Економија
Јунајтед Груп лансира EON TV платформа во Грција

ЕОН сега е достапен на пазар од над 40 милиони луѓе
Јунајтед Груп, водечката телекомуникациска и медиумска компанија во Југоисточна Европа, денеска објави дека ја започна платформата ЕОН во Грција.
Најпопуларната ТВ платформа во Југоисточна Европа сега е достапна за корисниците на компанија Нова благодарение на Јунајтед Груп, која исто така ја носи најмодерната технологија и голем избор на ексклузивни кино и спортски содржини на грчкиот пазар, со врвни квалитетни услуги достапни за секого. ТВ платформата ЕОН беше претставена заедно со пакетите ЕОН со супер брз оптички интернет и фиксна телефонија.
Во рамките на Јунајтед Груп, во С. Македонија работи компанијата Тотал Тв преку која е активна мобилната апликација ЕОН и за корисницте во С. Македонија.
Платформата ЕОН ТВ, развиена од Јунајтед Клауд, иновативен центар на на Јунајтед Груп, сега им нуди на клиентите во Грција, како што тоа го правеше во Србија веќе три години, иновативен начин за гледање телевизија со најдобро корисничко искуство достапно во секое време, насекаде, преку Smart Box или преку EON апликациите на мобилен телефон, таблет, компјутер или телевизор.
Покрај бројните функционалности, како што се враќање на содржина до 7 дена на скоро сите канали, мулти -екран, гласовно пребарување, EON профили, EON Kids и многу други, EON доаѓа со елегантен далечински управувач кој што е награден со признание Red Dot Design.
Како дел од пакетот ЕОН, достапни се Нова Спорт девет канали во Грција, кои имаат ексклузивни права за пренос на натпревари од Премиер лигата во следните шест сезони, почнувајќи од август следната година – грчката Супер лига, Ла Лига, Бундеслига и Лига 1, како како и повеќе од 3.000 преноси во живо во повеќе од 40 врвни натпревари и турнири со најдобрите тимови и спортисти од целиот свет.
Нова потпиша ексклузивни договори со некои од најголемите холивудски филмски студија – Universal, Sony Pictures, MGM и Warner Bros, што и овозможува на компанијата исклучиво да емитува холивудски филмови и серии.
Откако започна со работа во Бугарија и Хрватска на почетокот на оваа година и беше воведен во Грција, ЕОН стана водечка ТВ-платформа во Југоисточна Европа, која е достапна за дијаспората ширум светот, како и пазарите на Јунајтед Груп за повеќе од 40 милиони луѓе.
За Јунајтед Груп:
Јунајтед груп, со седиште во Холандија, е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Компанијата работи во осум земји, има приближно 11 милиони клиенти, речиси 14.500 вработени и годишен приход од околу 2 милијарди евра. Јунајтед Груп има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивен избор на ТВ -содржини од целиот свет. Значајни инвестиции во дигитална инфраструктура, медиумска содржина и технологија, обезбедуваат извонредност на производите и услугите што им ги нуди на клиентите. Од март 2019 година, Јунајтед Груп е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите инвестициски компании во светот. Во рамки на Јунајтед Груп (United Group) во Р.С. Македонија работи Тотал ТВ.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај 2023 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 јуни 2023 година.
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
06.06.2023– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
07.06.2023– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Економија
Кинеска и турска компанија лажирале документација за мегапроект во Босна и Херцеговина

Кинеската групација „China Gezhouba Group Co.“ ДОО во понудата за изградба на тунелот Прењ доставила неточни информации и лажна документација.
Тунелот треба да се изгради на трасата на автопатот на коридорот 5С, на југот на Босна и Херцеговина.
Ова за Радио Слободна Европа (РСЕ) го потврдија од Јавното претпријатие автопат на Федерацијата Босна и Херцеговина. Станува збор за компанија од Вухан.
Во септември минатата година, државната компанија „Автопати“ на Федерацијата Босна и Херцеговина отвори тендер за доставување документација за изведувачот за изградба на тунелот Прењ.
Ова е најважниот инфраструктурен проект во Босна и Херцеговина, велат од оваа компанија. Додаваат дека тоа е деветти најдолг патен тунел во Европа. Планирано е да биде долг околу 11 километри.
Од „Автопати“ ги провериле податоците и утврдиле дека оваа кинеска компанија нема валидна документација, поради што е дисквалификувана. Кинеската групација не одговорила на барањето на „Радио Слободна Европа“, зошто доставиле лажни и неточни информации.
Во исто време, „Автопати“ потврдиле дека „China Gezhouba Group Co.“ ДООЕЛ никогаш не учествувала во проектите на овој субјект компанија.
За изградба на тунелот пристигнаа осум понуди. Меѓу нив имаше уште една понуда од компанија од Кина, три од Турција и една од Индија. Покрај тоа, на тендерот се пријавија и два конзорциуми од Турција и Јужна Кореја. Освен кинеската групација, лажна документација доставила и компанија од Турција.
„Неточни податоци во понудата за изградба на тунелот Прењ доставила и компанијата од Турција, „Озалтин Инсаат Тицарет“ ве Санаји А.С.“, велат за РСЕ од „Автопати“.
Нелогичности во понудите утврдила комисијата формирана од оваа компанија.
Босна и Херцеговина побара заем од ЕБОР за финансирање на изградбата на приоритетните делови од автопатот на Коридорот 5С. Износот на заемот е 97 милиони евра. Во финансирањето на изградбата на тунелот ќе учествува и Европската инвестициска банка (ЕИБ).
Како дел од овој проект, проценетата вредност на изградбата на тунелот Прењ е околу 500 милиони марки (250 милиони евра).
Изградбата ќе започне кон средината на оваа година, а работите ќе траат шест години. Планирано е да се заврши до крајот на 2028 година, со што ќе се заокружи целиот Коридор 5С.
Економија
Манасков: ЕВН и Регулаторна го осиромашуваат народот на рекетарски начин

Стопанската комора за енергетика е на став дека ЕВН и Регулаторната Комисија го осиромашуваат народот на, како што велат, монополски рекетарски начин.
Претседателот на комората, Ѓорги Манасков, порача до претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски да каже која институција ја контролира ЕВН на терен во државата и како.
„Дали се сериозни. По барање на ЕВН , да се зголеми цената на сметките за мрежарина и воведување на нови мерни броила за полесно да врши МОБИНГ и манипулација врз граѓаните и компаниите во Македонија, замислете дека Бислимовски и Регулаторна Комисија ќе им го одобри? Нека каже Бислимовски која институција ја контролира ЕВН на терен во државава и како? До кога ЕВН и Регулаторна Комисија ќе го осиромашува овој народ на овој монополски рекетарски начин???… Засрамете се , и престанете да правите штета. Бидете сигурни дека за ова ЕВН и Регулаторна, ќе мора да сносат сериозни последици еден ден“, пишува Манасков.