Економија
Дали знаете како да ги совладате загадувачите на воздухот во домот?
Квалитетот на воздухот на ниво на целата територија на државата во последите години сè повеќе се влошува. Алармантни стануваат секојдневните податоци во врска со нивото на концентрираните штетни ПМ честички во воздухот, што е повеќекратно над дозволеното.
Воздухот во домот пак, може да биде неколкупати позагаден од надворешниот, што е особено загрижувачко. Кон загадувањето на воздухот во домот, покрај надворешните загадувачи, придонесуваат и правот, поленот, спорите од мувла, влакната од миленици, а штетни честички кои ние самите ги создаваме додека престојуваме во нашите домови.
Токму затоа, потребата од обезбедување прочистувач за воздух во вашиот дом станува неопходна, и претставува најефикасен начин да придонесете кон намалување на загадувањето на воздухот во домот и одржување на чист воздух и здрава средина за живеење.
Прочистувачите за воздух на Daikin со својата иновативната технологија и врвни перформанси се создадени да ви овозможат поздрав и поквалитетен воздух во домот совладувајќи ги штетните загадувачи.
Според последните истражувања кои ги спроведе Daikin Industries, Flash Streamer технологија која е вградена во повеќе единици на Daikin вклучувајќи ги и прочистувачите на воздух, го уништуваат и SARS-CoV-2 вирусот до 99,97% по 3 часа третирање на истиот.
Ова е уште една потврда за квалитетот и ефикасноста на технологијата на Daikin. Со испитувањата што Daikin ги планира за во иднина, ќе се испитуваат придобивките на производите во кои што е вградена Flash Streamer технологијата.
Електростатичкиот HEPA филтер ефикасно ги заробува загадувачите, и со помош на Flash Streamer ги разложува штетните супстанци заробени во филтерот.
Во споредба со HEPA филтрите со активен јаглен кои се препорачува да се заменат по една година користење, овој филтер има значително подолг рок на трање, односно се менува еднаш на околу 10 години.
Функцијата за навлажнување која е вградена во MCK55W моделот овозможува целосна контрола на влажноста на воздухот во вашиот дом, навлажнувајќи го воздухот до идеално ниво, и притоа спречувајќи ги сите негативни ефекти кои можат да се појават како последица од сувиот воздух.
Прочистувачите за воздух на Daikin се идеални за оние кои страдаат од алергии, астма, хронични заболувања и отежнато дишење, како и други заболувања, кои настануваат како резултат на загадувањето на воздухот од штетни материи, така што ефикасно ги совладува штетните загадувачи кои влијаат на здравјето и обезбедува почист, посвеж и поздрав воздух во домот.
Со докажаниот квалитет на Daikin ќе овозможите оптимална удобност и здрава и чиста средина во вашиот дом, намалувајќи ги ризиците по здравјето и придонесувајќи за подобар имунолошки систем за вас и вашето семејство.
Дознајте повеќе за карактеристиките на прочистувачите за воздух на Daikin на следниот линк: https://www.daikin.mk/procistuvaci
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.