Економија
Комволт: Безбедноста на податоците не е шега!
Безбедноста на податоците не е шега!
Во текот на последната седмица од септември се појавија неколку написиод издавачите на кибербезбедноста, во коишто се детализира како познатата „рансомвер група“ ги таргетира (за откуп) сетовите на бекап податоци. Криминалците се обидуваат да добијат контрола над резервните администраторски лозинки за да ги отстранат или шифрираат резервните копии, оставајќи ги организациите без чист сет на резервни копии за враќање на нивните податоци. За „жртвите“, ова е „еден-два“ нокаут удар за нивната организација. Нивните податоци се шифрирани и тие веќе немаат чисти или достапни резервни копии. Резултатот е принудување на организацијата да плати откуп (ransom) за да ги дешифрира своите податоци.
Примарната техника што се користи за нанесување штета за овој напад е привилегиран пристап/ескалација (добивање пристап до привилегирани ингеренции). Секогаш кога заканувачот може да добие администраторски акредитиви ‒ вашата организација е изложена на ризик. Ова би ја ставило во опасност секоја платформа, вклучително и платформите базирани на уреди, освен ако не се воспостават соодветни безбедносни контроли.
Потреба за мултифакторска автентикација
Повеќеслојната безбедносна рамка којашто вклучува автентикација, авторизација и сметководство (Authentication, Authorization and Accounting ‒ ААА) е од клучно значење за заштита од овој тип „рансомвер напади“. Безбедносната рамка AAA, во својот опфат, вклучува сигурна автентикација со избор на мултифакторски контроли и грануларен пристап заснован на улоги, па сè до способности за заклучување на системите. Податоците се шифрирани и имаат надворешен клуч за поддршка на управувањето .
Процесот на автентикација се заснова на тоа секој корисник да има уникатен сет на критериуми за добивање пристап. Commvault овозможува методи за автентикација со повеќе фактори (multifactor authentication ‒ MFA) што ја минимизираат веројатноста ‒ една валидна корисничка сметка да биде имитирана. Ова им овозможува на организациите целосно да го вклучат Commvault во своите стратегии за максимално безбедна архитектура (архитектура со нула доверба).
Како Commvault обезбедува автентикација со повеќе фактори?
Commvault користи безбедносни контроли како што се: автентикација со повеќе фактори за секојдневни административни задачи, заклучување на приватноста и шифрирање на податоците. Корисничкиот пристап може да се раздели, експлицитно негирајќи го пристапот, додека се применуваат улоги на микросегментирани групи ресурси преку конфигурации со повеќе закупци. За повеќе информации, погледнете го ова видео.
Овозможување автентикација со повеќе фактори во вашата Commvault околина
Во Commvault околина може да си овозможите повеќефакторска автентикација базирана на пинови на ниво на CommCell (Аdministrator Level). Ова ќе спречи компромитирани сметки на Active Directory да добијат неовластен администраторски пристап на CommCell и ќе ги заштити локалните административни сметки на Commvault. За имплементација, следете ги овие едноставни чекори:
· За најавување во локалниот, или во активниот директориум (Active Directory), одете во Control Panel > System > Security, изберете „овозможи автентикација со два факторa“. За дополнителни детали, може да прочитате: Овозможување двофакторна автентикација на ниво на CommCell (Administrator Level).
· За надворешни провајдери на идентитет како што се: Azure AD, ADFS, OKTA и други, овозможете си мултифактор автентикација со провајдерот за беспрекорна интеграција со Commvault. Ова им овозможува на организациите да користат многу MFA-функции, базирани на пинови и без лозинка (како што се хардверските клучеви од Yubikey), со цел да ги заклучат барањата за автентикација.
Тоа е тоа, едноставно.
Мултифактор автентикацијата е важна компонента за повеќеслојната безбедност и заштитата од рансомвер (ransomware). Заштитата од рансомвер и закрепнувањето не мора да бидат застрашувачки. За да дознаете повеќе за тоа како може да се заштитите, да откриете и да закрепнете од ransomware, посетете ја: http://www.commvault.com/ransomware
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.