Економија
За поврат на ДДВ од 600 денари месечно, граѓаните треба да потрошат 26.600 денари
За поврат од 600 денари месечно од ДДВ едно лице треба да оствари промет од 26.600 денари, доколку сите сметки се со 18 проценти ДДВ, информираа од Управата за јавни приходи на денешниот брифинг со новинарите.
„Првата исплата на парите од ДДВ граѓаните може да ја очекуваат во декември – за месеците јули, август и септември. Исплатата ќе се врши квартално и едно лице може да поврати максимум 1.800 денари за три месеци“, информираат од УЈП.
Како што рече директората Сања Лукаревска, во првите пет дена најголеми проблеми граѓаните имале со скенирање на сметките од големите маркети, но како што посочи таа, проблемот не бил до УЈП, туку до амортизацијата на фискалните апарати.
„Се жалеа граѓаните дека баркодот не е видлив и системот не може да го прочита, па откривме дека е до фискалните апарати кои навремено треба да се сервисираат. Затоа упатуваме јавен апел сите ДДВ-обврзници да имаат исправни фискални апарати, но граѓаните не треба да се нервираат ако не може да ја скенираат сметката преку мобилен телефон, тоа ќе може да го направат на киосците со барчитачи. Ако и таму не можно, службеник од УЈП ќе му помогне и рачно ќе го внесе баркодот“, вели Лукаревска.
Како што информираше таа, од 1 јули до сега симнати се 57.973 апликации за мобилен телефпн, при што се скенирани 433.204 сметки. Притоа граѓаните оствариле промет од над 240 милиони денари, од кои кон граѓаните ќе се вратат 7 милиони денари или 120 илјади евра.
Од УЈП информират дека граѓаните не треба да се грижат за безбедноста бидејќи изјави за доверливост се потпишани од страна на сите институции за заштита на личните податоци. Велат дека системот за поврат на ДДВ не навлегува во податоците на даночниот обврзник, а трансакциската сметка којашто е во системот е со цел да се исплатат парите од повратот на ДДВ.
Од УЈП предупредуваат да не се вршат манипулации бидејќи системот ќе препознае доколку некој сака да го изманипулира и двојно да врати пари од ДДВ. За таквите, предвидена е глоба од 250 евра.
Управата за јавни приходи ги повика граѓаните кои користат „Ајфони“, да имаат трпение, велат наскоро се очекува да заврши целата процедура по што и тие ќе можат да ја симнат апликацијата и да скенираат фискални сметки.
„Не е проблемот од УЈП. До „Епл Стор“ е испратено барање уште на 25 мај, но тие имаат порестриктивна процедура на проверка и затоа од „Ајфоните“ не може да се симне апликацијата. Тие рестриктивни политики го одложија процесот. Но, очекуваме процедурите наскоро да завршат и тврдам дека не е можно да нѐ одбијат, затоа што целата документација што ја побараа е уредно испратена. Дотогаш корисниците на „Ајфоните“, може да ги користат баркод читачите на УЈП, а доколку има некои дилеми или проблем, целосно им стоиме на располагање“, вели Лукаревска.
Упрвата се пофали дека системот за проектот „ Мој данок, моја заштеда“ е подготвен да прими половина милион ДДВ корисници и како што велат нивните очекувања се ова бројка на корисници наскоро да ја достигнат,со оглед на фактот што за само 5 дена има симнатно приближно 60.000 апликаци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.