Контакт

Економија

(Видео) Анѓушев: Планот за економски раст ќе поттикне реален развој на стопанството

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, учествуваше и се обрати на „Самитот на мали земји – нови трендови на бизнисот“, во организација на Стопанската комора на Македонија. Тој истакна дека во насока на поинтензивен економски раст Владата работи на создавање и одржување добри односи со сите земји, за развивање на меѓусебната економска соработка и подобрување на можностите на македонските компании за подигнување на конкурентноста.

dobivaj vesti na viber

„Постојат три можности за овозможување повисоки стапки на раст на домашниот бруто-производ, како што се зголемување на домашната потрошувачка, зголемување на извозот и инвестиции во капитални проекти. Знаеме дека има можности за подобрување на домашната потрошувачка, но тие се лимитирани и токму во таа насока Владата се одлучи растот на БДП да се поттикне преку стимулирање на извозот и со повисоки инвестиции на државата во капитални проекти, како што се изградба на патишта и железница, со особен фокус на Коридорот 8, како и изградба на енергетска инфраструктура“, потенцира Анѓушев.

Во насока на подобрување на конкурентноста на македонските компании, вицепремиерот Анѓушев нагласи дека се донесени мерки за поддршка на стопанството со кои се стимулира технолошкиот развој на компаниите, нови инвестиции и отворање нови работни места за граѓаните. „Планот за економски раст особено внимание посветува на интернационализацијата на македонските компании, односно поддршка за унапредување на нивната конкурентност и зголемување на нивното присуство и учество на странски пазари. Особено е значајно дека Владата, препознавајќи ја потребата на бизнисите за пристап до поголеми пазари, односно до повеќе потрошувачи, креира мерки токму за неповратна финансиска поддршка за компании што ја зголемиле својата конкурентност на нови пазари, како и поддршка на компаниите за освојување нови пазари и пораст на продажбата“, истакна Анѓушев.

Тој претстави дел од мерките од планот за економски раст, со кои се поддржуваат развојни проекти на малите и средните компании. „Најзначајна мерка што сакам особено да ја потенцирам е поддршката на малите и средните претпријатија за подобрување на иновативноста. Преку оваа мерка обезбедена е финансиска поддршка за развој и примена на иновативни решенија кај компаниите преку покривање до 70 отсто од директните трошоци во инвестициски проекти. За малите и средните претпријатија предвидена е финансиска поддршка за технолошки развој на компаниите преку покривање до 30 отсто од директните трошоци во инвестициски проекти“, нагласи Анѓушев.

Преку Законот за финансиската поддршка на инвестициите, кој важи за сите компании, независно од големината и сопственоста, се овозможува голема поддршка за интернационализација и технолошки развој на македонските компании. „Компаниите ќе бидат финансиски поддржани со поврат на 10 отсто од инвестициските трошоци (или 20 отсто доколку станува збор за економија од Западен Балкан) за зголемување на конкурентноста на нови пазари. Дополнително, со цел да се поттикне технолошкиот развој на компаниите и компаниите да применуваат модерни трендови во нивното функционирање, планот за економски раст ќе поддржува воспоставување одделенија за технолошки развој и истражување преку поврат до 50 отсто од вкупните оправдани трошоци за индустриско истражување“, посочи Анѓушев.

Економија

Трипуновски: Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра

Објавено пред

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, преку фејсбук-објава извести за рекорден трговски дефицит во 2023 година за земјоделско-прехранбени производи во висина од 436 милиони евра.

dobivaj vesti na viber

„Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра. Еве како СДС го уништува македонското земјоделство, Македонија со СДС стана земја увозно зависна од храна. Негрижата за македонските земјоделци и тотално погрешните земјоделски политики на СДС ги принудија земјоделците да го напуштат полето, а со тоа македонските граѓани да јадат увозни земјоделски производи, Македонија од земја извозник стана земја увозник на храна под власта на СДС. Земјоделците ќе имаат вистински партнер во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе го вратиме македонското земјоделство во онаа препознатлива состојба, а Македонија повторно ќе биде земја извозник на храна“, рече Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2023 година

Објавено пред

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.

dobivaj vesti na viber

На крајот на четвртиот квартал од 2023 година:

На 31.12.2023 година, нето надворешниот долг изнесува 4.458 милиони евра (или 32,6% од проценетиот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2023 година, е зголемен за 305 милиони евра, или за 7,3%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67%.

Во текот на четвртиот квартал од 2023 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 160 милиони евра и изнесува 8.500 милиони евра, односно 62,2% од проценетиот БДП за 2023 година.

Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно на следниот линк.

Прикажи повеќе...

Економија

Во вториот квартал од 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе остане 1,5 отсто, одржана седница на Советот на Народната банка

Објавено пред

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, одржана на 28 март 2024 година, врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, донесе одлука за задржување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во Република Северна Македонија во висина од 1,5%, којашто ќе се применува и во вториот квартал од 2025 година. Одлуката се заснова врз оцените за постепено стабилизирање на нагорните циклични системски ризици и постојана стабилност на банкарскиот систем. Исто така, ги зема предвид условите од окружувањето коешто и натаму е неизвесно и придружено со ризици, што е причина за претпазливо спроведување на макропрудентните мерки заради натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор. Со одржувањето на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот се придонесува за спречување и за намалување на можните ризици.

dobivaj vesti na viber

Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и ќе ја преоценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа. Притоа, имајќи ја предвид природата на противцикличниот заштитен слој на капиталот и насоките на релевантните европски институции, Народната банка може да ја оцени потребата за зголемување на стапката, при раст на ризиците и неизвесностите од окружувањето, во услови на поволни остварувања на банките. Во случај, пак, на значително остварување на ризиците во билансите на банките, може да се оцени и потребата од делумно или целосно ослободување на овој заштитен слој на капиталот, како поддршка во работењето на банките при евентуални неповолни сценарија.

Советот на Народната банка на седницата разгледа и други материјали поврзани со работата на централната банка.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион2 часа

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ2 часа

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ4 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија5 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Македонија6 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион7 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион7 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа7 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет7 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа8 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија20 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија20 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија22 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија23 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија1 ден

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија1 ден

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија1 ден

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...