Контакт

Економија

Царовска: Високи 95 отсто искористеност на Оперативниот план за вработување

Објавено пред

Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година има високи 95 проценти реализација. Со него беа вкупно опфатени 6374 лица, од кои 3359 или 53 проценти беа млади лица до 29 години. Ова беше соопштено на прес-конференција во Владата каде што се обратија министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска.

Царовска како посебно значајна ја потенцираше вклученоста на жените во активните програми и мерки што водат до намалување на невработеноста и зголемување на вработливоста.

„Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година претставува одличен пример за родова еднаквост, во него 54 %, односно 3456 лица од учесниците во активните програми и мерки за вработување беа жени, што за нас претставува посебен успех и голем придонес за поголема инкузивност на жената на пазарот на трудот“, изјави Царовска.

Интересот за учество во активните мерки и програми за вработување беше голем и од страна на невработените лица и од страна на работодавачите, особено за програмите и мерките кои водат до директно вработување, потенцираше директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска.

„Преку учество во програмата ‘Самовработување’, сопствен бизнис отворија 1191 лица, мерката Субвенционирање на плати овозможи да се вработат 759 лица, а преку учество во мерката Вработување и раст на правни субјекти беа вработени 347 лица. Во рамките на спроведувањето на Законот за вработување на инвалидни лица се доделуваа финансиски средства со кои се поттикнува вработувањето на инвалидните лица, при што беа доделени средства за вработување на 209 лица“, истакна Јовановска.

На прес-конференцијата беше посочено дека голем интерес имало и за обуките за стекнување вештини што се барани на пазарот на трудот, наменети за доквалификација на невработените лица. Една од најбараните била програмата „Практиканство“ и во неа се вклучија 1263 невработени лица до 34-годишна возраст. Одлични резултати покажала и програмата „Општинско-корисна работа“, во која учествувале 703 лица, кои обезбедуваат социјални услуги во 56 општини во државата, најмногу како образовни и лични асистенти.

Во насока на намалување на младинската невработеност, во 2018 година започнала имплементацијата на пилот-мерката Гаранција за млади. Во изминатата година во Гаранција за млади биле вклучени 5266 лица (2694 жени), од кои 1839 лица или 35 проценти се вработиле во период од 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица во агенцијата.

Економија

Тевдовски: СБ одобри 420 милиони долари за проекти

Објавено пред

Бордот на извршни директори на Светска банка ја одобри четиригодишната Рамка за партнерство со Република Северна Македонија, која содржи проекти во вредност од околу 420 милиони. Преку овие проекти ќе се поддржи изградба на инфраструктура, вложување во човечки капитал и фискална и одржливост на животна средина.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, го поздрави донесувањето на Рамката за партнерство и истакна дека Светска банка е наш партнер во развојот и подобрувањето на животниот стандард на сите граѓани.

„Со овие средства ќе се поддржат проекти што ќе ги подобрат условите за живот на граѓаните и ќе се постигне праведен раст. Тоа ќе се реализира преку вложување во подобра инфраструктура, подобра деловна клима, подобро образование и други проекти кои ќе продуцираат повисок економски раст“, вели Тевдовски.

Проектите се поделени на три области. Првата област ќе го подобри деловното окружување за поконкурентен приватен сектор. Тоа ќе се реализира преку инвестиции во инфраструктурата со кои ќе се подобри поврзаноста. Исто така, предвидени се проекти за подигнување на конкуретноста и иновативноста на фирмите.

Проектите од втората област ќе го поддржат развојот на човечкиот капитал, преку инвестиции во образованието, обезбедување подобар пристап до социјални услуги за најранливите граѓани и поттикнување  поинклузивно учество на пазарите на труд.

Третата област се однесува на проекти за зајакнување на управувањето со јавните финансии и поголема одржливост на енергетските извори.

Како дел од Рамката за партнерство со земјата е и проектот со Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), кој министерот за финансии, Тевдовск,и го договори во рамки на Пролетните средби, а се однесува на поврзување на домашните компании со странските инвеститори.

Инаку, еден од проектите од Рамката беше усвоен вчера од Бордот на директори на Светска банка. Станува збор за Проектот за олеснување на трговијата и транспортот помеѓу земјите од Западен Балкан. Тој ќе го олесни тргувањето во регионот и ќе ги намали трошоците за фирмите. Станува збор за проект во вкупна вредност од 140 милиони долари, од кој првата фаза 90 милиони долари. Уделот на Република Северна Македонија во проектот е 30 милиони долари. Проценето е дека преку овој проект извозните и увозните трошоци за фирмите ќе се намалат за околу 10%.

Прикажи повеќе...

Економија

Почна аплицирањето по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година

Објавено пред

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување барања за субвенции за 2019 година е почнат и ќе трае до 30 мај.

Во овој период ќе се поднесуваат единствените барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година, односно за директни плаќања за растително производство, и тоа за површини со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади, како и за сточарско производство, и тоа за одгледување говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица.

Барањата за добивање на финансиската поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Оние баратели што не знаат сами да поднесат барање или имаат потреба од помош при создавање електронското барање може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели со состојба на 15 март 2019 година. Барањата за мерките од сточарското производство за говеда, овци, кози и пчели се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни со состојба на денот на поднесување на барањето.

Агенцијата ги потсетува одгледувачите на стока, пред поднесување на барањето, задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.
Сите корисници на оваа финансиска поддршка по аплицирањето и добивањето на отпечатениот примерок, добро да ги проверат податоците и ако има одредени отстапувања, во рок од 30 дена од денот на аплицирањето да ги извршат потребните корекции.

Прикажи повеќе...

Економија

„Алкалоид“ ја проширува програмата за практикантство и со средните училишта

Објавено пред

По успешната имплементација на програмите за практиканство со четири факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, „Алкалоид АД Скопје“ одлучи соработката од овој вид да ја прошири и со средните училишта. Во првиот циклус од програмата насловена „Серијална практична обука“, компанијата потпиша меморандуми за соработка со две средни училишта на територијата на град Скопје: средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ и средното хемиско училиште „Марија Кири-Склодовска“.

„Во насока на нашите заложби за корпоративна општествена одговорност, а поттикнати од успешните примери на практикантство со академските инстанци, каде добивме сериозни индикатори за тоа како активниот ангажман на младите, талентирани и амбициозни студенти може да се искористи во полн капацитет а при тоа да се има обостран бенефит, одлучивме да ги отвориме вратите и за практична соработка со средните стручни училишта поврзани со нашите бранши. Се надевам дека новите генерации ќе ја искористат шансата за надградување на нивните знаења и стекнување на нови практични вештини рамки на реални процеси“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид АД Скопје“.

За целите на спроведување на проектот, кој е верифициран од страна на „Стопанската комора на Македонија“, а поддржан и од управата на „Град Скопје“ денес во седиштето на „Алкалоид“ беа потпишани меморандумите за соработка помеѓу компанијата и образовните институции:

„Оваа програма за изведување практична настава отвора нова можност за учениците да стекнат практични вештини, знаења и искуства во оваа компанија. Верувам дека учениците ќе ја искористат оваа можност и стекнувајќи практично искуство, ќе ја зголемат својата атрактивност на пазарот на труд по завршувањето на образованието“, изјави Блерим Небиу, директор на СУГС „Марија Кири-Склодовска“.

Според ВД директорката на средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, Маја Салиу, потпишувањето на меморандумот за соработка со „Алкалоид АД Скопје“ е резултат на зедничката визија за поттикнување на вработливоста на младите:

„Стратешка ориентација на нашето училиште е да се продуцираат стручни кадри кои ќе одговорат на потребите на пазарот на трудот преку стекнување вештини низ практична работа во реални услови. Сето ова е во насока на воспоставување систем на дуално образование во склоп на заложбите за одржлив економски раст и развој“, рече Салиу.

Поаѓајќи од фактот дека квалитетното и соодветно образование е темел на општествениот и економски развој на секој град и држава, а во насока на унапредување на стандардите на образовните услуги во средните училишта и подигање на компетенциите на учениците раководителката на секторот за образование на Град Скопје, Даниела Адамова, изјави:

„Наша цел е преку поддршката на позитивните пракси од европските модели на дуално образование, да креираме сопствени модели на соработка со бизнис-заедницата кои ќе ги рефлектираат нашите специфични потреби за ефикасен и продуктивен образовен систем“.

Првиот циклус од програмите за практиканство „Алкалоид АД Скопје“ и Универзитот „Св. Кирил и Меториј“ го почна во април 2018 година. Преку истиот, 11 од вкупно 17 ангажирани практиканти останаа да работат за компанијата. Целта на новиот циклус на практиканство со средните училишта е да се поттикне развојот на младите стручни кадри преку нивен активен ангажман во автентични процеси. За својот практичен ангажман, средношколците ќе добијат симболичен паричен надомест од компанијата, а првата група од околу петнаесетина практиканти се очекува да почне со практичната обука кон средината на месец јуни годинава.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Свет9 часа

Помпео: Русија се меша во изборите во целиот свет

САД ќе продолжат да го осудуваат руското мешање во американските избори и ќе преземат одлучни мерки против злонамерното дејствување на...

Избори 201910 часа

МВР ќе издава лични карти и утре и задутре

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат в сабота и в недела...

Македонија16 часа

,,Сведочите на рекла-кажала”, Мијалков се обиде да го дискредитира Звонко Костовски

Со поставување вкрстени прашања, ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков се обиде да го дискредитира сведочењето на Звонко Костовски, еден...

Македонија17 часа

(Видео) Јанакиески побарал увид во доказите за крвавиот четврток

Околу триесетина минути траеше распитот на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во Обвинителството за организиран криминал и...

Македонија19 часа

Револтирана мајка: Син ми доби силна тупаница по главата поради бојата на кожата

Револтирана мајка од Скопје на Фејсбук објави дека нејзиниот 13-годишен син добил тупаница по глава, а претходно бил навредуван на...

Македонија19 часа

Надица се логираше со други имиња за да види што другите гледаат во системот, сведочеше Звонко Костовски

Обвинетата началничка во МВР, Надица Николиќ, на денешното судење за масовното прислушување познато под кодното име „Таргет-Тврдина“ го испрашуваше инженерот...

Крвав четврток20 часа

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во...

Македонија21 час

Теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал денеска ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Европа21 час

Шпанската полиција спречи терористички напад на џихадистите за Велигден во Севиља

Шпанската полиција, наводно, спречила планиран напад на велигденските поворки во Севиља, при што во Мароко е уапсен еден џихадист, соопшти...

Избори 20191 ден

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија2 дена

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Избори 20192 дена

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија2 дена

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија2 дена

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет2 дена

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет2 дена

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет2 дена

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија2 дена

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет2 дена

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа2 дена

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Досие