Економија
(Видео) Заев: За праведниот данок отвораме дебата, не брзаме
„За праведниот данок отвораме дебата, во која ќе се вклучат сите засегнати страни, не брзаме, целта е да се постигнат позитивни ефекти“, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање.Во однос на најавата дека се разгледува опција, да се воведе даночна стапка од 18 проценти за приходи над 1 000 евра, за што има бројни реакции во јавноста, премиерот вели дека не треба народот да се плаши од ниедна реформа, која што ќе биде исцрпена преку дебата.
„Дебатата, веројатно сега се отвора. Според мене, преурането, заради тоа што редот е, Министерството за финансии да излезе со податоци, да презентира, да даде доволно влезни аргументи, па да почне дебатата. Реформата на персоналниот данок на доход е владина програма и ако е владина програма таа ќе се спроведе“, вели Заев и додава:
„Ние не сме „слепи“ имплементатори на нешто што сме ветиле или стои во некој документ. Целта е, со тоа да постигнеме ефекти и благодети за сите. Суштината е, дека сакаме правично и фер општество. Не може и тој што зима 10. 000 денари плата и тој што зима 10. 000 евра плата , да платат исти данок. Тоа не е фер општество. Дај боже, сите да земаме 10. 000 евра плата, па да платиме повисоки даноци. Од тука, преку дебата ќе ја одредиме границата на другата стапка, којашто треба да биде воведена. Таа дебата, треба дополнително да зафати од оние 3,4,5 проценти горе. Веројатно и помалку од пет проценти, коишто се екстремно богати и редот е да платат повеќе. При плаќањето повеќе, државата ќе може да ја подигне социјалната помош до 12.000 денари, да го воведе бесплатното болничко лекување, коешто најмногу им треба на граѓаните. Да ги мотивираме лекарите, до 100. 000 денари. Тоа е филозофијата на дебатата, но притоа не смееме да дозволиме младите информатичари коишто сакаме да ги вратиме овде во државата, да ни заминат. Треба да ги мотивираме, заедно со инженерите, сите оние високо квалитетни кадри кои треба да земаат плата овде, а сите давачки на работодавачот да бидат издржливи, да не стимулираат миграции надвор од државата. Тоа ќе го овозможи само дебатата. Ние, сме отворени. Гледате, дури имаме и ставови во Владата. Тоа е слободата, не сакаме едноумие. Не, Заев кажал и сега следиме сите. Не треба така. Треба да има дебата отворена, со сите елементи, сите економисти нека се вклучат. Деловната заедница е многу важна, младите луѓе, здруженијата на потрошувачи, на крајот ќе видиме што е добро. Не ги брзаме работите. Ние, на прва седница на Владата, при формирањето, не ги донесовме сите мерки, како што некогаш беше во минатото. Ние, ја отвораме дебатата и таа дебата ќе доведе до она што е најисправно. Дефинитивно, ние сме левичари и ние веруваме во праведното оданочување“.
Заев додава дека паралелно се размислува за намалување на данокот на добивка од три проценти за компаниите од информатичката технологија, софтверскиот аспект, за да можеме дополнително да мотивираме големи компании да дојдат овде. „Македонија, е едно микро подрачје, а апсолутно со клима, целосно подготвено, да биде Хаб, односно еден Центар на информатичките технологии. Се работи за пакети, јас ги гледам од тој аспект со конечна цел: нови работни места, нови инвестиции во Македонија и растење на Бруто домашното производство во државата“, вели Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено поради големиот увоз на странско јаболко во Македонија
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.
„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија“, изјави Трипуновски.
Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.
„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани“, заврши Трипуновски.
Економија
Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.
Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.
Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.
Економија
Трипуновски: Ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својата фејсбук страна објави дека ги потпишал првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.
Во својата објава Трипуновски вели: „Почитувани земјоделци, штотуку ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, нека е аирлија!“
Трипуновски во неколку наврати ја алармираше јавноста дека во Република Македонија постојат договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост кои истекуваат оваа година, но на истите не им е овозможено продолжување и дека Николовски го кочи продолжување со образложение дека се потребни законски измени на законот за земјоделско земјиште.
„Сепак на крајот успеавме да го реализираме нашиот предлог за разрешница на овој проблем по многу побрза и поедноставна постапка, наспроти тврдењата на министерот Николовски кој постојано, од непознати причини, тврдеше дека се потребни измени на законот за земјоделско земјиште и дека со анексирање на договорите не се решава овој проблем. Со ова само се докажа дека Николовски повторно ве лаже како што тоа го прави изминативе 7 години“, дополни Трипуновски.
Позитивно е тоа што овој голем проблем доби решение и засегнатите земјоделци конечно ќе можат да ги продолжат своите договори согласно законските регулативи. Со ова Трипуновски покажа дека ќе биде предводник во промените и решавањето на проблемите во македонското земјоделство.
„ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе биде на страната на македонските земјоделци, доколку ние не го изнесовме овој проблем во јавноста, СДС и Николовски никогаш немаше да ги продолжат овие договори на вредните македонски земјоделци или пак тоа ќе го правеа селективно и повторно земјоделското земјиште ќе завршеше кај луѓе што не се земјоделци или истото ќе го трансформираа за плантажи со фотоволтаици. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе може гордо и со крената глава да биде помеѓу светиниколчани и сите земјоделци во Република Македонија“, заврши Трипуновски во својата објава.