Контакт

Економија

Анѓушев: Обезбедувањето квалитетен кадар е приоритет на Владата и стопанството

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, учествуваше на форумот „Предизвизиците на компаниите за изнаоѓање квалитетна работна сила во модерното време“, кој се организира во рамките на проектот „Партнерство за подобра бизнис-регулатива“, кој го спроведува ЕПИ-центар во соработка со Стопанската комора на северозападна Македонија, Стопанска комора на Македонија, Сојуз на Стопански комори и МАСИТ, а е финансиски поддржан од УСАИД.

dobivaj vesti na viber

Анѓушев во своето воведно излагање пред присутните истакна дека Владата е силно посветена на економскиот развој на земјата и за таа цел се креирани низа комплементарни програми за поддршка на стопанството коишто даваат добри резултати, пришто дополни дека најзначаен предизвик на економијата во периодот кој следи е обезбедување квалитетен и соодветно обучен кадар за потребите на компаниите.

„Со посветена работа невработеноста е намалена на рекордно ниска стапка од 19,4%, со што ја пробивме бариерата од 20%, во позитивна смисла. Кога станува збор за дополнително намалување на невработеноста и обезбедување соодветен кадар за стопанството мора да кажеме дека станува збор за двоен предизвик. Од една страна станува збор за структурата на невработените: добар дел од нив се повозрасни лица над 52 години, дел од невработените немаат соодветно образование, односно поседуваат образование за коешто економијата нема реална потреба, додека дел од лицата имаат само основно образование. Од друга страна е иселувањето на младите, особено оние високоедуцирани кадри, во чиешто образование државата има инвестирано средства. Согледувајќи ја реалната ситуација, Владата презема соодветни активности и креира мерки за преквалификација и доквалификација, за потребите на компаниите и паралелно да се поттикнуваат домашните и странските инвеститори да отвораат нови работни места кои ќе бидат подобро платени и поатрактивни за младите едуцирани луѓе. Значи паралално работиме на тоа да ги подржиме компаниите да отвораат нови атрактивни работни места, како и на обезбедување  поддршка за преквалификација на невработените за потребите на стопанството“, потенцираше Анѓушев.

Вицепремиерот подвлече дека со имплементација на Законот за финансиска поддршка на инвестициите се обезбедени услови за поинтензивен индустриски развој во земјата, а како резултат на оваа поддршка се отворени над 26.000 нови работни места во 2018 година, најголем дел во приватниот сектор, се реализираат нови 19 проекти на странски инвеститори, над 250 проекти на домашни компании поврзани со технолошкиот развој се поддржани преку мерките од планот за економски раст, нивото на странски инвестиции е на рекордни 624 милиони евра, додека забележан е и сериозен раст на индустриското производство.

„Обезбедувањето соодветен кадар за потребите на стопанството се прави на два начина, преку промена на образовниот процес и воведување на дуалното образование во средните стручни училишта и поттикнување на младите да студираат на технички факултети, пришто резултатите ќе дојдат за 5-6 години, како и со акутни мерки кои се брзи и динамични. Акутните мерки подразбираат преквалификација на постојната работна сила, на невработените кои немаат соодветни квалификации. За таа цел е креиран Оперативниот план за вработување, кој се спроведува преку Агенцијата за вработување, а за кој се обезбедени рекордни средства од 1,1 милијарда денари кои ќе се наменат за поттикнување на самовработувањето, преквалификации и обуки кај работодавачите и мерки за добивање на  знаења и вештини за ИТ“, кажа Анѓушев.

Зборувајќи на панелот „Трендовите во работните односи и мотивите за останување во државата“, вицепремиерот соопшти дека и покрај рекордно ниската стапка на невработеност, сè уште како невработени се евидентирани над 105 илјади лица во земјата. Најголемиот дел од овие лица или околу 40 проценти се лица над 50 години, а дури 50 отсто од невработените се со основно или без образование, а околу 25 проценти од невработените се со завршено средно образование.

„Направена е анкета на 3.140 компании со 7 и повеќе вработени, кои во анкетата навеле дека во периодот од наредните 6-12 месеци би имале потреба од околу 18.400 нови вработувања. Анкетираните компании се само дел од сите кои работат во земјата, доколку се земат предвид и оние кои не се анкетирани, веројатно потребите на домашните компании би достигнале и до 30.000 нови вработувања. Ако се видат потребите од профили на кадри кои им се потребни на компаниите, ќе се увиди дека најбарани професии се машински инженер, градежен инженер, програмер, електротехничар, машински техничар, шивач, келнер, готвач, пекар, слаткар, заварувач, бравар, столар, чевлар, возач на товарно возило, автомеханичар, електричар за одржување и оператор на ЦНЦ-машини.

Не е предизвик отворањето нови работни места, поголем предизвик е како да се пополнат овие работни места. Токму затоа, дел од тие најбарани работни места би можеле да се пополнат преку преквалификација на активно невработените лица, со мерките од оперативниот план за вработување и паралелно треба се повеќе да ги стимулираме младите да посетуваат технички факултети, тоа се два процеси со кои ќе добиеме уште попозитивни резултати. Не смееме да го комерцијализираме образованието и да отвораме нови факултети, за младите да добијат дипломи кои потоа нема каде да ги применат, тоа мора да застане“, порача вицепремиерот Анѓушев.

Економија

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено поради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Објавено пред

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.

dobivaj vesti na viber

„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија“, изјави Трипуновски.

Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.

„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани“, заврши Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата

Објавено пред

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.

dobivaj vesti na viber

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.

Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.

Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Објавено пред

Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својата фејсбук страна објави дека ги потпишал првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

dobivaj vesti na viber

Во својата објава Трипуновски вели: „Почитувани земјоделци, штотуку ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, нека е аирлија!“

Трипуновски во неколку наврати ја алармираше јавноста дека во Република Македонија постојат договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост кои истекуваат оваа година, но на истите не им е овозможено продолжување и дека Николовски го кочи продолжување со образложение дека се потребни законски измени на законот за земјоделско земјиште.

„Сепак на крајот успеавме да го реализираме нашиот предлог за разрешница на овој проблем по многу побрза и поедноставна постапка, наспроти тврдењата на министерот Николовски кој постојано, од непознати причини, тврдеше дека се потребни измени на законот за земјоделско земјиште и дека со анексирање на договорите не се решава овој проблем. Со ова само се докажа дека Николовски повторно ве лаже како што тоа го прави изминативе 7 години“, дополни Трипуновски.

Позитивно е тоа што овој голем проблем доби решение и засегнатите земјоделци конечно ќе можат да ги продолжат своите договори согласно законските регулативи. Со ова Трипуновски покажа дека ќе биде предводник во промените и решавањето на проблемите во македонското земјоделство.

„ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе биде на страната на македонските земјоделци, доколку ние не го изнесовме овој проблем во јавноста, СДС и Николовски никогаш немаше да ги продолжат овие договори на вредните македонски земјоделци или пак тоа ќе го правеа селективно и повторно земјоделското земјиште ќе завршеше кај луѓе што не се земјоделци или истото ќе го трансформираа за плантажи со фотоволтаици. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе може гордо и со крената глава да биде помеѓу светиниколчани и сите земјоделци во Република Македонија“, заврши Трипуновски во својата објава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија4 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија5 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет6 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет6 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија7 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија7 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет7 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет7 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет7 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија17 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија17 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија17 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија19 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија22 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија1 ден

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија1 ден

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија1 ден

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...