Контакт

Економија

Интервју со д-р Емил Угриновски: Ковид-кризата ќе ја победиме и ќе излеземе посилни

Објавено пред

„Неуромедика“ е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 29 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита на пациентите. Како и сите останати здравствени институции кои беа засегнати и се бореа изминатата година, така и „Неуромедика“ успешно се бори со предизвиците кои што ги донесе пандемијата на вирусот Ковид-19. На оваа тема разговараме со генералниот менаџер на болницата „Неуромедика“, д-р Емил Угриновски, кој отворено и искрено зборува за сè што помина, но и што нè очекува во 2021 година.

dobivaj vesti na viber

Се наоѓаме во екот на најголемата епидемија, речиси една година од почетокот. Д-р Угриновски, дали го очекувавте ваквиот развој на настаните?

Речиси една година се наоѓаме во екот на најголемата здравствена криза во последниот период, можеби и во историјата на човештвото, во коешто една година тотално се промени животниот стил на луѓето со сосема други навики. Ако некој пред една година ми кажуваше дека нема да може да се седне во ресторан, кафеана со пријатели и дека ќе мора да се носи маска, дури и во возило и на отворен простор и слично, ќе помислев дека сето тоа е лудо. Сега, навистина се најдовме во ситуација тоа да биде нашата реалност без којашто не може човештвото да се замисли, да се носи и нормално да функционира. Дури и ова интервју го правиме под маски, факт кој сам зборува дека тоа е нашата реалност. Лично не сум навикнат да зборувам под маска, бидејќи сосема е друг принципот на функционирање, но тоа, за жал, е реалноста во моментот и мораме да се носиме со истата. Јас уште вториот, третиот ден после избивање на пандемијата кај нас во Македонија, до вработените напишав едно писмо во коешто ја опишав ситуацијата и ги информирав дека ова ќе биде долга борба. Борба во којашто сите мораме да дадеме свој придонес, сите ќе имаме последици, не само од здравствен аспект, туку последици по стилот на живеење. Сите помалку ќе имаме во финансиска смисла, помалку ќе трошиме и ќе си го лимитираме начинот на живот, почнувајќи од социјалната сфера, со социјалното дистанцирање од луѓе и од пријатели, од семејството па сé до промените во бизнис-сферата.

Сè уште има огромен дел, можеби 30% од луѓето коишто работат од дома и коишто не се присутни на работа, што придонесува кон социјалното дистанцирање. За жал или за среќа, ние во здравството мораме да бидеме присутни секојдневно и сме на првата борбена линија. Сето тоа чинеше и многу човечки животи на здравствените работници, меѓутоа ако во војна војниците се тие коишто се жртвуваат и се во првите борбени редови, во здравствените пандемии се здравстевните работници. Токму затоа, секој треба да им оддаде почит за трудот  што го вложуваат во спроведувањето на овие нови критериуми и на лекување на социјална дистанца. Секој човек треба да биде горд на нив, како што сме ние горди што сме здравствени работници што во моментот се на првата борбена линија.

Што е тоа што треба да се промени во моментов во здравствениот систем во Македонија и каква е улогата на приватниот здравствен сектор во справување со кризата?

Во екот на пандемијата морам да напоменам дека здравствените власти преземаа сé што е во нивна моќ за да може да се справат со оваа нова ситуација. Би рекол дека на почетокот, како и сите, беа несигурни и немаа искуство како треба да се справат со кризата, што треба да се преземе и така натаму. Токму затоа беа земани искуства од соседните земји и од земјите во поразвиениот свет. За жал, имаше и лоши примери во целата таа ситуација. Некои од најразвиените земји во светот како САД надвор од Европа, или Белгија и Италија во рамките на Европа, имаа најголем процент на смртност.

Така што тие не се некој показател  и пример по кој може да се водиме. За споредба, нашите здравстевени власти сосема солидно се справија, можеби направија грешки во бројот на тестирања на почетокот, но тие беа многу мали за да сега се сведат на една објективна бројка од 3.000 тестирања дневно, што за Македонија е сосема солидна бројка.
Секогаш велам дека може повеќе и подобро, меѓутоа  товарот кој државата може да го издржи, акцентот би го ставил на справувањето на приватното здравство со комплетно другите проблеми во врска со ковидот. Знаеме дека речиси сите јавни здравствени установи станаа ковид-центри, бидејќи тоа е обврска на државата да им ја даде услугата на пациентите, а во исто време ако тие ковид-одделенија во нервната, очната, кожната клиника или болниците по градовите во Македонија не станеа ковид-центри, ќе немаше услови да им се пружи помош на пациентите коишто имаат потреба од тие дејности.

Токму поради тоа акцентот беше ставен на приватното здравство. Можам да кажам дека приватното здравство го држеше и сé уште го држи здравствениот систем, бидејќи одговорноста на овој сектор е во моментот многу поголема за разлика од претходно. Сите ние имаме многу повеќе пациенти коишто доаѓаат, ги бараат услугите, прво затоа што не сакаат да се мешаат во ковид-центрите, за да не дојдат во контакт со позитивни пациенти и второ бидејќи брзината и квалитетот на приватното здравство се далеку на повисоко ниво отколку што се во државното здравство. Така што приматот, во оваа речиси една година од пандемијата, го презема приватното здравство во лекувањето на пациентите од другите проблематики. Дури постојат цели болници, како што е ‘8 Септември’ и другите болници во помалите градови коишто се ковид-болници, не примаат други пациенти или примањето е лимитирано. Операциите се одложуваат или закажуваат за една година и слично, што е недопустливо да може да функционира еден здравстевен систем. Токму заради тоа, акцентот беше и сè уште е ставен на приватните болници. Морам да кажам и да нагласам дека тие беа двигатели на здравствениот систем, што се покажа дека во Македонија навистина има квалитетни приватни здравствени установи кои навистина може да го издржат овој наплив на зголемен обем на работа со пациенти.

Во месец март, на самиот почеток на кризата, Вие на вработените во „Неуромедика“ им испративте едно писмо во е-пошта каде што искрено, смирено и со поддршка им ја објаснивте ситуацијата и очекувањата од истата…

Токму така, како што и претходно напоменав, во месец март јас на моите вработени веднаш по почетокот на ковид-пандемијата во Македонија, само по неколку денови, испратив писмо во е-пошта, во коешто многу искрено и многу професионално им го кажав сето она што следи.

„Деновиве сме исправени можеби како никогаш во поновото модерно време пред два огромни и сериозни предизвици, кои знам дека во буквална смисла на зборот нема кого длабоко не го допираат.
Првиот предизвик е новиот коронавирус, а вториот предизвик се последиците на економијата кои епидемијата ќе ги остави на сите нас. Она што мене ме плаши како многу искусен менаџер е што тука не е крајот, туку само почетокот на длабока, длабока економска криза, во која секој од нас ќе почувствува огромни последици, би рекол долгорочни….
Ни следат тешки моменти, навистина тешки, каде секој ќе биде засегнат, но јас сум секогаш оптимист и знам дека двете битки ќе ги добиеме. Знам дека заедно сме посилни и можеме. Ви благодарам од срце за разбирањето и заедничката битка“.

Можеби дел од луѓето во моментот не беа свесни за идните случувања, меѓутоа јас имав навистина визија што нè чека и дека ова ќе биде долгорочна борба во којашто нормално, човештвото како  и секогаш, ќе излезе победник, меѓутоа ќе има огромен број последици. Пред сè, многу жртви, многу нарушени бизниси, многу намалени приходи и примања, многу луѓе ќе останат без работа, многу луѓе ќе го променат социјалниот живот. Да ми кажуваше некој дека сите локали и ресторани ќе бидат затворени и дека нема да може да седнеме и да вечераме со фамилијата, со пријатели, колеги и деловни партнери, јас навистина ќе се насмеев. Дополнително на тоа, полицискиот час е една од работите кои навистина го сменија секојдневието, бидејќи со денови седевме затворени дома. Сетоа тоа изгледаше многу чудно, траорно и тмурно ако некој го кажеше пред пандемијата. Но, сето тоа јас го предвидев и така се случи моето обраќање во форма на официјален допис до своите вработени. Единствено нешто што можеби не го предвидов беше должината на кризата. Ако некој ме прашаше, моето мислење ќе беше дека ќе трае само неколку месеци. Да бидам искрен, мислев дека со текот на летните месеци или по нив, тоа ќе исчезне. Но, за жал, се се врати во уште поголем обем и поголеми последици, меѓутоа мора битката да биде долга и човештвото да се бори, за на крајот да извојува победа и да се вратиме на нормалниот стил на живот.

„Неуромедика“ е единствената болница која овозможува општа и домашна специјалистичка посета на пациенти позитивни на коронавирусот, како и можност за рендген-дијагностика на истите. Во кој момент одлучивте дека е време за ваков чекор?

„Неуромедика“ навистина е единствената болница која во моментот овозможува и домашана посета како од општа пракса и специјалистичка служба, така и рендген-дијагностика на сите Ковид- 19 позитивни пациенти и нормално санитетски транспорт во и надвор од Македонија. Ако на почетокот наидовме на еден отпор од здравствените работници поради стравот кој се појави од вирусот, по неколку месеци од пандемијата, кога видоа дека болеста не е непобедлива, дека сето тоа може да се превенира и да се заштити секој здравствен работник, веднаш преземавме мерки со цел сите овие служби да функционираат, од причина што знаеме дека има една огромна категорија на луѓе која нема каде да се обрати, а се во добра здравствена состојба, стабилни ковид-позитивни, не може да бидат однесени во болница бидејќи болниците не ги примаат, тие се лекуваат во домашни услови. Токму ним им е потребна и медицинска нега и терапија. Веднаш реагиравме и станавме првите и единствените во Македонија коишто ги изведуваат домашните посети од општите лекари и од специјалистите, што нé прави посебно горди  бидејќи сме спасиле многу човечки животи, сме помогнале.

Но, за жал, има и ситуации во коишто додека дојде екипата, во тој половина или еден час, е веќе доцна, што ми е навистина жал и ме прави да бидам тажен за целата ситуација. Од друга страна, повторно ќе нагласам среќен сум што сме спасиле многу животи. Исто тука би го потенцирал и санитетскиот транспорт. Свесни сме дека секое санитетско возило во овој момент е значајно за здравството. Ние сме институција којашто со нашите  неколку санитетски возила транспортираме пациенти од една во друга установа, од еден во друг град, од една во друга болница, за приватните, но и за државните болници и за наши пациенти. Тоа се постоечки факти од сите овие служби коишто ги имаме ставено во функција за да може сé беспрекорно да функционира, а на кои сум посебно горд.

Кога сметате дека ќе врати животот во нормален тек, онака како што беше пред пандемијата?

Моите предвидувања дека животот ќе се врати во нормала се во оној момент кога повеќе од половина од популацијата ќе ја прими вакцината. Прво се поставува прашањето колку фармацевтската индустрија е подготвена да произведе, бидејќи она што го знаеме се вакцина и ревакцина, односно 2 дози, од причина што имаме околу 7,5 – 8 милјарди луѓе, што значи ако половината примат по 2 пати, тоа е една огромна бројка и потребно е време за да се произведе таа вакцина. Моите предивидувања се дека за враќање на нормалата не е само значајно да се врати животот како претходно во нашиот регион и во Европа, бидејќи знаеме дека многу од луѓето ќе мора да патуваат и надвор од Европа, во повеќе и помалку развиените земји. Потребно ќе биде да се нормализира комплетно човештвото. Тоа би било во оној момент кога повеќе од 50% од популацијата, ќе се вакцинираат со вакцина против Ковид-19. Мојот став е дека ако од денеска се почне со вакцинација, тоа би траело приближно една година. Што значи, крајот на другата година би требало веќе сериозно да почнеме да се враќаме во нормала.
Свесен сум дека долго време потоа ќе има последици, пред сè од социјален и од економски аспект. Социјалниот живот комплетно ќе замре, здравствениот сектор ќе биде преморен, веќе е преморен, сигурно ќе биде уште двапати повеќе преморен, меѓутоа мора човештвото да се бори за сето тоа да го победи и сите заедно да се избориме со оваа пандемија.

Сепак, ние како држава Македонија морам да напоменам дека не сме многу моќни самостојно во обезбедување на вакцините. Сигурен сум дека во Македонија уште долго време таква вакцина нема да се произведува бидејќи немаме капацитети. Значи зависни сме од увоз на оваа вакцина. Знаеме дека каде се парите таму е моќта. Тоа што развиените земји можат да си дозволат да си ги купат овие вакцини, ние не можеме, секогаш ќе бидеме во втор план, факт со кој мора да се помириме. Меѓутоа од друг аспект, наша среќа е што се наоѓаме во регионот на Европа опкружени со земји од Европска Унија, со бизнис и социјални контакти со земји од развиениот свет и од Европа. Така што, тие сакале или не, ќе мораат да нè стават нас на мапата на вакцинирање, што автоматски носи можност да се искористи малку повеќе. Забележувам дека сега се јавуваат некои донации од земји членки на Европската Унија во нашето соседство, кои имаат економски, социјални и бизнис-бенефиции ние како Македонија, што побрзо да почнеме да се заштитуваме со вакцината.

Сега, тука е улогата на здравствените власти и во нашата земја и надвор,  како ќе ги натераат и мотивираат луѓето да се вакцинираат. Сведоци сме овие денови како во некои развиени земји почна да се спроведува вакцинацијата на луѓе коишто се авторитети, како на пример Џо Бајден, новоизбраниот претседател на САД. Не случајно е тоа направено, и тоа е добро, јас ја поддржувам вакцинацијата без разлика каква и да е, сметам дека е многу подобро човек да се вакцинира отколку да живее вештачки под маски, бидејќи животот под маски не е возможен. Кога би бил возможен таков живот од долгорочен аспект, сигурен сум дека така би се родиле ние – со маски на себе. Исто како што шал не се носи цела година, туку само кога има потреба. Така што од таков аспект сметам дека здравствените власти и авторитети треба сериозно да го принудат човештвото да се вакцинира. Со овој став можеби ќе наидам на критики од тие што се против вакцинацијата, меѓутоа јас апсолутно стојам зад постапката, бидејќи сигурен сум дека не може да биде полошо  и апелирам до сите оние коишто можат и сакаат, а се во категоријата каде што треба да се вакцинираат и може да ја примат вакцината од здравствен аспект, тоа да го направат. Што повеќе, тоа подобро, затоа што на тој начин ќе ги заштитат своите блиски луѓе кои не можат да се вакцинираат. На таков начин ќе придонесат да се заштитат и заштедат многу животи.

Постојат можни мерки кои предвидуваат дека нема да може да се влезе во авион, да се замине на некоја туристичка дестинација без да се има ковид-пасош, што е сосема во ред, бидејќи регионите ќе мора да се заштитат. Некои држави предвидуваат поекстремни начини каде што децата нема да можат да се запишат во училиште или на факултет, екстремна постапка која не би ја оправдал до крај, но јас верувам дека треба да се спроведе кај 50% до 60% кај популацијата да се вакцинира. Нормално дека ќе има отпор од разно-разни здруженија и пара-здруженија кои на тој начин ќе сакаат да си дадат на значење, меѓутоа државата и здравствените власти ја имаат  таа моќ за спроведување на решението. Ми се допаѓа фактот што прво акцентот  ќе се стави кај здравствените работници. Ние веќе размислуваме во нашата болница и да пуштиме списоци за нашите здравствени работници да влезат во таа категорија на први коишто ќе ги примат, за да можат да бидат заштитени бидејќи само така ќе можат да им го дадат своето знаење и здравствена нега на тие што им е потребно. Така што, тука сме да помогнеме на секаков начин и сметам дека ќе успееме во тоа.

Како изгледа иднината на „Неуромедика“ за 20-тина години од сега, кои се Вашите планови и очекувања?

Многу интересно прашање… Доколку овој момент би го разговарале пред една година, пред пандемијата, би кажал дека никогаш не би ја предвидел пандемијата  и дека сите планови ќе се стават во втор ред. Меѓутоа, факт е дека се наоѓаме во една најголема економска криза на денешнината на светско ниво и сите планови секогаш во време на криза трпат измена. Меѓутоа, не би биле успешни бизнисмени или  директори на болници, луѓе коишто имат визија, доколку не би гледале напред. Ние докажавме дека за овие 3,5 години колку што функционира „Неуромедика“ како болница капацитетот е речиси целосно исполнет и дека веќе сме созреани да градиме нова и поголема болница. Моите размислувања ќе ги сведам во тој план. Македонија е мал пазар, многу брзо се заситува, на хартија има 2 милиони жители, набрзо ќе има попис, па ќе видиме која е реалната бројка.
Моите предвидувања се дека многу помалку луѓе живеат тука, така што со  тоа  се менуваат сите бизнис-планови. Моите визии се да изградиме во наредниот период уште една болница којашто ќе биде поголема од оваа и нормално ќе ги следи потребите на пациентите. Во меѓувреме, секогаш ќе го имаме статусот на бренд-лидер во својата област кој ќе има врвни доктори и специјалисти од сите области, врвни услуги кои пациентите ги користат и ќе ги користат во иднина и нема да има потреба да одат во странство. Тоа ќе ни биде приоритетот, како и помагање и прифаќање на врвните медицински брендови и едукацијата на кадарот. Мислам дека набрзо ќе дојде време во коешто Македонија ќе има недостаток од добар кадар, тука го гледам и акцентот на нашата болница на што е можно подобра едукација во светските центри.

Д-р Угриновски, на крајот сме на една многу тешка година за сите нас која влијаеше здравствено, финансиски и емотивно…Што ќе посакате на 31 декември, кога стрелките ќе се спојат?

Најубавото прашање што може да се посака. За неколку дена истекува оваа навистина тешка година, ќе ја паметиме 2020 година како една тешка кризна година и првото нешто што ми паѓа на памет коешто ќе си го посакаме кога стрелките ќе се спојат на 31 декември  ќе биде „здравје, здравје и само здравје“ и акцентот ќе го ставиме само на тоа. Кога велам здравје мислам на сè она што го подразбира здравјето и од социјален аспект од заштита, од спроведување на мерки итн., оваа година ќе си посакаме тоа, а наредните години ќе си посакаме сè друго да ни се исполни од аспект на бизнис, на тоа што сакаме да си го купиме или тоа што сакаме го оствариме, меѓутоа секогаш знаеме дека ако немаме здравје тоа е невозможно. Уште еднаш ќе потенцирам – кога ќе кажам здравје, кажувам сè понатаму. Би сакал тоа да биде една парола и главен акцент на сите да си го посакаат тоа, и сите оние коишто знаат што значи тоа многу убаво ме разбираат, така што со самото тоа се надевам дека 2021 година ќе биде многу подобра, многу поздрава и многу успешна година за сите нас. На сите им посакувам пред сè добро здравје!

(ПР текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено поради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Објавено пред

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.

dobivaj vesti na viber

„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија“, изјави Трипуновски.

Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.

„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани“, заврши Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата

Објавено пред

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.

dobivaj vesti na viber

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.

Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.

Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Објавено пред

Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својата фејсбук страна објави дека ги потпишал првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

dobivaj vesti na viber

Во својата објава Трипуновски вели: „Почитувани земјоделци, штотуку ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, нека е аирлија!“

Трипуновски во неколку наврати ја алармираше јавноста дека во Република Македонија постојат договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост кои истекуваат оваа година, но на истите не им е овозможено продолжување и дека Николовски го кочи продолжување со образложение дека се потребни законски измени на законот за земјоделско земјиште.

„Сепак на крајот успеавме да го реализираме нашиот предлог за разрешница на овој проблем по многу побрза и поедноставна постапка, наспроти тврдењата на министерот Николовски кој постојано, од непознати причини, тврдеше дека се потребни измени на законот за земјоделско земјиште и дека со анексирање на договорите не се решава овој проблем. Со ова само се докажа дека Николовски повторно ве лаже како што тоа го прави изминативе 7 години“, дополни Трипуновски.

Позитивно е тоа што овој голем проблем доби решение и засегнатите земјоделци конечно ќе можат да ги продолжат своите договори согласно законските регулативи. Со ова Трипуновски покажа дека ќе биде предводник во промените и решавањето на проблемите во македонското земјоделство.

„ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе биде на страната на македонските земјоделци, доколку ние не го изнесовме овој проблем во јавноста, СДС и Николовски никогаш немаше да ги продолжат овие договори на вредните македонски земјоделци или пак тоа ќе го правеа селективно и повторно земјоделското земјиште ќе завршеше кај луѓе што не се земјоделци или истото ќе го трансформираа за плантажи со фотоволтаици. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе може гордо и со крената глава да биде помеѓу светиниколчани и сите земјоделци во Република Македонија“, заврши Трипуновски во својата објава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија11 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија11 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија11 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија16 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија16 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија17 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија19 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија21 час

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет22 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет22 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија23 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија23 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет23 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет23 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет23 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија1 ден

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...