Контакт

Економија

Поврзување на искуството и лидерството во насока на нудење повеќе придобивки за потрошувачите

Објавено пред

Интервју со менаџерот за експанзија во Тиго и комерцијалниот директор во Електрометал за нивната најнова соработка

dobivaj vesti na viber

Дека едно партнерство може да се реализира и да почне да се развива во добра насока, без оглед на различностите, доказ се Тиго Фајнанс и Електрометал. Овие две компании во јуни започнаа заедничка приказна која се темели на споделување заеднички вредности и високи професионални стандарди, а е во насока на нудење што поголеми придобивки за своите клиенти. Преку спојување на услугите од двата субјекта на едно место, поточно преку отворање на Тиго филијали во неколку маркети на Електрометал, пристапот до финансиски средства во најпотребните моменти станува уште подостапен за граѓаните, а пазарувањето на производи за домот и градината финансиски целосно безгрижно.

За најновата соработка меѓу двете компании, за актуелната понуда, но и за идните планови разговаравме со Дејан Манев, менаџер за експанзија во Тиго Фајнанс и Иван Калинов, комерцијален директор во Електрометал.

 

  1. Неодамна Тиго Фајнанс и Електрометал започнаа партнерска соработка, поврзувајќи ги своите дејности преку отворање на филијали на Тиго во три маркети на Електрометал (Маџари, Карпош и Драчево), на тој начин нудејќи пристап до над 60.000 денари при пазарувањето на над 60.000 производи за домаќинството. Како дојде до ова уникатно поврзување на компании од две различни индустрии? 

 

  • Дејан Манев, Тиго Фајнанс: Растот и развојот на една компанија на пазарот е возможен пред сѐ, преку постојано антиципирање и соодветно, прилагодување на потребите на клиентите, воведување нови иновативни решенија на нудење услуги тогаш кога е најпотребно, но и на начин кој е најсоодветен на моменталната состојба. Тиго и Електрометал се водечки компании на македонскиот пазар, лидери во својата област, а „домаќинлукот“ е нашата заедничка точка која нè поврзува. Поточно домаќинското работење, како карактерна особина, како паметно управување со својот буџет и како уживање во грижата за домот и градината. Оттаму, и нашиот слоган – „Пријатели на домот и буџетот“, со кој сакаме да порачаме дека Тиго и Елктрометал се вашите пријатели, кои се тука, подготвени да излезат во пресрет тогаш кога е најпотребно. Да бидам попрецизен, баравме партнерска компанија која има сличен импакт врз задоволување на потребите на потрошувачите и нивните одлуки при купувањето, како што има Тиго – односно, задоволување на потребите на едно место, во неколку минути, ефикасно и транспарентно. Градежните зафати при реновирањето на домот, набавката на неопходните алати, материјали и останати нешта поврзани со домот се актуелни во текот на целата година, исто како што е постојано актуелна и потребата од финансиски средства. Синергијата меѓу двете компании е очигледна, заедно можеме да го унапредиме домашниот буџет, да го средиме домот заеднички преку финансиска асистенција и да бидеме решението кога изгледа дека го нема. Па така, не само што овозможуваме недостатокот од финансиски средства при пазарувањето да биде покриен на лице место, туку и на населението од околината каде овие филијали се лоцирани нудиме пристап до финансиски услуги за најразличен тип на потреби.

  • Иван Калинов, Електрометал: Електрометал како лидер на пазарот во индустријата „Направи сам“ секогаш се стреми да биде блиску до своите клиенти, да им помага во реализацијата на своите замислени проекти. Водени од идејата „есапот дома и есапот на пазар не е ист” со Тиго им овозможуваме на клиентите нивните проекти да станат реалност и лесно да ги реализираат. Нашата гама на производи опфаќа повеќе од 60.000 производи, како електроматеријали, алати, бои и лакови, водовод, санитарија, бела техника, поточно сè за домот и градината. Изборот навистина е голем и многу често нашите клиенти доаѓаат со еден план, а си заминуваат со друг, надграден и збогатен Преку партнерската соработка со Тиго, пазарувањето сега е целосно безгрижно затоа што во случај на кусок, тука се нашите пријатели од Тиго, како финансиска поддршка.

 

  1. Тиго Фајнанс последните неколку месеци остварува експанзија преку отворање на нови филијали низ целата држава. Па така, небанкарските финансиски услуги стануваат сè подостапни до граѓаните, а со тоа домашната економијата добива зајакнување кое ѝ е особено потребно во кризни периоди, како што е овој. Во кој правец се движи стратегија на Тиго во однос на достапноста на услугите на компанијата за граѓаните?

     

 

  • Дејан Манев, Тиго Фајнанс: Финансиските потреби на потрошувачите се постојани, секојдневни, во секое време, многу често и неодложни. Трошоци се појавуваат континуирано, од сите страни, а нашите буџети често недоволни да го покријат секој финансиски издаток. Ние сме тука токму во тие моменти – ДОСТАПНИ да им понудиме финансиска поддршка и да им излеземе во пресрет на граѓаните токму во тие ситуации преку фер, транспарентен и одговорен начин на кредитирање. Исто така, одлично сме репозиционирани, физички и дигитално присутни, со што потрошувачите знаат дека имаат Финтек пријател подготвен во секое време да ги задоволи сите нивни потреби. Главната предност на Финтек компаниите е што се достапни, и тоа не само во смисла на физичка достапност со филијали, туку и во смисла на ефикасност – клиентот добива финансиски средства тогаш кога има потреба од тоа, за неколку минути. Ние сме достапни секаде каде граѓаните имаат потреба од нашите услуги – онлајн на www.tigo.mk и офлајн со 25 филијали низ државата, чиј број постојано расте. Имено, во рамките на планот за експанзија за првите шест месеци од 2021, Тиго отвори филијали во Струга, Штип, Велес, Гостивар, Кичево, Кавадарци, Свети Николе и Радовиш, уште шест во Скопје – Бит Пазар, Чаир, Кисела Вода, како и филијалите во маркетите на Електрометал во Маџари, Карпош и Драчево. На тој начин зголемувајќи го и бројот на нови вработувања, и уште еднаш потврдувајќи ја својата стратешка определба да биде сериозен и посветен партнер на локалните заедници во коишто делува. Експанзијата продолжува со подеднаков интензитет и во претстојниот период, преку отворање на нови филијали во многу други градови низ целата држава. Дополнително, соработката со партнерските компании кои се двигатели на домашната економија продолжува, физичката достапност преку филијалите низ државата постојано ќе расте, а Тиго со своите филијали ќе биде присутен насекаде каде граѓаните ќе имаат потреба. Говорејќи за достапност, само во Тиго – првиот кредит со навремена и целосна еднократна отплата до 30 дена за новите клиенти е целосно бесплатен кредит, а нудиме и опција за повеќекратни месечни отплати на кредитот на 3, 6, 12, 18 и 24 месеци.

 

  1. Електрометал со децении го одржува статусот на еден од лидерите на македонскиот пазар во продажбата на електроматеријали, алати, водовод, санитарија и сè за домаќинството. На што се должи овој успех на компанијата и кои се нејзините идни планови?

 

  • Иван Калинов, Електрометал: Електрометал постои од 1949 година. На почетокот како компанија која се занимавала исклучиво со трговија на големо, а со текот на времето, како што се менувале светските текови и потребите на потрошувачите, така се менува и начинот на дејствување на нашата компанијата. Зад себе имаме 72 години традиција, што претставува гаранција за доверба и квалитет и синоним за вистински центар за домот кој на купувачите им нуди широк асортиман на производи од најквалитетните светски брендови. Денес, Електрометал е лидер во малопродажбата и со силен интензитет и квалитет се стремиме да бидеме во директен контакт со купувачите преку нашата мрежа на маркети низ целата држава. Нашиот концепт е да бидеме поблиску до потрошувачите, а тоа подразбира покривање на целата територија на Македонија. Во моментов сме присутни во Скопје на 5 локации, а низ државата сме присутни во Кичево, Охрид, Велес, Прилеп, Кочани и Струмица. Нашата цел е до 2025 година да имаме вкупно 25 маркети во Македонија, но исто така имаме план за ширење во соседна Србија во следните години. Располагаме со преку 60.000 производи што е уште една причина повеќе за сè поголемо развивање на малопродажбата, место каде може да им го покажеме цело портфолио на потрошувачите. Ги следиме светските трендови и во нашето работење постојано се прилагодуваме на новите потреби на купувачите, континуирано збогатувајќи ја нашата понуда. На тој начин, веруваме дека го трасираме успешниот пат за уште многу децении пред нас.

 

  1. Кога сме веќе кај плановите за иднина, дали може да ни откриете какви нови придобивки може да очекуваат потрошувачите од оваа партнерска соработка меѓу Тиго и Електрометал?

 

 

  • Дејан Манев, Тиго Фајнанс: Потенцијалот на оваа соработка е дефинитивно неограничен, така што продолжуваме и во претстојниот период да бидеме партнер преку кој може да се искористи финансиската помош овозможена од Тиго за најлесно опремување на домот, станот, викендичката, гаражата, дворот, кафулето, со крајна цел, пазарувањето и освежувањето на домот да станат целосно уживање ослободено од финансиски стресови. Ги повикувам сите постоечки и нови клиенти на Тиго да ги користат услугите на нашите филијали внатре во маркетите на Електрометал, лоцирани во Маџари, Драчево и Карпош, и да не ги пропуштаат новостите кои следуваат.
  • Иван Калинов, Електрометал: Преку соработката со Тиго клиентите ќе бидат во можност во секој маркет на Електрометал низ државата лесно и брзо да дојдат до посакуваните производи. Концептот на соработка е уникатен и единствен во Македонија од ваков тип и затоа верувам во успешноста на овој проект. Заеднички ќе работиме на континуирано развивање и негова постојана надоградба, нудејќи свежи поволности и изненадувања за нашите клиенти. Ги повикувам клиентите да ги следат нашите нови понуди, но и да дојдат, да нè посетат, да се опуштат при пазарувањето на нашите производи користејќи ги поволностите од Тиго. Добро е да се знае дека имаш пријател на домот и буџетот

 

(ПР текст)

Економија

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Објавено пред

„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.

dobivaj vesti na viber

Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.

„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.

„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)

Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.

Прикажи повеќе...

Економија

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда

Објавено пред

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.

dobivaj vesti na viber

Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.

Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 час

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија3 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија4 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија4 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија5 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија5 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија6 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија16 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија17 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија17 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија18 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија18 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија19 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија20 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија20 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија20 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија21 час

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...