Економија
(Видео) Анѓушев: Странските инвеститори внеле 78,8 милиони евра во првите три месеци
Вкупно 78,8 милиона евра во првите три месеци е влезен капитал на странските компании во земјата во првите три месеци, истакна заменик-претседателот на Владата, Кочо Анѓушев. Тој посочи дека кај странските директни инвестиции постојат повеќе категории и непотребно се вознемирува јавноста од страна на некој што не ги познава доволно економските тековите.
„Оваа година капиталот на странски фирми што донеле пари да инвестираат во нашата државата во првиот квартал од 2019 година изнесува 78,8 милиона евра. Истата таа категорија, во 2018 година капиталот на странски фирми изнесува 13 милиона евра, во 2017 година е 12,9 милиони евра, во 2016 година се влезени 20 милиони евра, во 2015 година бројката изнесува 7,5 милиони евра, во 2014 година 17,4 милиони, во 2013 година – 3,8 милиони евра и во 2012 година капиталот на странските инвестиции изнесува 34,7 милиони евра. Ова се вистинските бројки на странски капитал донесен за инвестиции во нашата држава. Оваа година само во првиот квартал се 78,8 милиона евра, а просекот од претходните седум години изнесува 15,6 милиони евра или во 2019 година директните странски инвестиции, директните пари донесени за градење фабрики во државата, се 5 пати повеќе од овој просек. Најдобра година во претходните 8 години е 2012 кога таа бројка е 34,7 милиони евра, а во 2019 година првиот квартал е 227 отсто подобар од најдобрата година во претходните осум“, изјави вицепремиерот Анѓушев.
Тој посочи дека ова е само уште еден показател дека е внесен странси капитал за деветнаесетте фабрики што се градат во технолошко-индустриските развојни зони и за уште оние шест што се градат надвор од зоните, или вкупно се градат 25 фабрики за кои странските компании внеле пари во нашата државата.
На прашањето зошто вкупната бројка е помала, вицепремиерот објасни дека тоа е така само поради тоа што оваа година имаме специфична ситуација во која има големи средства на компании што испорачале производи од нашата држава, а не ги наплатиле.
„Тоа се главно од нивните мајки фирми и таа ставка изнесува 171 милион евра во првиот квартал. Ако на овие 171 милион евра се додадат 21,6 милион евра, тоа би била реалната ситуација. Со оглед на тоа што производството во странските компании порасна значително, тие сега имаат произведени и испорачани производи надвор од државата, а не наплатени. Тие пари не се стигнати во државата. Истата категорија мината година била 64 милиони евра. Тука имаме пораст затоа што компаниите имаат зголемена активност што соодветствува со индустрискиот раст. Ако има индустриски раст, има зголемување на извозот, нормално е да има и зголемување на стапката на побарувања“, изјави Анѓушев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.