Економија
Компанијата „Еуромакс“ и групацијата „Трафигура“ донираа земјоделска механизација на членовите од Слоуфуд Огражден
Компанијата „Еуромакс“ и групацијата „Трафигура“ донираа земјоделска механизација на членовите од Слоуфуд Огражден.
Жени фармери од општините Босилово и Ново Село добија донација земјоделска механизација од компанијата „Еуромакс“, која поради голем интерес меѓу земјоделците се организира по вторпат во рамки на проектот за општествена одговорност што оваа компанија го реализира во соработка со граѓанското здружение Слоуфуд Огражден. Во втората донаторкса активност се вклучија жени од селата Секирник, Штука, Иловица, Еднокуќево, Дрвош, Турново, Сушица и Босилово.
„Ова е втора донација од ‘Еуромакс ресоурцес’, откако првиот пат донираа земјоделска приклучна механизација и опрема на 10 жени наши членки. Сега повторно имаме донација за 16 жени претприемачи. Ние сакаме да го подигнеме женското претприемништво, зашто сметаме дека жените во руралните делови се запоставени. Целта е да си обезбедат сопствена егзистенција, независно од семејниот буџет, иако знаеме дека тој приход ќе влезе во семејниот буџет, но да се зајакне нивната самодоверба и самостојност“, изјави Сашко Поповски, претседател на Слоуфуд Огражден потенцирајќи дека меѓу жените претприемачи во под Огражденскиот Регион постои силен интерес за донациите што ги организираат со соработка со „Еуромакс“.
За добитничките на земјоделска механизација, реализацијата на овој проект е од големо значење, бидејќи како што велат и самите, им се излегува во пресрет на нивните барања да им се обезбеди тоа што им е најпотребно, им се заштедуваат финасиски средства и им се отвораат можности за поквалитетно и попродуктивно земјоделско производство.
„За нас ова е семеен бизнис и го работиме 18 години. Имаме желба да се модернизираме, имаме и друга механизација, но таа не е комплетна за да ни ја олесни работата. Сега ќе ни биде полесно за обработка на земјата и се надеваме дека ќе ги зголемиме приносите. За нас ова е прва од овој тип донација и можам да кажам дека воспоставување ваква соработка меѓу земјоделците и бизнис-секторот може да помогне да се намали иселувањето од овие краеви“, Билјана Манчева од село Дрвош.
Според жените кои добија донации, сега за прв пат се воспоставува континуирана поддршка преку донација на земјоделска механизација од локална компанија.
„Се занимаваме со земјоделие и чуваме крави. Садиме компир и пченица за кравите. Одлучивме да се пријавиме на повикот зашто не можеме да си дозволиме да купиме нови машини, а ни се многу потребни. Чувме за повикот и решивме и ние да се пријавиме. Оваа механизација за нас значи унапредување на земјоделието и на сточарството. Потребна е ваква соработка на бизнис-секторот со земјоделците. Ова за нас е првпат да бидеме дел од ваква акција и благодарни сме што излегоа во пресрет на нашето барање“, вели Сања Горгиева од село Штука.
Демонстрирајќи висок степен на општествена одговорност и желба за регионален развој преку поддршка на локалното население, главниот директор за финансии во компанијата „Еуромакс“, Никола Гулев, потенцираше дека уште еднаш ја потврдуваат својата верба дека земјодлеството и рударството може да коегзистираат.
„Ние продолжуваме со програмата што ја најавивме, а е поддржана и иницирана од нашиот главен акционер групацијата ‘Трафигура’. Целта е да се помогне во овој постковид период на локалните жители и невладините организации кои докажале со своите активности дека работат за подобрување на квалитетот на живот во Струмичкиот Регион. Конкретно денес реализираме програма за поддршка на земјоделците, односно земјоделските произведувачи од понежниот пол и ова претставува само мал дел од програмата што е планирана, но најзначајна зашто се помага земјоделието. Ние искрено веруваме во вредностите на овој проект што денес го реализираме и веруваме во концептот дека земјоделието и рударството може да коегзистираат заедно. Затоа и продолжуваме да инвестираме во земјоделието со цел да се оствари поголем принос и поголема економска корист во земјоделието. Дополнително работиме интензивно на повеќе идеи и проекти што очекуваме да се реализираат во следниот период, а со цел да се подобри квалитетот на живот на сите граѓани во Струмичкиот Регион“, вели главниот финансов директор Никола Гулев.
Од компанијата потврдуваат дека постои огромен интерес од земјоделците и индивидуалните сточари, а организацијата стартуваше спонтано преку невладината организација која беше меѓу првите што се одзваа на повикот да достават предлози за поддршка на локални проекти и организации. Повикот беше објавен минатиот месец откако клучниот инвеститор на „Еуромакс“, групацијата „Трафигура’, обезбеди интервентен буџет во вредност до еден милион евра. Во фокусот на компанијата се општествено одговорни активности што се од интерес на населението. Целата приклучна механизација се обезбедува преку локални добавувачи.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено поради големиот увоз на странско јаболко во Македонија
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.
„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија“, изјави Трипуновски.
Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.
„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани“, заврши Трипуновски.
Економија
Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.
Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.
Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.
Економија
Трипуновски: Ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својата фејсбук страна објави дека ги потпишал првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.
Во својата објава Трипуновски вели: „Почитувани земјоделци, штотуку ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, нека е аирлија!“
Трипуновски во неколку наврати ја алармираше јавноста дека во Република Македонија постојат договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост кои истекуваат оваа година, но на истите не им е овозможено продолжување и дека Николовски го кочи продолжување со образложение дека се потребни законски измени на законот за земјоделско земјиште.
„Сепак на крајот успеавме да го реализираме нашиот предлог за разрешница на овој проблем по многу побрза и поедноставна постапка, наспроти тврдењата на министерот Николовски кој постојано, од непознати причини, тврдеше дека се потребни измени на законот за земјоделско земјиште и дека со анексирање на договорите не се решава овој проблем. Со ова само се докажа дека Николовски повторно ве лаже како што тоа го прави изминативе 7 години“, дополни Трипуновски.
Позитивно е тоа што овој голем проблем доби решение и засегнатите земјоделци конечно ќе можат да ги продолжат своите договори согласно законските регулативи. Со ова Трипуновски покажа дека ќе биде предводник во промените и решавањето на проблемите во македонското земјоделство.
„ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе биде на страната на македонските земјоделци, доколку ние не го изнесовме овој проблем во јавноста, СДС и Николовски никогаш немаше да ги продолжат овие договори на вредните македонски земјоделци или пак тоа ќе го правеа селективно и повторно земјоделското земјиште ќе завршеше кај луѓе што не се земјоделци или истото ќе го трансформираа за плантажи со фотоволтаици. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе може гордо и со крената глава да биде помеѓу светиниколчани и сите земјоделци во Република Македонија“, заврши Трипуновски во својата објава.