Економија
(Видео) Николовски во Валандово: Македонија ќе продлжи да биде лидер во искористеност на ИПАРД
Максималната искористеност на ИПАРД Програмите, ќе биде нашиот приоритет во следните две и пол години, посочи министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, при денешната посета на компанијата „Вардарец“ во валандовско Удово, којашто е еден од успешните кориснице на мерките од ИПАРД 2.
Министерот Николовски, посочи дека во февруари се очекува Европската комисија да ја усвои новата ИПАРД 3 Програма 2021-2027 за нашата држава и откако ќе бидат завршени административните процедури, ќе биде објавен првиот јавен повик од ИПАРД 3.
„ Денеска сме лидери во регионот во искористеност на ИПАРД програмите и нашето знаење ќе го пренесуваме на останатите земји. Ова ќе биде фокусот на политикте во следните две и пол години, максимална искористеност на сите европски средства и нивно вградување во македонскиот агросектор, создавање поволни услови за македонското земјоделство, што повеќе корисници што ќе ги користат овие мерки, што повеќе средства коишто ќе бидат искористени и да продолжиме со успешните политики, да продолжиме да бидеме лидери по искористеност и ИПАРД. Денеска сме во посета на компанијата „Вардарец“ којашто е домашна компанија и пример како од нула може да се искористат европските фондови коишто значат дополнителна вредност за македонската економија, за целокупниот сектор, за нови работни места“, изјави министерот Николовски.
На посетата на компанијата присусутвуваа директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, градоналачникот на Валандово Перо Костадинов и основачот на компанијата, Лазар Кавазов.
Директорот на Платежната агенција Бачовски, посочи дека преку Агенцијата на компанијата и се исплатени 300 илјади евра за инвестиции во изградба на објектот, набавка на опрема за преработка на млекото и за преработка на млечните производи и усовршување на стандардите на ХАСАП системот.
„ИПАРД 2 програмата функционира досега перфектно, доаѓаме во една фаза во која го носиме приматот на лидери на Западен Балкан, каде што останатите држави допираат до нас за да ги искоритат нашите искуства и знаење, работиме и натаму на носење на програмата ИПАРД 3. ИПАРД Програмата е широка, која што нуди поддршка, и за капацитетите за преработка на млеко, на вино, откупни центри, кланици и останати капацитети кои што нудат преработка, но и капацитетит кои што го развиваат руралниот туризам, следствно на тоа се развиваат руралните средини при што директно се влијае на развој на урбаните и на руралните средини“, изјави директорот Бачовски.
Градоначалникот на Валандово Костадинов изјави дека ваквите инвестиции значат сериозен развој и за региотн.
„На нас како локална самоуправа ни е многу значајно што на оваа индустриска зона се полнат парцелите со нови инвеститори, но исто така се покажува и спрегата и партнерскиот однос на државата, приватниот сектор и локалната заедница. Семејството Кавазови, млекара Вардарец е многу битен економски субјект за Валандово, посебно начинот на кој што компанијата се развива, односот кој што го има со кооперантите како и со своите клиенити, и со локалната наша заедница“, рече градоначалникот Костадинов.
Основачот на компанијата Кавазов изјави дека оваа компанија постои и успешно работи 25 години со производство на млеко и преработка на млечни производи, а благодарение на ИПАРД инвестирале во модернизација на производството.
Министерот Николовски посочи дека во преидот од 2017 до 2019 година се стави силен акцент на искористувањето на европските фондови, се олеснија процедурите за аплицирање за мерките, се скрати времето за потшиување на договорите од 12 на 6 месеци што придонесе за зголемена искористеност на ИПАРД програмите.Вкупно за период 2017 – 2019 година исплатени се околу 20 милиони евра за 1.198 корисници, а од 2017 заклучно со 2021 година преку ИПАРД Програмата се исплатени близу 35 милиони евра за 2.098 корисници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.