Контакт

Економија

Шапуриќ се сретна со откупувачите на тутун во Прилеп

Објавено пред

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, придружуван од инспекторите во инспекторатот, во просториите на Научен институт за тутун во Прилеп, одржа состанокот со претставниците на компаниите кои се регистрирани за откуп на тутун. На состанокот присуствуваше и Гордана Мицевска директор Научниот институт за тутун и Мендо Стомнароски Претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

Во пресрет на претстојниот откуп на тутунот на состанокот се разговараше за откупот согласно новиот Закон за тутун. Посебен акцент на состанокот беше ставен на потребата од брзо формирање на Комисија за верификација на мострите од тутунот, бројот на откупните места и контролата на откупот од страна на овластените инспектори. Се разговараше и за потребата од навремено доставување на потребната документација до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и до Инспекторатот, како и за финансиските и другите условите кои што треба да ги исполнат, пред почетокот на откупот. Од страна на компаниите беше нагласено дека новиот Закон за тутун содржи значителни подобрувања во однос на претходниот закон, но дека во иднина треба да се извршат одредени допрецизирања на законот.

Шапуриќ истакна дека определба на Државниот инспекторат за земјоделство, како и на сите државни институции е да имаат постојана комуникација со бизнис секторот, но и со земјоделските производители, во насока на изнаоѓање на соодветни решнија. Воедно тој истакна дека, Инспекторатот за време на откупот на тутунот, максимално ќе биде присутен на терен и дека ќе претстои интезивен инспекциски надзор за време на откупот.

По завршување на состанокот во рамките на престојот во Прилеп, Шапуриќ го посети Тутунскиот комбинат Прилеп, кој што покрај производство на цигари, врши и откуп на тутунот. Менаџментот на комбинатот го информираше Шапуриќ за резултатите од стратешко партнерство со компанијата „Филип Морис“ како и тоа дека по повеќе од една деценија работење со загуби, годинава се очекува комбинатот да оствари добивка.

Економија

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Објавено пред

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој корисник на апликацијата „Мој ДДВ“, но само за сума до 30.000 денари по поединец.

„Оваа мерка ќе опфати повеќе од 350.000 корисници. Лично јас се надевам да опфати и 500 илјади граѓани. Корисниците на апликацијата ’Мој ДДВ’, кои за време на продолжениот викенд ќе купат домашни производи и услуги и ИТ опрема најмногу во вредност до 30.000 по поединец, за само неколку дена ќе им биде вратен целиот износ на ДДВ за овие производи“, рече премиерот Заев.

Тој ги повика правните субјекти да направат разграничување на домашните производи и услуги и странските во фискалните каси за да може да се спроведе мерката.

Премиерот очекува со оваа мерка, која ја нарече инјекција за стопанството, да се направи вкупен промет од над 170 милиони, а проекциите стигнуваат и до 250 милиони евра. Кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра со проекција да стигнат и до 22,5 милиони евра.

Викендот без ДДВ, кој се реализира како дел од четвртиот сет мерки, Владата го најави на почетокот на мај како една од третиот сет мерки за помош на граѓаните по економската криза предизвикана од коронавирусот.

Најавите беа тој да се одржи кога ќе спласне епидемијата за да се избегнат евентуални негативни последици.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Три категории граѓани ќе добијат платежни картички од 6.000 денари

Објавено пред

Пензионерите со пензии до 15 илјади денари, самохраните родители и барателите на работа ќе добијат платежни картички од 6.000 денари, како дел од четвртиот сет мерки за помош поради корона-кризата.

Премиерот Зоран Заев најави дека 5.726 самохрани родители ќе добијат помош од државата – платежна картичка со износ од 6.000 денари.

Пензионерите со пензија до 15 илјади денари, а такви има 182.271, исто така ќе добијат платежна картичка.

Со четвртиот сет мерки, 85.108 невработени пасивни баратели на работа ќе добијат помош од државата, во износ од 6.000 денари.

Платежните картички „Купувам домашно“ ќе ги добијат и студентите кои во претходниот пакет не ги добиле овие картички и навремено реагирале за тоа.

Според Заев, првите три сета мерки спречиле економски последици кои можеле да бидат драматични и долгорочни.

Прикажи повеќе...

Економија

Најбогатиот Британец и заговорник за брегзит се пресели во Монако

Објавено пред

Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и еден од водечките поборници за брегзит, ја напушти Велика Британија и се пресели во Монако, пренесува „Гардијан“.

Ретклиф, чие богатство се проценува на 17,5 милијарди фунти и официјално како свое живеалиште го регистрирал Монако, град-држава која веќе стана дом на многу богати Британци.

Според „Гардијан“, се проценува дека оваа промена ќе му донесе заштеда од околу четири милијарди фунти, кои Ретклиф нема да мора да ги плаќа како даноци. Оние што живеат во Монако најмалку 183 дена во годината се ослободени од плаќање данок на имот и приход. Од друга страна, весникот потсетува дека во Велика Британија највисоката даночна стапка за приходи повисоки од 150.000 фунти годишно, е дури 45 проценти.

Пред официјално да се пресели во Монако, Ретклиф беше трет на листата на најголеми даночни обврзници во Велика Британија, со платени 110 милиони фунти во текот на 2017 и 2018 година.

Ретклиф е хемиски инженер кој покрај дипломата за хемија има завршено и менаџмент на London Business School.

Во 1998 година го формира „Инеос“ и брзо почнува да се шири во петрохемијата купувајќи поранешни делови на „Бритиш Петролеум“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ2 часа

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија3 часа

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија4 часа

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ5 часа

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа5 часа

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет6 часа

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Топ7 часа

Кривични за двајца скопјани кои краделе од возила на институции и фирми

Скопската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе кривични пријави против 29-годишниот И.Џ. од селото Страхојадица, поради сомнение дека...

Европа8 часа

Швајцарците гласаат дали сакаат раскинување на договорт за слободно движење со ЕУ

Швајцарските гласачи денеска одлучуваат дали сакаат да го поништат Договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето, што е важен...

Свет9 часа

Во светот активни се речиси 8 милиони случаи на коронавирус

Во светски рамки, од почетокот на пандемијата се потврдени 33.058.423 случаи на коронавирус, а моментно се активни 7.649.933 случаи, покажуваат...

Економија22 часа

Најбогатиот Британец и заговорник за брегзит се пресели во Монако

Сер Џим Ретклиф, најбогатиот Британец и еден од водечките поборници за брегзит, ја напушти Велика Британија и се пресели во...

Европа24 часа

(Видео) Лондон: Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки, полицијата принудена да интервенира

Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против рестрикциите наметнати поради коронавирусот. Полицијата интервенираше откако насобраните ги...

Македонија1 ден

141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Протест против полициската бруталност во Битола: „Сакаме правда, и Ромите се граѓани“

Со извикување на паролите „И Ромите се граѓани“, „Нема правда, нема мир“, „Правда за Ромите“, „Роми полицајци“ денеска во Битола...

Свет1 ден

Астронаутка ќе гласа од вселената на изборите во САД

Астронаутката на НАСА, Кејт Рубинс, рече дека ќе гласа од вселената, на повеќе од 300 километри над Земјата, на претстојните...

Македонија1 ден

(Видео) Пендаровски и Пахор во Кампот за обука на вода во Охрид

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор денеска во Охрид го...

Свет1 ден

Украинскиот претседател бара објективна истрага за падот на авионот

Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека ќе се испитаат брзо и непристрасно причините за падот на воениот авион во кој...

Топ1 ден

Приведени 10 лица поради нападот на полицајци во Прилеп

ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 10 лица, и тоа: Е.Е.(28), Е.И.(30), Ф.Ќ.(37), С.А.(40), Ф.Ќ.(43),...

Топ1 ден

Приведени двајца скопјани – удриле во полицаец додека мерел со радар

Двајца скопјани се приведени откако удриле во сообраќаен полицаец во Скопје. Како што информира МВР, приведени се А.Д.(19) и К.М.(21)...

Македонија1 ден

МОН: Националната платформа достапна за учениците и родителите

Веб-страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од полноќ е веќе достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk. Со цел...

Досие