Економија
МЗШВ ќе реализира сет мерки за развој и зголемување на органското производство
Македонија има поволни агроеколошки услови за развој на органското земјоделско производство, затоа започнуваме со реализација на сет мерки за стимулирање и унапредување на овој тип производство, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешната тркалезна маса „ Како да се поттикне органското производство на храна“.
Николовски потенцираше дека заложбата на МЗШВ за органското производство не е само декларативна, туку производителите на органско производство во Владата треба да гледаат силен партнер.
„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги препознава бројните предности на органското производство, како и потенцијалот за развој на Македонија на ова поле. Во тек е изработка на оглас за доделување државно земјоделско земјиште наменето исклучиво за органско производство, кој ќе биде објавен на крајот на месецов.Во овој контекс, за првпат ќе објавиме и оглас за доделување државно земјоделско земјиште за производство на органска сточна храна. Посебен акцент ставаме на поттикнување и поддршка на младите земјоделци, воведуваме нова политика со којашто дополнителна предност ќе имаат младите земјоделци чијашто дејност би била токму органското производство“, порача министерот Николовски.
Дополнително, како што рече, финансиската поддршка за развој на органското земјоделско за 2018 година е зголемена од 61 милиони денари на 81 милиони денари. Субвенциите достапни за земјоделците кои практикуваат органско производство, во зависност од културата, се до 100 проценти повисоки од сумите наменети за конвенционално производство. Зголемени се и субвенциите за развојните категории на земјоделските стопанства од 20 проценти за растително и 10 отсто за сточарско производство кое ги опфаќа и органските производители.
„За подобрување на пласманот и подобро претставување на странскиот пазар, зголемен е и износот за техничка поддршка за учество на меѓународни саеми и манифестации за 30%. Меѓу големиот број саемски претставувања предвидени со годишната програма, сакам да истакнам дека Република Македонија оваа година е земја партнер на меѓународниот саем АГРА во Словенија, каде особен акцент даваме токму на претставување на македонските органски производи“, потенцираше министерот Николовски.
Меѓу мерките кои денеска ги презентираше министерот Николовски за зголемување на органското производство е измената на законската регулатива со што ќе се овозможи одредени подрачја да се сертифицираат како органски региони. Во насока на подигнување на свеста на потрошувачите за значењето и хранливата вредност на органските производи, во моментов се реализираат работни средби со Министерството за здравство за воспоставување „органско мени“ во Клиниката за детски болести . Во следна фаза овој проект треба да ги опфати и градинките и основните училишта ширум државата.
Воедно, издвоени се 11 милиони евра од Програмата за земјоделство и рурален развој за 2018 година за инвестиции во хидро-мелиоративни системи во аридните подрачја, со што ќе се намали ризикот од помали приноси и истовремено зголемување на изборот на култури за кои претходно немало услови да се произведуваат. Последна таква инвестиција е системот за наводнување во Славишко Поле, со кој 200 хектари обработлива површина ќе добијат стабилна достапност на вода.
Министерството соопшти дека во насока на заштита на потрошувачите, е подготовката на „Регистарот на органски оператори“, кој во финална фаза и кој ќе нуди точни податоци за сите производители: сертификација, вид на култури, локација на производство и планирани количини. Со воспоставувањето на овој регистар ќе се елиминираат досегашните манипулациии на пазарот и секој потрошувач ќе знае точно дали производот кој го набавил навистина е органски, кој го произвел и каде.
Инаку, на денешната трибина присуствуваа и заменик-директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г. Фирус Мемед, претседателот на Организацијата на потрошувачи на Македонија г-ѓа Маријана Лончар Велкова, и директорот на Асоцијацијата „Зенит“. Настанот беше во организација на потрошувачите на Македонија, Асоцијација „Зенит“ и Здружението „Медиа плус“, а поддржан од проектот „Преминете на органско – потрошувачите во центарот на земјоделската политика“ финансиран од Европската Унија преку програмата „Одржливо земјоделство за одржлив Балкан“, и од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.