Контакт

Економија

Девизниот курс е стабилен, а девизните резерви се во комфорна зона

Објавено пред

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен годишниот извештај за 2017 година, при што беше утврдено дека и во текот на минатата година централната банка успешно ги оствари своите законски дефинирани цели. Девизниот курс беше стабилен, а девизните резерви и натаму се во комфорната зона. Во однос на ценовната стабилност, во 2017 година беше остварен мал раст на домашните цени во услови на нагорно придвижување на базичната инфлација, делумно заради еднократните фактори и енергетската компонента на инфлацијата во согласност со движењето на светските цени на енергентите. Во текот на минатата година успешно беше одржана и финансиската стабилност како дополнителна поддршка во остварувањето на основната цел на Народната банка.

dobivaj vesti na viber

При разгледувањето на извештајот, на седницата беше истакнато дека амбиентот за спроведување на монетарната политика беше значително поповолен во однос на 2016 година, но со пролонгирана неизвесност од домашниот политички контекст. Во првите два месеца од 2017 година централната банка продолжи со нормализирањето на монетарната политика намалувајќи ја каматната стапка до нивото пред мај 2016 година кога како одговор на ефектите од политичката криза каматната стапка беше зголемена. Нормализацијата на монетарната политика беше одраз на стабилизирањето на амбиентот и подобрувањето на согледувањата на економските субјекти. Во отсуство на нерамнотежи во економијата и при здрави економски основи движењата на девизниот пазар видливо се подобрија во втората половина од годината. Неизвесноста и променливоста на движењата беа карактеристика и за надворешното окружување, што дополнително налагаше потреба од претпазливо водење на монетарната политика.

Во извештајот, меѓу другото, е нагласено дека домашниот политички контекст, кој создаде неизвесност и во 2017 година, беше фактор на ризик и за макроекономските проекции на кои се заснова монетарното одлучување. Продолжената неизвесност од политичкиот амбиент дејствуваше врз растот на БДП, чија проекција во текот на годината беше надолно ревидирана. Пролонгираната политичка неизвесност се одрази врз инвестицискиот циклус, со што и покрај стабилниот раст на приватната потрошувачка и зајакнувањето на извозниот сектор, вкупната активност во економијата во 2017 година забележа стагнација. Гледано од аспект на динамиката, пад на реалниот БДП имаше во првата половина од годината, а во втората половина домашната економска активност закрепна бележејќи раст од 0,7 отсто на годишна основа. Значаен извор на растот минатата година беше извозната активност, поддржана од постимулативното надворешно окружување и од активноста на новите производствени капацитети во странска сопственост. Истовремено, поволните трендови во извозниот сектор, заедно со приватните трансфери, придонесоа за значително подобрување на дефицитот на тековната сметка, кој беше помал од очекувањата.

Постепеното стабилизирање на очекувањата во 2017 година обезбеди натамошен раст на паричната маса и вкупните депозити во банкарскиот систем. Анализирано од валутен аспект, вкупниот депозитен раст во 2017 година главно произлезе од денарските депозити, што го одразува постепеното стабилизирање на очекувањата, на што упатуваат и промените од аспект на рочната структура на депозитната база со натамошно зголемување на придонесот на долгорочните депозити. Кредитната активност и натаму растеше, со поволни поместувања од секторски аспект во полза на зајакнато кредитирање и на корпоративниот сектор.

Годишниот извештај содржи осврт и на преостанатите активности на Народната банка. Во 2017 година Народната банка и натаму го јакнеше институционалниот капацитет преку натамошни активности во доменот на унапредување на активниот пристап на управување со девизните резерви, изврши надградба на платниот систем МИПС на НБРМ за плаќања и во евра, работеше на усвојување стандарди во разни сфери од работењето, вклучително во делот на статистиката, платните системи, управувањето со оперативните ризици, како и сигурноста на информацискиот систем. Исто така, продолжија активностите за натамошно унапредување на транспарентноста, односите со јавноста и финансиската едукација.
На денешната седница Советот го усвои и извештајот за ризиците на банкарскиот сектор во 2017 година, при што беше заклучено дека домашните банки минатата година работеа во услови на нестабилна политичка состојба во земјата и на намалена економска активност, особено во првото полугодие, но банкарскиот систем ја одржа својата стабилност, но и сигурноста.

Меѓу другото, при разгледување на извештајот беше истакнато дека непредвидливото домашно опкружување влијаеше врз согледувањата на домашните економски субјекти и придонесе за нивно воздржување од инвестициски активности, што неминовно се одрази и врз скромниот годишен раст на вкупните средства на банкарскиот систем од 3,9 отсто. Незначителниот раст на вкупните активности на банките е одраз на динамиката на депозитите на нефинансиските субјекти како главен извор на финансирање на домашните банки, кои во првата половина од годината бележеа стагнација, а во втората половина го обновија нивниот раст. На седницата беше потенцирано дека тоа претставува јасен знак за позитивната спрега меѓу стабилизирањето на политичкиот амбиент и стабилизирањето на очекувањата на економските субјекти. Но, беше одбележано и дека, сепак, заживувањето на депозитниот раст во втората половина на годината сè уште не е со обем што би можел целосно да ги надомести стагнираните движења во претходниот речиси двегодишен период на политичка нестабилност.

Според извештајот, депозитите на населението се носител на растот на вкупните депозити во 2017 година при малку посилен раст на денарските во споредба со девизните депозити. Во услови на присутна претпазливост на домашните нефинансиски субјекти при носењето инвестициски или потрошувачки одлуки и следствено нивна намалена побарувачка за кредити во првата половина од 2017 година, банките, сепак, одржаа задоволителна динамика на кредитната активност. Кредитниот раст во текот на минатата година главно произлезе од зголемената кредитна поддршка на банките на домаќинствата, која придонесе со речиси три четвртини во вкупниот годишен раст на кредитите на нефинансиските субјекти. Кредитната поддршка за корпоративниот сектор, иако беше послаба во споредба со кредитирањето на домаќинствата, сепак забележа забрзување во однос на 2016 година. Валутната трансформација на кредитното портфолио на банките продолжи и во минатата година, што се согледува преку растот на денарските кредити при годишно намалување на девизните кредити.

Податоците од извештајот укажуваат дека во 2017 година вкупните нефункционални кредити на банкарскиот систем забележаа мал раст, 2 отсто, главно поради побрзиот раст на нефункционалните кредити на нефинансиските друштва. Учеството на нефункционалните во вкупните кредити на годишна основа благо се намали и на крајот од 2017 година изнесува 6,3 отсто. На седницата беше нагласено дека ликвидноста на банкарскиот систем е задоволителна. Профитабилноста на банкарскиот систем, иако растеше побавно во споредба со претходните години, и натаму е висока. Притоа, за разлика од претходните неколку години кога нето каматните приходи имаа најголем придонес во растот на добивката на банките, во 2017 година најголем придонес во зголемувањето на добивката имаа некаматните приходи.

При разгледувањето на извештајот, Советот утврди дека банкарскиот систем и во 2017 година успешно ја одржуваше својата солвентност. Капиталните позиции на банките забележаа побрз раст во споредба со активата пондерирана според ризиците, главно поради реинвестирањето на дел од добивките на банките и издавањето нови субординирани инструменти. Ова овозможи зголемување на показателите за солвентноста, при што стапката на адекватност на капиталот на крајот од годината изнесуваше 15,7 отсто или половина процентен поен повеќе во споредба со крајот на 2016 година.

Банките во 2017 година се усогласија со новите регулаторни барања во поглед на структурата на сопствените средства и заштитните слоеви на капиталот. Релативно високиот износ и квалитет на сопствените средства со кои располагаа банките им овозможи овој процес на усогласување со новите капитални барања да го поминат без поголеми ограничувања во активностите или потреба од позначителни нови докапитализации. Со ова и во домашниот банкарски систем е применета една од поважните компоненти на меѓународната спогодба – „Базел 3“.

Советот ја разгледа и информацијата за управување со билансот на Народната банка за периодот 2011-2017 година, во која се констатира дека и покрај многуте и силни предизвици што во тој период доаѓаа од надворешното и од домашното окружување, централната банка успешно го оствари одржувањето на ценовната стабилност преку одржување на стабилноста на девизниот курс и на финансиската стабилност во земјата, а притоа ја задржа својата финансиска независност преку ефикасно управување со својата актива и пасива. Во информацијата е укажано дека во рамките на седумгодишниот период е остварен позитивен финансиски резултат за распределба, што придонесе за градење на општите резерви и одржување стабилна капитална позиција, а се кумулираа и резерви за специјална намена и се извршија годишни дивидендни уплати во буџетот.

Притоа, меѓу другото, беше истакнато дека одржувањето стабилна финансиска позиција е одраз на заложбите на Народната банка за ефикасно извршување на своите задачи. Како резултат на активниот пристап и на здравиот и прудентен финансиски менаџмент, во изминатите седум години постигната е подобрена ефикасност во речиси сите сфери на дејствување на Народната банка, со позитивни влијанија врз билансот и финансискиот резултат, со што се придонесе за зачувување на финансиската независност, кредибилитетот и репутацијата на централната банка, што претставува основа за ефикасно извршување на нејзините функции и во следниот период.

На денешната седница Советот ја донесе одлуката за методологијата за управување со ризикот од перење пари и финансирање тероризам. Со оваа одлука, која се однесува и на деловните банки и на штедилниците, се остварува усогласување со промените на меѓународните стандарди и со регулативата на Народната банка во делот на корпоративното управување и во делот на управувањето со ризиците. Со неа се дефинирани минималните стандарди за одредување на нивото на инхерентен ризик и адекватна поставеност на системот на внатрешна контрола, што подразбира преземање соодветни мерки и дејства за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Истовремено, беше донесена и одлуката за методологијата за сигурност на информативниот систем на банката, со која Народната банка има цел да направи дополнување на воспоставениот процес на информативна сигурност кај деловните банки преку вградување на најдобрите практики утврдени од страна на европските регулаторни тела во периодот од 2008 до 2017 година. На потребата од оваа одлука укажаа сознанијата стекнати од теренските контроли за оценка на ИТ-ризиците извршени во изминатите девет години и анализите спроведени во земјава и регионот.

Економија

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Објавено пред

„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.

dobivaj vesti na viber

Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.

„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.

„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)

Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.

Прикажи повеќе...

Економија

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда

Објавено пред

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.

dobivaj vesti na viber

Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.

Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот конечно го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија. Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека...

Свет1 час

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија2 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет2 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија2 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Започна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот, кога се затвораат избирачките места....

Свет2 часа

Украинските власти: Седум лица се повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија16 часа

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија17 часа

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија18 часа

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија19 часа

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија21 час

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија21 час

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија21 час

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија23 часа

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија23 часа

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...

Македонија23 часа

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу бргу од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

„Вчера во Аеродром и Гази Баба ја повикав албанската опозиција на обединување против оваа власт и изразив јавна намера дека...

Македонија23 часа

„Кафеански озборувач, политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво“, Филипче најави тужба за клевета

„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека...

Европа24 часа

(Видео) Драма во Русија: три лица загинаа во пожар во фабрика во Воронеж

Руското Министерство за вонредни ситуации денеска соопшти дека три лица загинале во пожар во индустриска зграда во Воронеж, на југозападот...

Европа1 ден

Орбан предупредува: Во Европа владее воено расположение, Брисел си игра со оган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Европа е расположена за војна, дека се подготвува за војна и дека во...

Свет1 ден

Нетанјаху планира да го нападне Рафа: „Ќе му нанесеме нови тешки удари на Хамас“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера им вети на Израелците дека ќе го засили „воениот притисок“ врз Хамас „во наредните денови“,...