Контакт

Економија

Што празник е 11.11. и што може да се очекува на овој ден – Очекувајте огромни попусти и супер понуди!

Објавено пред

Денот на самците 11.11. се одбележува од 1990 година, како спротивност на Денот на заљубените, со цел луѓето кои не се во врска да купуваат производи за себе. Согласно податоците од ланската вкупната продажба, 11.11. е четири пати поголем од Црн петок и Сајбер понеделник, двата најпопуларни шопинг дена во светот.

На овој ден, компаниите нудат огромни попусти на своите производи за период и важност од 24 часа. Во оваа акција земаат учество најголемите светски компании за онлајн продажба, но и компании за малопродажба од целиот свет. Лани на овој ден, за само 24 часа, една од најголемите светски компании за онлајн продажба направила вкупна продажба од над 30 милијарди долари, со што беше поставен нов рекорд на најголемиот малопродажен настан на светот.

Оваа година, овој понеделник, 11.11., празникот ќе земе замав и кај нас. Најголемиот бренд за малопродажба на апарати за домаќинство „Нептун” организира голема акција по повод овој светски настан. Акцијата „Само еден ден 11.11.” ќе нуди огромни попусти и супер понуди од сите продуктни категории. Потрошувачите ќе може да купат производи по најниски цени, со супер услови и можност да плаќаат до 60 рати. Акцијата ќе важи за купување во „Нептун” продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб-сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг NEPTUN достапна на Play Store и App Store.

Не ја пропуштајте оваа идеална шанса за шопинг по супер цени, посетете ги „Нептун” продавниците и уживајте во шопингот!

(ПР текст)

Економија

Земјава му даде согласност на ММФ – ќе се отпише долгот на Сомалија од 138 илјади долари

Објавено пред

На денешната седница Владата даде согласност на предлогот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) нејзините членки да учествуваат во отпишување на долгот на Сомалија по надминувањето на долготрајната граѓанска војна и политичката криза и нејзините напори повторно да ја изгради економијата и покрај тешките околности со кои се соочува.

Со согласноста да учествува во овој процес, Владата заедно со донаторската заедница и меѓународните институции ги отстапува своите средства во покривањето на долгот на Сомалија во висина од 138.000 долари за да испрати позитивен сигнал кон меѓународната заедница дека нашата земја има волја и е способна да се справи со меѓународните обврски, како и со обврските што се наметнуваат со членството во меѓународните финансиски институции.

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

Формирана комисија за спроведување на мерката за клима-инвертери

Објавено пред

На денешната седница Владата донесе решение за формирање централна комисија за следење на спроведувањето и имплементирањето на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима-уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, Кичево, Тетово и во Скопје, а кои користат енергетски неефикасни уреди за греење во своите домаќинства, кои влијаат на зголемување на концентрација на ПМ 10 и ПМ 2,5.

Владата ги задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање, канцеларијата на заменик-претседателката задолжена за економски прашања, Министерството за економија, Министерството за информатичко општество и администрација, кои се во функција на исполнување на оваа мерка, да именуваат по еден член и негов заменик и тоа го препорача и до АД „Електрани на Северна Македонија“.

Во комисијата рамноправни членови се и по еден претставник од граѓанските организации „Движење за околината Молика – ДОМ Битола“, еколошкото здружение „Движење екогерила Тетово“ и од Македонската платформа против сиромаштија – МППС и сите тие се задолжени за постојана контрола и мониторинг на целиот процес на имплементација на оваа мерка.

Прикажи повеќе...

Економија

МФ утре ќе исплати над 166 милиони евра по основ на стари доспеани долгови

Објавено пред

Министерството за финансии утре ќе врати 166,4 милиони евра по основ доспеани долгови, и тоа 155 милиони евра за втората рата на ПБГ-заемот земен 2013 година и 700 милиони денари по основ издадени државни хартии од вредност.

Од Министерството соопштија дека годинaва треба да се отплатат стари долгови во износ од 702,7 милиони евра, од кои кон надвор, односно надворешен долг – 437, 8 милиони евра и домашен долг од 264,9 милиони евра.

„Покрај ПБГ-заемот, во декември треба да се отплати останатиот дел од еврообврзницата од 2015 година во износ од 180 милиони евра со каматна стапка од 4,9%. Вкупната вредност на еврообврзницата издадена во 2015 година е 270 милиони евра, од кои во 2018 година со издавањето на еврообврзницата со најниска камата досега од 2,75%, беа рефинансирани 92 милиони евра од еврообврзницата од 2015 или за првпат беше предвреме отплатена која било од еврообврзниците и воедно намален товарот за отплата во 2020 година“, соопштија од МФ.

Од таму велат дека јавниот долг е стабилизиран. „Ако во 2016 година тој изнесувал 48,8%, согласно последната состојба, јавниот долг изнесува 47,7% и тоа со вклучен негарантиран долг, кој порано не бил вкалкулиран“, велат од Министерството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени почувствуван во земјата

Земјотрес со јачина од 4,5 степени вечерва беше почувствуван во земјата и регионот. Епицентарот, како што јавуваат медиумите од регионот,...

Македонија5 часа

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Македонија5 часа

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија7 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт7 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија7 часа

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија8 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија10 часа

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија12 часа

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија12 часа

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија13 часа

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ14 часа

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура14 часа

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет15 часа

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет16 часа

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет16 часа

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет16 часа

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија1 ден

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ1 ден

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија1 ден

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Досие