Економија
Граѓаните на општина Чаир добија ново место за дружење, спорт и рекреација
Денескa, во Топанско Поле во општина Чаир, во присуство на многу граѓани од сите возрасти, рекреативци, реномирани спортисти и спортски друштва, како и претставници на локалната самоуправа и претставници на компанијата „Кока-Кола“ „и Пивара Скопје“, свечено беше пуштена во употреба единаесеттата „Кока-кола активна зона“.
Чаирската „Кока-кола активна зона“ го означува почетокот на третиот циклус од проектот, а до крајот на годината ќе бидат поставени уште четири кока-кола активни зони во разни општини.
„Навистина сум среќен што кока-кола активните зони станаа препознатлив синоним за дружење и рекреација и место за инклузија на сите граѓани од разни категории, кои имаат исти интереси – дружба и спортување. Ветувањето што го дадовме во 2016 година, дека нашите заеднички кока-кола активни зони ќе никнат во Македонија, го потврдуваме и денес со отворањето на првата од петте зони што ќе се постават во периодот што следува. Сигурен сум дека жителите на Чаир ќе го сакаат ова спортско-рекреативно место за дружење, ќе се грижат за него и вистински ќе уживаат во времето поминато овде. Особено се гордееме на кока-кола активните зони затоа што тие се уште една потврда за нашите долгорочни заложби за придонес во заедницата и за вложување во проекти од кои придобивките ги ползуваат сите граѓани на Македонија“, рече Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на „Пивара Скопје“.
Инаку, кока-кола активните зони се реализираат со поддршка на локалната самоуправа, а се сочинети од професионални фитнес-справи, кои се поставуваат на соодветни локации за слободна употреба на сите граѓани, и тоа 24 часа.
Настанот го проследија голем број жители од општината, медиуми и претставници од Општината, предводена од градоначалникот г. Висар Ганиу.
„Едно вакво спортско-рекреативно катче е повеќе од добредојдено во општина Чаир и благодарен сум им на ‘Пивара Скопје’ и на компанијата ‘Кока-Кола’, кои со задоволство го прифатија нашето барање за отворање на зоната и во нашата општина. Се надевам дека ’Кока-кола активната зона‘ ќе стане најпосетено место во околината, каде што жителите на Чаир ќе имаат можност за рекреација, дружење и забава“, изјави г. Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.
Покрај претставниците од спортските клубови и друштва на територијата на општина Чаир, присуствуваше и асот на македонското борење, Хајруш Синани, но и проф. Бесник Талаи, на кои им беше доделено признание за најактивни жители на општина Чаир за нивниот особен придонес кон спортот и промоција на спортот во општината.
Проектот „Кола-кола активни зони“ е дел од глобалната платформа на ‘Пивара Скопје’ и компанијата ‘Кока-Кола’, која се однесува на промоција на активниот живот, но и чинење добро во заедницата преку инклузија на сите граѓани со цел на сите еднакво да им се овозможи место за спорт, рекреација и дружење. Имено, како дел од истата платформа во изминатите години „Пивара Скопје“ заедно со компанијата „Кока-Кола“ реализираа низа успешни проекти, меѓу кои „Кока-кола фудбалскиот куп“, бесплатните паркиралишта за велосипеди, како и 10-те кока-кола активни зони од 2016 и 2017 година за жителите од Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Штип, Куманово, Гостивар, Радовиш и од Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.