Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата „Минка-Енерготек“ каде Мицкоски е косопственик со само 7%, конкурирала кога Мицкоски не бил советник
Одродената и криминална власт на СДСМ е исплашена бидејќи граѓаните ги препознаа нивните антидржавни политики и секојдневно се сведоци на општиот грабеж кој го спроведува единствениот аболициран политичар во Европа. Одродената и криминална власт и треба да биде исплашена бидејќи станува се појасно дека граѓаните единствена заштита на државните и национални интереси гледаат во ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот, Христијан Мицкоски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Затоа единствениот политичар во Европа кој што е аболициран за криминал ги тера своите послушници упорно да лажат и да се обидат да ги изманипулираат граѓаните дека сите политичари се криминалци и нечесни како што е Зоран Заев. Тоа е уште едно потценување и понижување на сопствениот народ!
Фирмата „Минка-Енерготек“ каде Претседателот, Христијан Мицкоски е косопственик со само 7% од уделот, конкурирала на тендер во 2014 година, кога Христијан Мицкоски не бил советник во владата и од тој факт ни лажговците од СДСМ не може да избегаат.
Портпаролот на СДСМ за сите изречени лаги има пет дена да се извини во соодветен формат во кој што и ги пласираше клеветите против Претседателот, Христијан Мицкоски. Доколку тоа не го стори, истиот ќе се соочи со тужба.
Единствениот аболициран политичар Зоран Заев со ваквите безочни лаги сака да го покрие невидениот грабеж, концесиите и лиценците кои во моментов си ги дели на неговите пајташи Вице и Кочо. Почнувајќи од лиценците за одгледување на марихуана, преку милионските тендери за РЕК Битола и купувањето на „Герас Цунев“ по цена од една гарсониера се само дел од матните бизниси со кои империјата на Заеви за една ипол година го зголеми својот капитал за десетици милиони евра. Заеви си доделија и концесии за ископ на глина и купишта градежни дозволи. За да не остане покус, Кочо Анѓушев си доби тендери, лиценци и концесии со милионска вредност. Општиот грабеж го гледаат сите, а Зоран Заев се обидува да го сврти вниманието на јавноста со испраќање на некој послушник кој нешто ќе излаже и ќе замине дома.
СДСМ е должен да одговори дали е ова цената на распродажбата на државните и национални интереси? Колку Заеви и Кочо Анѓушев го зголемија својот капитал откако се на власт?
Во секоја држава има мафија, само во Македонија мафијата си доби држава. Македонија е единствената држава во Европа во која премиер е аболициран криминалец, човек кој целата македонска јавност го виде како бара поткуп, а само партиското судство на СДСМ не успеа да го види очигледниот криминал на Зоран Заев.
Заев нема допирна точка со европските вредности, а од Европа го има само еврото кое го бараше како поткуп од струмички бизнисмен кога беше градоначалник на Струмица, поткуп кој беше евидентиран со видео докази. Мафијашкото работење на Заев како градоначалник сега стана модус операнди на Илинденска бб. откако СДСМ ја превзеде власта во Македонија, а на чело на криминалниот картел дојде Зоран Заев.
Уцени, закани, притисоци сите овие мафијашки методи се употребени за остварување на политичките цели на Зоран Заев. Целта е една и единствена, спас на политичката кариера на Зоран Заев преку распродажба на националните и државните интереси.
Македонија не може да се надева на европска иднина без правната држава која СДСМ ја укина. Граѓаните не може да се надеваат на влез во Европската Унија со руинирано здравство, економија и образование. Со еден збор вратите на Европа се затворени додека Зоран Заев е премиер, а СДСМ е на власт. Ова зло мора да си замине, за да се тргне сивилото кое надвисна над Македонија денот кога Зоран Заев стана премиер“ сооптшо партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.