Економија
Цените на бензините остануваат исти, дизелот поевтинува

Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95, еуросупер БС-98 како и малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што се утврдени со одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.01.2021 година, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) се намалува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,445 ден/кг и ќе изнесува 31,268 ден/кг.
Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 61,00 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС -98 63,00 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 52,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 31,268 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,099%, дизелот има намалување за 1,215%, екстра лесното масло исто така има намалување од 1,321 %, додека кај мазутот има зголемување од 1,124% .
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,740%.
Од Регулаторната комисија за енергетика напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 26.1.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Милошоски: Забраната на банките да исплаќаат дивиденди е показател дека буџетот е слаб

Одлуката на Народната банка за забрана на банките да исплаќаат дивиденди е показател дека буџетот е слаб и дека државата е пред банкрот, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
Денеска во Стопанската комора во Битола на средба со стопанствениците, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во врска со одлуката на Народна банка за забрана на банките и осигурителните компании да исплаќаат дивиденди истакна дека ситуацијата е драматична. Според него, под итно треба да се санира буџетот, за да не дојде до банкрот.
-Одлуката на Народната банка е драматична. Истата за жал помина низ сенка покрај толку многу политички скандали. Во секој случај, тоа е уште еден показател дека државата има слаб буџет и дека се движи кон банкрот. Според мене, ако Народната банка се одлучила на вакви мерки да им забрани на банките да делат дивиденди, тоа значи дека можат само да ја зголемат недовербата во банкарскиот сектор. И за жал може некои граѓани коишто имаат депозити со право да размислуваат дали нивните депозити во банките седат сигурни или не се сигурни, ако на банките не им е дозволено да поделуваат дивиденди, посочи Милошоски.
Тој смеат смета дека е драматично тоа што се случува и треба под итно да се преземат мерки за санирање на буџетот.
-Без дополнителни задолжувања, за да не ни се случи, освен економски да имаме и буџетски потреси или не дај боже банкрот, рече Милошоски.
Економија
Георгиевска: За три години просечната плата пораснала за речиси 4.500 денари

За три години просечната плата пораснала за речиси 4.500 денари, платите растат и во време на пандемија и економска криза, изјави на прес-конференција пратеничката од СДСМ, Марија Георгиевска.
Таа оцени дека економските политики на Владата даваат реални и видливи резултати.
„И во време на пандемија и економска криза, не застана растот на платите во државата. Последна потврда за тоа е просечната плата за месец декември 2020 која изнесува 28.294 денари, што е за пет отсто повеќе во однос на декември 2019 година. Растот на минималната и просечната плата е врвен приоритет за СДСМ уште од првите денови на мандатот. Веднаш ја зголемивме минималната плата на 12.000 денари а потоа и на 14.500 и ја израмнивме во сите сектори.
Тоа, како и отворањето на нови работни места ја отвори спиралата на раст на платите и затоа три години по ред бележиме постојан раст на просечната плата.
Во последните три години, од крајот на 2017 кога е исплатена просечна плата од 23.850 денари до декември 2020 кога е исплатена просечна плата од 28.294 денари, бележиме раст на платите за 18,63 отсто. Односно, во апсолутна сума просечната плата од декември 2017 до декември 2020 година пораснала за речиси 4.500 денари.
Тоа е раст за повеќе од три пати споредено со периодот 2014-2017 година, последните години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога просечната плата пораснала за 6,44 отсто, осносно за 1.443 денари“, изјави Георгиевска.
Како што додаде, овие официјални податоци ја потврдуваат успешноста на политиките на Владата предводена од СДСМ кои имаат за цел да обезбедат брз економски раст и подобар животен стандард.
Економија
Новата Daikin Perfera – парапетна единица за беспрекорен домашен амбиент

Кога станува збор за правилен избор за климатизација на домот, особено е важно да изберете систем со кој ќе постигнете висока енергетска ефикасност, ќе ги намалите своите трошоци, а притоа ќе можете да си дозволите идеална атмосфера и комплетна удобност.
Без оглед на тоа дали станува збор за свежина во текот на летото или пријатност за време на зимата, на вашиот простор за живеење му треба чувство на благосостојба во текот на целата година, што ќе ви овозможи да се чувствувте пријатно и удобно.
Парапетната единица Perfera е создадена да го направи вашиот дом удобен. Стилски дизајниран преден панел и тивко работење како главни карактеристики, ја претвораат секоја просторија во вистински место за комплетна удобност.
Уникатни карактеристики за греење
Perfera овозможува максимална удобност благодарение на уникатните карактеристики во опцијата за греење:
1) Heat boost го загрева домот при стартување на климатизерот.
Поставената температура се достигнува 14% побрзо отколку кај обичен климатизер.
2) Функцијата Heat plus симулира зрачење на топлина 30 минути за да овозможи удобрно греење, а потоа се активираат претходните поставки.
3) Функцијата за затоплување на подот ја оптимизира конвекцијата со распределба на топлиот воздух од долниот дел на единицата.
Дизајнирани за паметна удобност
Изгледот на парапетната единица Perfera е функционален, но сепак стилски. Нејзиниот компактен и елегантен дизајн лесно се вклопуваат во повеќето современи ентериери, а високите перформанси ѝ овозможуваат да постигне неверојатна ефикасност.
Истовремено тивка и моќна, Perfera ви го нуди најдоброто како во опциите за греење и ладење, така и во дизајн и перформанси.
Преку мобилната апликација Daikin Residential Controller, можете да ја поврзете вашата Perfera со Wi-Fi и да управувате со климатизацијата од секаде преку вашиот смартфон, а има можност и за управување со гласовна контрола преку Amazon Alexa или Google Assistant.
Квалитет на воздух
Perfera содржи неколку филтри за да овозможи внатрешен воздух со најголем квалитет.
Flash Streamer со помош на забрзани електрони активира хемиски реакции со честичките што се пренесуваат преку воздух и ги уништува алергените, како на пример полен, бактерии и габи, ги отстранува непријатните мириси и овозможува подобар и почист воздух.
Рамномерна распределба на воздухот
Двојниот проток на воздух на Perfera парапетната единица е совршен за да создаде идеално ниво на греење. Воздухот се насочува нагоре и надолу за да спроведе подеднакво топлина.
Тивко работење
Perfera користи специјално дизајниран вентилатор кој го оптимизира протокот на воздух и создава високa енергетска ефикасност при ниско ниво на звук. За уште поголема енергетска ефикасност, Daikin исто така дизајнираше нов вентилатор кој добро се вклопува во компактните димензии на Perfera. Заедно, вентилаторот и разменувачот на топлина произведуваат врвни енергетски перформанси, сепак работат на ниво на звук што е практично нечуено.
Енергетски ефикасни
Подобрениот дизајн на Perfera ја зголемува енергетската ефикасност уште повеќе во споредба со претходните модели. Достапна со технологијата Bluevolution за повеќе да се намали влијанието врз системот и напојувана од 80% обнова на енергија од воздух и 20% струја. Технологијата со инвертор овозможува заштеда на енергија дури за 30%.
Perfera може да се користи во поставување со една внатрешна единица во поврзување со една надворешна единица, или во апликација со повеќе внатрешни единици поврзани со една надворешна единица – Multi-Split.
Прочитајте повеќе за системите на Daikin на ликот подолу: daikin.mk
(ПР-текст)
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа4 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран