Економија
Цената на гасот во Европа скокна за 35 отсто

Цената на гасот во Европа утринава скокна за 35 отсто, надминувајќи го нивото од 1.400 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.
Гасот за испорака во март е договорен во холандскиот центар ТТФ по цена од 1.414,5 долари за илјада кубни метри, што е 120 евра за мегават час, пренесува ТАСС.
Во исто време, „Ројтерс“ јавува дека протокот на природен гас преку гасоводот Јамал-Европа кон Полска денеска е преполовен, а засега не се знае дали намалувањето на протокот е поврзано со ситуацијата во Украина, каде Русија започна со специјална воена операција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Германија се подготвува за тешка криза, Шолц воведува мерки: „Нѐ чекаат тешки години“

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги подготвува граѓаните на Германија за натамошни поскапувања. „Сегашната криза нема да заврши за неколку месеци“, изјави социјалдемократскиот политичар (СПД) на почетокот на таканаречената заедничка акција со највисоките претставници на работодавците и синдикатите во кабинетот на канцеларката, пишува „Дојче веле“.
„Војната во Украина и нарушените синџири на снабдување поради пандемијата на коронавирусот создадоа општа неизвесност. Мора да се подготвиме за фактот дека оваа ситуација нема да се промени во блиска иднина. Германија се соочува со историски предизвик“, порача Шолц.
Целта на овој прв од серијата состаноци е да се најдат инструменти за потиснување на растот на цените. Резултатите ќе бидат познати дури наесен.
„Како држава добро ќе ја поминеме оваа криза само ако се здружиме, ако најдеме решенија заедно, рака под рака. Општеството е многу посилно отколку што понекогаш се претпоставува. Пораката што ми е важна е дека мора да се држиме заедно“, рече канцеларот.
Економија
Шпаркасе банка преку платформата Sparkasse Life– поддржувач на настани од културно значење

Од 1 до 3 јули во Дојран, по 12-ти пат се одржа музичкиот фестивал „Д Фестивал“, на кој учествуваа многубројни реномирани домашни и светски музички имиња, а Шпаркасе банка во согласност со својата стратегија за корпоративна општествена одговорност беше поддржувач на фестивалот во рамките на платформата Sparkasse Life.
За време на фестивалскиот викенд, тимот на Шпаркасе банка имаше можност да ја почувствува убавата фестивалска енергија и атмосфера, но и да се дружи со посетителите на фестивалот во забавниот Sparkasse Life корнер и да им ја пренесе силната порака да веруваат во себе и во своите креативни способности, да се надградуваат и да ја движат заедницата напред. Токму Банката, свесна за значењето на музичките настани како овој врз целокупниот културен живот во нашата земја, но и препознавајќи ја потребата од поддршка на младите луѓе и целокупната уметничка сцена во државава, ја креираше платформата Sparkasse Life.
Преку платформата Sparkasse Life, Шпаркасе банка интензивно ќе поддржува иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред и на тој начин силно ќе ги бодри младите луѓе, кои се иднината на оваа земја.
Јули е во знакот на Sparkasse Life, па освен „Д Фестивал“, Шпаркасе банка ќе даде поддршка и на уште две значајни културни манифестации: Фестивалот на европски филм Cinedays, кој ќе се одржи од 7 до 14 јули, и фестивалот Охридско лето, кој ќе се одржи од 12 јули до 20 август во Охрид.
Освен активности поврзани со музика, концерти, културни настани и развој на уметноста, платформата „Sparkasse Life“ вклучува и активности поврзани со заштита на животната средина, спортски настани, промоција на навики за водење здрав живот и поддршка на спортот и младите таленти. Понатаму, содржани се сите сегменти што се од најразлични области на живеење, а се однесуваат на образование, здравство, ранливи и маргинализирани групи, како и донациите и активностите во сите споменати области.
Банката останува силно посветена на визијата да биде водечка банка по квалитетот на услуга, задоволството на клиентите и ангажираноста на вработените, па затоа ги охрабрува сите да бидат мотивирани и секогаш да посакуваат нешто подобро за себе, да бараат додадена вредност и квалитетна услуга и секогаш мудро да одбираат! Да веруваат во себе затоа што имаат банка што верува во нив.
ПР-текст
Економија
Владата усвои дополнет предлог-буџет за 2022 година

Во рамки на 58-мата редовна седница, Владата го усвои дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година, по што ќе биде испратен во Собранието.
Дополнетиот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2022 година претставува нов интегрален текст во кој Владата ги вгради прифатените амандмани и потребните измени и дополнувања.
Според предлогот на ресорното Министерство за финансии, усвоени се измени, кои се во насока на зголемување на средствата кај одредени буџетски корисници, со истовремено намалување на средствата од буџетскиот корисник – Министерство за финансии-функции на државата.
Истовремено, се врши реалокација на средства во рамките на одредени буџетски корисници, кои немаат дополнителен фискален ефект кај самите буџетски корисници на сметката на Основен буџет и се врши реалокација на средства во рамки на одредени буџетски корисници, кои немаат дополнителен фискален ефект кај самите буџетски корисници на сопствените сметки.
Дваесет и пет милиони денари дополнителни средства во здравството, животната средина, инфраструктурата се обезбедуваат со дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2022 година.