Контакт

Економија

(ИНТЕРВЈУ) Игор Лештар: Со стратешки партнер како „Арикома“ го носиме „Сеавус“ на следното ниво на развој

Објавено пред

На почетокот на декември една од најуспешните компании во ИКТ-секторот во нашата земја, „Сеавус“, ја купи нaјголемиот ИКТ-холдинг во Чешка, Групацијата Арикома, која е дел од Групацијата ККЦГ на Карел Комарек. Приказната за „Сеавус“ личи на онаа како кога се расте дете – го кревате на нозе, го учите на лични вредности, го водите на прав пат, вложувате во него за да може потоа како родител да го пуштите во светот за да биде уште поуспешно. Оттука, и продажбата е сериозна и промислена бизнис-одлука, која се темели на анализи и која отвора нови перспективи за „Сеавус“, вели Игор Лештар, основач на „Сеавус“. Компанијата од почетоците во 1999 година до денес изоде вистински пат на успех – од компанија со само неколку вработени до модерна групација со над 15 претставништва и 800 вработени.

dobivaj vesti na viber

„Сеавус“ е купен од нaјголемиот ИКТ-холдинг во Чешка, Групацијата Арикома, која е дел од Групацијата ККЦГ на Карел Комарек. Мора да се признае дека ова е голем чекор за кој е потребно вистинско време и сериозен купувач со оглед на тоа што од „Сеавус“ создадовте успешна бизнис-приказна во изминатите дваесет години. Како одлучивте дека сега е вистинското време и кој беше мотивот да продадете компанија што буквално ја создадовте од идеја и ја израснавте во стабилна групација со меѓународно присуство и импресивен број клиенти и вработени?

Морам да истакнам дека одлуката за продажбата на „Сеавус“ не беше едноставна по целиот труд, но и енергија, иновации и успеси, личен влог и посветеност на целиот тим на кој се потпира успехот на „Сеавус“. Гледано од оваа перспектива, приказната за „Сеавус“ личи на онаа како кога се расте дете – го кревате на нозе, го учите на лични вредности, го водите на прав пат, вложувате во него. Кога ќе созрее, проценувате кога е најдобар момент да му го отворите патот и со ваша поддршка да продолжи да се развива. Оттука е и одлуката за продажбата. „Сеавус“ достигна степен на развој кој треба уште повеќе да се надградува за поголема интернационална експанзија. За тоа му е потребно окрупнување и му е потребен еден многу посилен финансиски партнер што може да го однесе „Сеавус“ на следното, повисоко ниво на развој. Затоа и бевме атрактивна можност за потенцијалните купувачи. Што се однесува до одлуката за продажба, станува збор за бизнис-одлука, која се темели на сериозни анализи. Продажбата отвора нови перспективи за компанијата, за вработените, за новиот сопственик, групата на компании „Арикома“, што за „Сеавус“ ќе значи понатамошен напредок. Длабоко сум убеден дека заедно со силен стратешки партнер како „Арикома“ ќе ги забрзаме иновациите и уште повеќе ќе ги зајакнеме нашите позиции. Тоа практично ќе ни овозможи да одговориме на предизвиците на новото време, да понудиме иновативни и квалитетни услуги и софтверски решенија од следната генерација за нашите клиенти. Уверен сум дека како тим имаме капацитет да му додадеме дополнителна вредност на нашиот стратешки партнер и да придонесеме кон успешната приказна на „Арикома“ и „Сеавус“.

Роден сте во Шведска, а сепак одлучивте својот потенцијал да го вложите во Македонија и да ја основате компанијата овде. По повеќе од две децении работење, кој е денеска „Сеавус“, кои беа најголемите предизвици со кои се соочувавте на патот на успехот?

Роден сум во Шведска, но родителите ми се од Македонија и така се вратив во земјата. На почетокот работев во една семејна компанија во Охрид, а потоа, по неколку години, почнав да развивам веб-страници заедно со „Инфопроект“, но тој пазар сè уште беше во зачеток. „Сеавус“ ја основав во 1999 година, тогаш заедно со уште еден партнер, со идеја да изградиме компанија што ќе успее да се наметне како лидер во ИКТ-индустријата и да ги прошири своите операции на меѓународно ниво. Патот беше долг и тежок, предизвиците огромни, но, лично, никогаш не ме напушти визијата. Напротив, секој предизвик беше мотивација плус да се отиде чекор понатаму. Почнавме речиси со ништо, само со свои лични компјутери. Првиот клиент ни беше од Шведска, кој ни даде ангажман за малиот тим ентузијасти што го имавме. Потоа веќе почнавме да се екипираме во секој поглед и така почна „Сеавус“ да се развива и да се гради во она што е денес. Успехот секако подразбира и многу одрекувања и жртвувања. Сè што заработував вложував во компанијата, ризикував многу, но така учевме, растевме и созревавме. И вредеше. Денеска „Сеавус“ е успешна компанија, која вработува 800 ИТ-специјалисти во светот, со петнаесет оперативни канцеларии лоцирани во неколку земји вклучувајќи ги Шведска, САД, Македонија, Белорусија, Молдавија, Швајцарија, Србија, Босна и Херцеговина. Компанијата нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, а во портфолиото на „Сеавус“ се вбројуваат над 4.000 клиенти, меѓу кои светски телеком-оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации од банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство итн.
По 21 година работење, период во кој учев буквално сè сам, без дополнителна финансиска помош од страна, сега со гордост можам да кажам дека сум можеби еден од ретките во Македонија од приватниот сектор кои направиле бизнис што го основале од нула да го развијат до степен на продажба на странска компанија вредна 6 милијарди евра.

Вредноста на „Сеавус“ се луѓето во неа, нивната желба за надградба и амбициозност за успех

Кои аспекти на „Сеавус“ како компанија под Ваше лидерство би ги издвоиле, а кои ги одбележуваат вредноста и карактерот на компанијата на пазарот во изминатите дваесет години?

„Сеавус“ отсекогаш беше и ќе остане многу амбициозна и развојна компанија, препознатлива по тоа што го поставивме скалилото на вредност на ИТ-индустријата на високо ниво. На почетокот можеби и несвесно, но со самиот наш брз раст и развој пораснаа побарувачката и квалитетот на ИТ-кадрите. Но, исто така пораснаа стандардите на квалитет и професионалност кои сакавме првенствено да си ги поставиме пред самите нас. Тоа нè движеше тогаш, тоа нè движи и сега кога компанијата се искачува на едно уште повисоко ниво во својот развој. Затоа велам, нашата одлука за продажба е многу промислена, а моментот е клучен, особено во оваа насока.
Структурираноста, добрата организација, обемните инвестиции во развојот и едукацијата на вработените, грижата за добросостојбата на вработените се вредности по кои „Сеавус“ е препознаен во деловната заедница. „Сеавус“ сега брои 800 вработени, но во компанијата во текот на годините професионално растеле и се развивале голем број ИТ-специјалисти, кои денес успешно чекорат во динамичниот свет на ИТ-индустријата.  Верувам дека секој од овие вработени оставил свој печат во компанијата, но и понел незаменливо искуство и знаење со себе. Некои од нив, мотивирани од успехот на компанијата, успеаја да изградат и свои бизниси или со „Сеавус“ како искуство да ги продолжат своите кариери во други домашни и странски компании. Нивниот сегашен успех ме прави исто така горд и затоа верувам дека придонесот на „Сеавус“ во развојот на ИТ-индустријата во Македонија е значаен.
Но, особено се гордеам на сите 800 вработени со кои работам сега, со некои веќе и повеќе од 10 или 15 години. За нив, „Сеавус“ е дом, тие се борат и вложуваат за компанијата и ги носат нејзините вредности. Вработените го живеат успехот на компанијата и се истовремено причина за него.
Особено сум му благодарен на актуелниот менаџерски тим на „Сеавус“, кој ја овозможи реализацијата на една ваква успешна приказна. Накусо, вредноста на „Сеавус“ се луѓето во неа, нивната желба за надградба и амбициозност за успех, што „Сеавус“ како компанија им ги овозможува за заемна реализација на целите.

Какви промени се очекуваат сега по продажбата на „Сеавус“? Што ќе значи тоа за вработените, за Вас лично, за клиентите?

Продажбата предвидува нови интернационални хоризонти за „Сеавус“, зацврстување на сите постојни операции и деловни единици, како и функционирање како дел од една поголема ИТ-организациска мрежа. Продажбата е извор на нови можности и како резултат на здружени сили и капитал е влез и на уште повисоко финансиско и пазарно ниво. Луѓето секогаш биле и натаму остануваат највредниот ресурс на компанијата и бизнисот. Токму затоа, на постојните 800 вработени планирани се и нови вработувања со тенденција тој број да достигне до 2.500-3.000 луѓе. Како и досега, ќе продолжиме да вложуваме во обуки и професионална надградба на вработените, со цел и натаму да бидеме компанија во која работат вистински експерти од разни области на ИКТ-индустријата. Секогаш верував дека вработените се клучни за успехот, а за тоа е свесен и нашиот партнер, кој токму во вработените ги гледа и вредноста и силата на компанијата. Што се однесува до мене, јас ќе работам заедно со раководството од „Арикома груп“. За клиентите, оваа купопродажба ќе значи проширување на корисничкото портфолио на услуги, доверлив партнер во забрзаниот процес на дигитализација на компаниите, супериорни и доверливи ИТ-решенија за нивните бизниси.

Компаниите во Групацијата Арикома обезбедуваат многу услуги, почнувајќи од дизајнирање ИКТ-архитектура, инфраструктура и cloud-услуги, имплементација на корпоративни апликации, па сè до развој на сопствени сеопфатни софтверски решенија и надворешни извори (ресурси или фактори) во работењето. Веќе изјавивте дека минатата година вкупниот приход на Групацијата надминал 7 милијарди чешки круни. Како оценивте дека токму оваа Групација би бил најсоодветен партнер?

Групацијата Арикома има богато искуство со консолидирање големи компании на ИТ-пазарот во Чешка, имаат големи амбиции, но и можности и капацитет да станат еден од најголемите ИТ-провајдери во Европа за интегрирани услуги за дигитална трансформација. „Сеавус“ совршено се вклопува и ја надополнува таа визија. Групацијата Арикома има 2.800 вработени само во ИТ-сферата. Станува збор за Групација за која, како човек што го познава „Сеавус“ во секоја клетка, оценив дека функционирањето заедно со „Арикома“ може да придонесе многу за компанијата. Тие се докажани претприемачи, кои знаат како се управува со капитал, а потврда за тоа е успешното унапредување на сопствените компании. „Арикома“ е практично инвестициска групација која купува фирми и понатаму ги развива. Но, морам да напоменам дека ние имавме и други потенцијални заинтересирани купувачи, но мене не ми беше важна само финансиската конструкција, туку кој навистина ќе се грижи за компанијата, за визијата, за вработените и за нејзиниот понатамошен развој.

И покрај тоа што имате повеќе бизниси во земјата, во моментот живеете надвор од Македонија. Колку е тешко да раководите со бизниси кога не сте физички присутен во земјата?
Во денешно време на деловни номади , кога сè, а особено сега со пандемијата на Ковид-19, се одвива онлајн, физичката локација е само географска одредница, која не го попречува функционирањето на бизнисот во која било земја, од која било локација во светот. Освен тоа, „Сеавус“ не е само Македонија и природно е да функционирам и од други локации. Со своето животно и професионално искуство мислам дека ни се потребни европските искуства на функционирање на бизнисите. Кај нас евидентен е прогресот на ова поле, но сметам дека сè уште има простор за подобрување. Нашата земја има голем потенцијал за развој и уверен сум дека заложбите на институциите и властите да го забрзаат тој процес ќе вродат со плод. Ние имаме морална обврска искуството што го стекнуваме надвор да го акумулираме, да го пренесеме тука и да ѝ помогнеме на државата да ги достигне европските бизнис-стандарди.

Веќе разработуваме нови иновативни бизнис-идеи по моделот на „Сеавус“, кој се покажа многу успешен

Кои се Вашите планови за развој на бизнисот во иднина? Дали можеби планирате нови инвестиции во Македонија?

Освен „Сеавус“, во бизнис-портфолиото во Македонија имам и други компании и бизниси. Имаме и нови идеи, кои планираме да ги реализираме и на кои интензивно работиме. Самата продажба на „Сеавус“ ми овозможува од аспект на капитал, но и време, да се посветам на развој на нови бизнис-идеи. Во последно време исклучително интересна е финтек-индустријата (Financial technology), каде што гледам голем потенцијал. Веќе работиме на нови решенија и бизниси токму за Македонија, но интензивно размислувам и за другите индустрии во кои сакам да вложувам и да придонесам. Моделот по кој го развиваме „Сеавус“ се покажа успешен, па зошто да не го реплицираме кога веќе ги имам енергијата, амбицијата и визијата. Ќе продолжам да инвестирам во мојата држава, бидејќи сакам да напредува и да ја видам економски силна и стабилна.

За крај, Вие сте успешен претприемач. Што би им порачале на младите претприемачи и на луѓето што решиле да отворат свој бизнис?

Способоноста да се преземе ризик, личната одговорност и истрајност се клучни одлики на секој добар претприемач. Во последните години мојата примарна работа е практично развој на нови бизиниси и инвестиција во компании. Постојано се сретнувам со млади претприемачи, кои ми ги презентираат своите бизниси и идеи. Она што го забележувам како тренд кај некои од нив е дека се премногу ориентирани кон обезбедување финансии, односно финансиска стабилност уште во раната фаза од развојот на своите бизнис-идеи. Сметам дека треба да се многу повеќе фокусирани на развој на идејата, планирањето и реализацијата, како и на преземање на ризикот. Како на некој начин да сакаат да направат бизнис без никаков ризик да загубат, а тоа е практично основната вредност и особина на добриот претприемач – да биде подготвен да ризикува, да загуби и да научи од грешките. Финансиската поддршка за секој бизнис е клучна, но таа доаѓа во оној момент откога вие самите сте се вложиле, сте ризикувале, сте паднале неколкупати и сте се исправиле на нозе. Тој процес на падови и исправање на нозе го гради вистинскиот претприемач, тоа е духот на претприемаштвото. Мојата порака кон сите млади е да го изодат тој пат. Да не се трудат да почнат бизнис со нула ризик бидејќи ризикот е тој што те тера да се будиш и си легнуваш со мислата како утре да бидеш подобар, како да го подобриш производот или услугата, како да ја зголемиш продажбата. На тој начин се градат лидери, на тој начин се градат цврсти и сигурни личности, кои знаат точно која е цената на успехот. Вака изградените претприемачи понатаму ќе бидат пример и поттик за своите вработени и самите тие ќе создаваат нови лидери и претприемачи.

Економија

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Објавено пред

Неопходни се одлучни чекори, јасна институционална поддршка и соработка помеѓу сите засегнати страни и партнери во процесот, како и искористување на искуствата на земјите од регионот, за да се овозможи натамошен развој на сметководствената дејност и унапредување на статусот на професионалните сметководители во нашата земја.

dobivaj vesti na viber

Ова се дел од препораките на учесниците на регионалната конференција посветена на трендовите, предизвиците, стандардите и перспективите на сметководството во регионот, која во организација на Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) за првпат се одржува во нашата земја.

„Главната цел на ИСОС е да постави нови повисоки стандарди во струката кои ќе гарантираат висок степен на интегритет и професионализам, ќе го зголемат угледот и позицијата на сметководството и сметководителите, како и нивната улога и важност, не само за бизнисот, туку воопшто за целото општество. За да го постигнеме тоа треба посветено да работиме и заеднички да ги поставиме темелите на развојот за следните генерации, кои во оваа дејност ќе гледаат атрактивна и просперитетна професија. Оваа конференција секако е еден од чекорите кон остварување на оваа цел“, рече претседателката на ИСОС Весна Прентоска во своето обраќање на отворањето на конференцијата.

На настанот што се одвива под мотото „Во бројките веруваме”, присуствуваат околу 300 сметководители, претставници на професионални организации на сметководители и финансиски работници од регионот, на институции, организации и компании од земјава, како и домашни, регионални и меѓународни експерти од областа.

„За краток временски период од почетокот на примената на новиот Закон за вршење на сметководствени работи постигнат е значителен прогрес во неговата примена. Завршен е официјалниот превод на Меѓународните стандарди за финансиско известување – процес кој неоправдано бил одолговлекуван во минатото. Следува периодот кога овие стандарди треба да почнат да се применуваат и во нашата земја, што ќе донесе значајни придобивки за домашните компании и државата. Воедно, нивната имплементација претставува и значаен исчекор кон отпочнување на постапката за членство во Меѓународната федерација на сметководители, процес кој Министерството за финансии силно го поддржува“, потенцираше во своето воведно обраќање министерот за финансии Фатмир Бесими.

Поздравувајќи го одржувањето на оваа прва регионална конференција на професионалните сметководители во нашата земја, претседателот на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија Горан Рафајловски, истакна: „Придобивките од функционирањето на едно развиено, модерно сметководство, кое работи по меѓународни стандарди, се големи и ќе ги почувствуваат сите, почнувајќи од самите сметководители на кои им се отвораат нови перспективи, преку компаниите кои добиваат функција која треба да ја зголеми нивната конкурентност и секако државата, која добива алатка за поефикасна наплата на даноците. Ваквите придобивки се доволен мотив да го забрзаме процесот на воведување на најсовремените стандарди и практики во оваа дејност“.

Дискусиите во рамки на конференцијата се организирани во три панели. Првата панел-дискусија беше посветена на патот до членство во Меѓународната федерација на сметководители (IFAC), како една од главните стратешки цели на ИСОС. „Приклучувањето кон IFAC им дава до знаење на организациите од јавниот и приватниот сектор на локално, регионално и меѓународно ниво дека вашиот Институт на професионални сметководители има кредибилитет, капацитет и релевантност – и фокус кон јавниот интерес.

Членовите на IFAC се обврзуваат да усвојат меѓународни сметководствени стандарди и да ја поддржат нивната имплементација, вклучувајќи ги и образовните стандарди за почетна обука, како и за континуиран професионален развој. Исполнувањето на овие барања на патот кон аплицирање за членство во IFAC покажува дека меѓународните образовни, етички и сметководствени стандарди постојано се применуваат овде во Северна Македонија. Ова е причината зошто приклучувањето кон IFAC е повеќегодишен процес којшто се состои од повеќе чекори и вклучува повеќе засегнати страни“, рече претставничката на IFAC Јелена Мисита, претседател на советодавната група за поддршка на организациите на професионални сметководители во IFAC.

Во вториот конференциски панел, претставниците на организациите на професионалните сметководители од регионот дискутираа за состојбите и предизвиците со кои се соочува сметководството во нивните земји. Во рамки на третиот панел, претставници на деловната заедница, сметководители и домашни и меѓународни експерти од областа планирано е да дебатираат за актуелната положба и перспективите за натамошен развој на сметководствената професија во РС Македонија.

Инаку, собирот во Скопје беше искористен и да се поттикне поголема соработка помеѓу организациите на сметководителите во регионот, при што беше договорено во наредниот период да се заокружи процесот на формализирање на рамката за меѓусебна соработка во делот на размена на најдобри практики и искуства, како и во реализацијата на заеднички проекти за континуирана едукација на професионалните сметководители.

Прикажи повеќе...

Економија

Битиќи и Деспотовски: Kреираме развој со поддршка на инвестиции на домашни и странски компании

Објавено пред

Можностите за инвестиции и поддршка од државата особено за домашните компании, идни мерки како и презентација на примери на македонски компании кои со поддршката од државата градат успешни приказни беше во фокусот на денешната панел дискусија посветена на економијата и инвестициите. Настанот го организираа заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, а на панелот учествува и стопанственици и поранешниот премиер Димитар Ковачевски. Заменик-премиерот Битиќи нагласи дека за првпат домашните компании имаат поголема финансиска поддршка споредено со странските инвеститори, како и дека поддршката во последниве шест години е порасната за речиси 13 пати.

dobivaj vesti na viber

„Со гордост можам да кажам дека нашите напори во поддршка на домашните компании преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции покажуваат конкретни резултати. Прво што направивме е изедначување на условите за финансиска поддршка на домашните со странските компании. Од нула поддржани компании во 2016 година до 919 денес, нашата заложба за економски развој и иновации станува реалност. За шест години, Владата ги има поддржано со околу 100 милиони евра за нивните инвестиции кои се над 500 милиони евра”.

Овој панел на кој учествуваа и стопанственици и експерти, стави акцент на синергијата меѓу Владата и приватниот сектор за стимулирање на економскиот раст. Учесниците имаа ретка шанса не само да се запознаат со најновите трендови во инвестициите, туку и активно да учествуваат во креирањето на стратегија за иднината на македонската економија.

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски посочи дека само во ТИРЗ во последниве три години се постигнати договори во вредност од една милијарда евра што е еднакво на нивото на инвестиции во ТИРЗ од 2006 до 2020 година.

„Покажавме дека знаеме и дека можеме. Од револуционерни до стратешки инвестиции, одново и одново докажавме дека не само што ја разбираме играта, туку и одлично ја играме постојано, не само на полувреме. Почнавме да играме и во европска и светска лига, со Јагео, Гересхајмер и други, а имаме и многу домашни успешни приказни“.

Сања Лазаревска сопственичка на компанијата Фор Лејди и Филип Арсов, ко-сопственик на Синапс Авиејшн ги споделија своите успеси и предизвици, давајќи увид во реалното влијание на владините политики врз домашните компании. И двајцата посочија дека програмите за поддршка на домашните компании им помогнале во реализација на плановите и развој на компаниите.

Поранешниот премиер Ковачевски истакна дека – „економската стабилност и поддршката на инвестициите секогаш беа на врвот на нашите приоритети, и денес можеме да ги видиме плодовите од тие напори“.

„Владата која ја предводев вложи значителни ресурси во приватниот сектор, што овозможи раст на инвестициите и зголемување на платите, дури и во време на големи предизвици. Поставивме таргет за 500 вера просечна плата, денеска е 650 евра или 290 евра повеќе од времето пред 2017 година. Нашата евроатлантска ориентација донесе највисоко ниво странски директни инвестиции од 754 милиони евра затоа што инвеститорите сакаат стабилен и безбеден амбиент за вложувања. Можностите за развој на компаниите ќе се зголемат уште повеќе со членството на Северна Македонија во ЕУ и затоа е важно да се продолжи европскиот пат. Овој пат носи подобар животен стандард за граѓаните, подобра работа за компаниите, дополнителни фондови за развој на нашата економија. Има уште многу што да се сработи“.

На оваа панел дискусија стопанствениците дадоа свои предлози за идни мерки кои им се потребни на домашните компании, како и конкретните чекори што треба да се преземат за да се осигура одржлива економска иднина за земјата.

Прикажи повеќе...

Економија

Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје, Собранието го донесе новиот закон за вино

Објавено пред

Собранието на Република Северна Македонија на денешната седница со 64 гласа „за“ го донесе новиот закон за вино, предложен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Исполнивме уште еден даден збор пред лозарите, велат од МЗШВ.

dobivaj vesti na viber

Новиот закон за вино во целост е усогласен со одредбите на европското законодавство во делот на воведувањето нови производи од вино, како органско вино и ароматизирани вински производи.

Македонското вино најмногу се извезува кон земјите членки на Европската Унија и токму овој нов закон придонесува непречено да се зголеми, но и олесни извозот на македонско вино и производи од вино кон ЕУ.

Законот за вино во целост е на страна на лозарите решавајќи уште еден голем проблем за лозарите, а тоа е откупната цена. Со новиот закон за вино првпат се утврдува гарантирана производната цена на винско грозје за килограм најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет, во согласност со дадена методологија, се предвидува да ја врши високообразовна или научна институција од областа во земјоделството, соопшти МЗШВ.

Новиот закон предвидува и креирање нова годиншна, посебна програма за финасиска поддршка во лозарството и винарството, каде што преку конкретни мерки уште повеќе треба да се развиваат овие два значјни сектора.

Системот на заштитата на географските индикации на виното во целост е усогласен со европското законодавство. Новиот закон за вино во овој дел предвидува тие да се заштитуваат на национално и меѓународно ниво, со заштитена ознака за потекло или заштитена географска ознака. Традиционалниот назив на виното, на национално и меѓународно ниво, се заштитува со традиционална ознака.

Вината со географска ознака ќе треба да исполнуваат одредени барања во однос на квалитет или геогравски карактеристики, односно да бидат произведени од грозје што потекнува исклучиво или во најголем дел од дефинираното географското подрачје и производството на вино се одвива во дефинираното географско подрачје. Во насока на заштита на географските индикации на виното областите погодни за производство на вино во законот се делат на региони и реони и виногорја, локалитети, месности.

Производството на вино со географска ознака ќе биде следено од сертификациони тела, кој процесот ќе го верифицираат во сите фази почнувајќи од самиот почеток на производство на грозје до производство на вино со географска ознака. Сите заштитени ознаки на потекло и нивните корисници ќе бидат регистрирани во соодветен регистар во МЗШВ.

Министерот Николовски упати благодарност до сите фактори во креиарањето на новиот закон за вино, лозарите и земјоделските здруженија, стручната и научната јавност и винарниците.

Новиот закон за вино заедно со десетгодишната стратегија за развој на винарството и лозарството трасираат нов пат и сигурен развој на двата сектора – винарство и лозарство, преку стабилно произвдоство на винско грозје со мотивирани лозари, потоа зголемен извоз на македонско вино и уште повисоко позиционирање на светската винска мапа, се наведува во соопштението на МЗШВ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија8 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија10 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија11 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија12 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија13 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ14 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија14 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија15 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија17 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет18 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет18 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија18 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион18 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет19 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет19 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија2 дена

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...