Економија
(Видео) Николовски: Со новата Програма за финансиска поддршка се воведуваат субвенции за „зелена нафта“
Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска ја презентираше новата Програма за финансиска поддршка во земјоделството.
Тој кажа дека во годинешната програма за првпат се воведува субвенцијата за набавка на гориво за земјоделска механизација или „зелена нафта“. Вкупната поддршка изнесува 200 милиони денари, а со неа ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци.
„Корисници на оваа мерка се земјоделците што имаат полјоделски, градинарски овошни култури и лозови насади. Бидејќи се работи за нова мерка, за почеток кофинансирањето ќе биде 30 отсто од трошоците, со можност понатаму и да се зголеми овој процент. Оваа мерка ќе придонесе во значително намалување на производствените трошоци, што за земјоделците ќе значи поекономично производство и поголеми приходи. На овој начин враќаме 200 милиони денари пари кај земјоделците“, изјави Николовски.
Исто така, има новитети во мерката наменета за малите земјоделски стопанства под 1 хектар, која има за цел да направи раздвојување на развојните од социјално ориентираните мерки. Субвенциите за земјоделците кои имаат до 0,5 хектари земја изнесува 6 000 денари по хектар, додека 12.000 денари за оние што имаат од 0,5 до 1 хектар земја. Мерката опфаќа 13.000 земјоделци, односно онаа категорија која тешко може да ги исполни стандардите кои ќе се воведат во процесот на усогласување со ЕУ, а преку неа се враќаат 130 милиони денари кај земјоделците. Во претходните години за оваа категорија на земјоделци се исплаќале околу 49 милиони денари.
МЗШВ годинава ја зголемува финансиската поддршка за одржување на насади со јаболка од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а за овоштарите кои имаат од 1 до 5 хектари поддршка расте од 39.600 на 50.000 денари по хектар. На овој начин рамномерно ќе се распределува финансиската поддршка кај сите производители на овошни култури со што истовремено ќе се поттикне и производството на конзумни производи кои ќе постигнат повисока цена на пазарот.
Во градинарството се олеснуваат критериумите, односно се пријавува збирната засадена површина за сите градинарски култури. Преку новите административни процедури во Платежната агенција ќе се намали бројот на земјоделци кои во текот на претходните години беа одбивани. Во полјоделството, министерството двојно ја зголемува поддршката за оризот за површини од 5 до 50 хектари со сертифициран семенски материјал. Од 6 000 на 18.000 денари по хектар се зголемува субвенцијата за земјоделците што не употребуваат сертифициран семенски материјал.
Значителна финансиска поддршка ќе добијат производителите на сончоглед, и тоа 23.160 денари по хектар оние што имаат од 5 до 50 хектари и користат сертифициран семенски материјал. Во делот на сточарството се зголемува субвенцијата за литар произведено и предадено овчо и козјо млеко од 4 на 4,5 денари по литар. Посебен акцент се става на живинарството. Односно, од 33 на 40 денари се зголемува субвенцијата за одгледани и заклани бројлери.
МЗШВ ја продолжува поддршката од 20 отсто повисоки субвенции за растителното производство за земјоделците со развоен потенцијал и 10 отсто повисоки субвенци за сточарсвото за истата категорија земјоделци. Продолжува и поддршката за сите стратешки култури како тутунот, грозјето, пченицата и др.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.