Економија
Шест милиони луѓе останаа без работа во ЕУ поради Ковид-19

Кризата предизвикана од коронавирусот има невидено влијание врз економијата на Европската Унија, како и врз пазарот на трудот и целото општество, се вели во студијата на Европската фондација за подобрување на условите за живеење и работа.
Според резултатите од истражувањето на оваа агенција со седиште во Даблин, до пролетта 2020 година во ЕУ биле вработени 5,7 милиони луѓе помалку отколку на крајот на 2019 година, а стапката на невработеност во европскиот блок се зголемила од 6,6 до 6, 7 проценти во истиот период.
„До јули 2020 година речиси 50 проценти од работниците во ЕУ се префрлија на работа со полно работно време или со скратено работно време“, е наведено во студијата.
Младите претрпеа најсилен пад на вработеноста, а работниците на возраст од 25 до 54 години и постарите машки работници обично имаа работа со скратено работно време.
Значителни разлики во работните услови беа регистрирани и меѓу земјите членки на ЕУ, при што Франција, Полска, Италија и Грција беа најтешко погодени од пандемијата, се додава во извештајот.
„За време на глобалната финансиска криза од 2008 до 2010 година, вработените со среден приход претрпеа најголеми загуби, а кризата од Ковид-19 најмногу ги погоди работниците со најниски примања до вториот квартал на 2020 година“, се наведува во извештајот.
Фондацијата предвидува дека стапката на невработеност во ЕУ ќе се искачи на 8,6 проценти во 2021 година и ќе остане на осум проценти во 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
(Видео) Мицкоски по средбата во МАСИТ: На ИКТ-индустријата ѝ недостига поддршка од Владата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со претставници кои се дел од МАСИТ, ги истакна успесите што оваа индустрија ги бележи, дури и во услови на пандемија на Ковид-19.
„Обртот на компаниите е околу една милијарда евра, бројот на вработени е повеќе од 16 илјади во овој момент и сите овие бројки во споредба со 2019 година во раст, би рекол двоцифрен, 10 и повеќе проценти. Она што исто така е импозантно и треба да се спомене е дека извозот практично од ИКТ-индустријата на годишно ниво во 2020 година е повеќе од 230 милиони евра. Данокот што го платиле овие компании, а кој е резултат на профитот што го оствариле некаде околу 12 и пол милиони евра, значи сериозна бројка што влегува во буџетот“, истакна Мицкоски.
Според него, она што недостига се соодветната клима и поддршката од страна на Владата и исполнување на ветувањата што биле дадени за време на предвремените парламентарни избори во делот на даночната политика, во делот на работните односи.
„Потребно е да се стимулираат овие компании, а ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме сериозна програма во делот на дигитализацијата, која практично беше и составен дел од нашата предизборна кампања. Она што го гледаме денеска од Владата е сѐ, само не дигитализација, бидејќи честопати од нивна страна беше најавувано, а нема ни некаков почеток по тоа прашање“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Додаде дека општество што не е дигитализирано го става во прашање и неговото постоење.
Економија
Бесими на средба со експертската заедница, даночната реформа почнува годинава

Даночната реформа почнува годинава преку реализација на 13 цели и 40-ина активности и многубројни подактивности од акцискиот план за 2021 година за спроведување на Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025 година. Мерките предвидуваат анализи, примена на модели и искуства, а ќе бидат проследени со јавни расправи и консултации. Решенијата што ќе се донесат ќе бидат резултат на овој процес, информираат од кабинетот на министерот за финансии.
Во таа насока еување и денешната дискусија за даночната реформа на министерот за финансии, Фатмир Бесими, со претставници на академската и експертската заедница, академици, универзитетски професори и експерти, кои ја покриваат областа на даночната регулатива.
Подобрување на постојната даночна политика и нејзино усогласување со ЕУ, обезбедување праведна конкуренција, анализа на даночната основа, намалување на даночната евазија, намалување на даночните долгови, подобрување на капацитетите на институциите во даночниот систем, зголемување на транспарентноста, подобрување на контролните механизми, подобрување на услугите и воведување стимуланси за еколошка одговорност и зелено даночење, ова се конкретните цели опфатени со акцискиот план за годинава, објаснуваат надлежните.
Активностите што треба да се реализираат во рамките на овие цели се анализа на даночната основа и евентуални измени на даноците на личен доход, на добивка и на имот, како и анализа на даночните олеснувања. Понатаму, предвидени се активности за спречување даночна евазија, подобрување на фискализацијата, кешлес-околина, модернизација на услугите, развој на човечки ресурси и изготвување предлози за воведување стимуланси за еколошка одговорност, како и други активности во рамките на целите, информираат од кабинетот на Бесими.
Петте приоритети што треба да се постигнат со спроведување на овие цели и активностите се: поголема праведност во даночењето, подобра ефикасност и ефективност на даночните приходи во насока на наплата на приходи, поголема даночна транспарентност, поголем квалитет на услугите и воведување зелено еколошко даночење.
Министерството за финансии и Владата се залагаат за градење подобар даночен систем, кој ќе биде ефикасен, транспарентен, современ, едноставен и праведен и како таков ќе биде основа за забрзан економски раст и развој. Ова ќе се спроведе преку еден транспарентен и инклузивен процес на консултации и јавни расправи со засегнатите страни, кој почна минатата недела со средбата на министерот за финансии со претставници на стопанските комори, а ќе продолжи и во иднина, известува кабинетот на Бесими.
Економија
Германија, поради коронавирусот, се задолжи над 650 милијарди евра

Германската држава, провинции и општини ќе позајмат 650 милијарди евра во борбата против коронавирусот, се вели во студијата на Институтот за германска економија (IW).
„Во зависност од тоа што ќе се случи во следните недели и месеци тој број може да биде уште поголем“, рече директорот на Институтот, Мајкл Хатер.
Експертите сметаат дека брзото намалување на задолженоста треба да се напушти и дека е подобро да се остави повеќе простор за институцијата да дејствува во однос на потребните инвестиции.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш