двете катастрофални авионски несреќи, ќе изнесуваат 6,6 милијарди долари.

„Боинг“ соопшти дека „737 Макс“ би можел да се врати во употреба на есен. Тој тип на авиони е приземјен откако еден се урна во Индионезија во октомври 2018 година, а вториот во Етиопија во март оваа година. Вкупно загинаа 346 патници и членови на екипажите.

Прикажи повеќе...

Економија

„Хеленик петролеум“ преговара со Владата за решавање на спорот во кој бара над 32 милиони долари

Објавено пред

Грчката компанија „Хеленик петролеум“ соопшти дека води разговори со македонската Влада и дека се отворени за изнаоѓање спогодбено решение за спорот, поради кој минатата година поднесе тужба во Меѓународниот суд против Република Северна Македонија и по кој бара отштета 32,6 милиони долари.

„Групацијата „Хеленик петролеум“ покрена арбитражна постапка против владата на Северна Македонија пред Меѓународниот кривичен суд во декември минатата година побарувајќи 32,6 милиони долари отштета, што произлегува од неисполнување на обврската за набавка на минимално договорените количини мазут во периодот од 2008 до 2011 година, што е прекршување на договорот од 1999 година. Членовите на арбитражниот трибунал беа назначени од двете страни и во моментов процесот е во тек“, рече еден од менаџерите на компанијата, Џорџ Алексопулос.

Во однос на прашањето што се однесува на нафтоводот Солун – Скопје, Алексопулос вели дека имаат контакти со македонската Влада во обид нафтоводот да продолжи да работи, согласно релевантната одредба од преспанскиот договор.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев се сретна со регионалната директорка на Светска банка

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, и заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, се сретнаа со регионалната директорка на Светска банка за земјите од Западен Балкан, Линда Ван Гелдер, и со директорот на Светска банка за Северна Македонија, Косово, Европа и Централна Азија, Марко Мантованели.

На средбата се потенцираше одличната соработка со Светска банка во насока на нејзино интензивирање во реализацијата на заедничките проекти на кои е воспоставена соработка и на реформските процеси значајни за зајакнување на економијата, социјалната сигурност и институционалните капацитети на државата.

Премиерот Заев ги пренесе цврстите заложби на Владата на Република Северна Македонија за справување со сивата економија, односно даночната евазија и во таа насока рече дека спроведувањето на мерката Мој ДДВ преку којашто 15% од ДДВ се враќаат кај граѓаните дава први позитивни резултати во тој правец, граѓаните покажуваат свесност и интерес да бараат фискални сметки и да пријавуваат незаконско работење на одредени правни субјекти, што претставува добар сигнал за успешноста во реализацијата на оваа мерка.

„Се наоѓаме во значаен период за нашата земја кога го заокружуваме нашето членство во НАТО. Треба да го искористиме овој поволен период за развој на економијата, кога бележиме одлични финансиски резултати потврдени и со статистички бројки. Започнавме со реализацијата на мерката Мој ДДВ за поврат на 15% од ДДВ кај граѓаните, со кој граѓаните директно учествуваат во зајакнувањето на домашната економија. Макроекономската финансиска стабилност и параметрите на раст ги потврдуваат добрите перформанси на економијата. Пензискиот фонд е стабилен, има пораст на плаќањето на социјални придонеси како резултат на отворањето нови работни места и порастот на платите. Цврсто определени сме за борба против сивата економија и корупцијата и за јакнење на правосудството како важни предуслови за привлекување нови инвестиции. Светска банка е наш значаен партнер во спроведувањето на сите овие планирани реформи“, рече премиерот Заев.

За наредниот период премиерот Заев најави дека ќе продолжат политиките на пораст на платите со што ќе се создадат услови и за реално зголемување на пензиите согласно очекуваните зголемени приходи во Пензискиот фонд покрај редовното законско усогласување на пензиите со трошоците за живот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 часа

(Видео) Косовскиот премиер Харадинај поднесе оставка

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе неотповиклива оставка на местото претседател на Владата на Косово, откако беше повикан да даде исказ...

Македонија10 часа

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија10 часа

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија11 час

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија11 час

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија14 часа

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија14 часа

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија15 часа

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија17 часа

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет17 часа

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Спорт18 часа

Кога Вимблдон зависи од деца

Тие се во сенка, иако стојат на сонце. Тие се незабележливи, иако ги гледате на ТВ екранот како ви претрчуваат....

Македонија1 ден

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет1 ден

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет1 ден

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ1 ден

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион1 ден

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија2 дена

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет2 дена

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија2 дена

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Досие