Контакт

Економија

„Нептун Македонија“: Глобалната пандемија ја трансформираше сферата на онлајн шопингот

Објавено пред

Како резултат на пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, е-продажбата рапидно расте на светско ниво, а нашата земја не е исклучок. Компаниите кои се дел од една од најголемите приватни инвестициски групации во Југоисточна Европа, „Балфин“, одамна се фокусирани на овој модерен тек меѓу кои е и „Нептун Македонија“. Менаџерскиот тим вели дека константно се работи во сферата на е-продажбата. Оваа опција е важен сегмент веќе две години и активно се инвестира во надградување и усовршување.

dobivaj vesti na viber

– Со имплементацијата на нова напредна веб-страница и лансирање на NEPTUN мобилната апликација за онлајн продажба се издвоивме на пазарот со иновативност и уникатност. Со овие чекори значително придонесовме за унапредување на е-продажбата, а тоа резултираше со огромен раст во онлајн нарачките. Споредувајќи ја 2019 со 2018 година имавме раст од околу 200 отсто. Во оваа кризна ситуација предизвикана од Ковид-19 најпрво мора да напоменеме дека ние, како општествено одговорна компанија, ги преземаме сите препораки и мерки од владините органи и се грижиме за безбедноста и здравјето на нашите клиенти и вработени. Во однос на е-продажбата во ова кризна состојба, ние влеговме технички подготвени со напредни опции за клиентите да можат на лесен, брз и безбеден начин да купуваат онлајн од комфорноста на својот дом. Секако, во склад со новонастанатите состојби, ние секојдневно работиме на подобрување и усовршување на целиот процес на онлајн купување со цел нашите клиенти да имаат што подобро корисничко искуство. Може да кажеме дека многу луѓе во државава во овој период се одлучуваат да купуваат онлајн, а со тоа има значителен пораст во овој сегмент на продажба – објаснува Никола Митревски, маркетинг координатор во „Нептун Македонија“.

Компанијата ја има воведено е-продажбата во 2013 година. Тоа биле првите чекори во сферата, но во тој период трендот не бил развиен на нивото кое е последниве две години. Во 2018 година со лансирањето на новата веб-страница и подоцна со лансирањето на мобилната апликација значително ја зголемиле комуникацијата и адвертајзингот за онлајн продажба.

– Сакавме да им презентираме на нашите клиенти дека имаат алтернатива. Доколку немаат доволно слободно време да купуваат во некоја од нашите продавници, може тоа да го направат брзо и едноставно преку мобилен телефон или преку компјутер. Покрај овие чекори, воведовме и дигитализација на „haPPy“ лојалната програма со што им овозможивме на нашите клиенти да ги користат сите бенефити од програмата и онлајн. Тоа е следење на happy акаунтот каде се впишани сите нарачки, наградни поени, ваучери, нивоа на членство, креирање на „wish list“, купување онлајн по цени со попуст, дигитализација на happy картичката и многу други придобивки. Оние што не се членови, може онлајн да се зачленат со едноставно купување на дигитална happy картичка и автоматски стануваат дел од нашата лојална програма. Друга причина се секако и светските трендови. Може со сигурност да се каже дека иднината на малопродажбата полека, но сигурно, е во онлајн продажбата. Луѓето сè повеќе се ориентираат да купуваат онлајн – додава Митревски.

Тој посочува дека онлајн купувањето има континуиран раст. Веќе две години секој месец сè повеќе луѓе се одлучуваат да купуваат онлајн.

– Сега во овој вонреден период кога дел од нашите продавници се затворени, а сите останати работат со скратено работно време бележиме значителен раст на е-продажбата. Воедно и целата ситуација налага луѓето да користат алтернативни канали на купување, а тоа е онлајн опцијата со која од комфорноста на својот дом брзо, лесно и безбедно ги купуваат потребните апарати за домаќинство. Интересот е огромен. Многу од повиците во нашиот контакт центар се баш на оваа тема, а исто добиваме и многу дописи на e-пошта и на социјалните медиуми со прашања околу е-купувањето. Нашиот продажен тим е целосно посветен да ги опслужи нашите клиенти онлајн сè со цел тие да имаат еднакво добро корисничко искуство како и во нашите продажни салони – објаснува Митревски.
Интересно е да се напомне дека периодов кога целта е да се остане дома, луѓето имаат зголемена побарувачка на ИТ-опрема како лаптопи, компјутери, играчки конзоли, монитори, ИТ-аксесоари и галантерија. Тој смета дека дека и по завршувањето на кризната ситуација ќе има промени на понатамошните општествени процеси.

– Некои навики кои луѓето ќе ги стекнат овој кризен период во одредена мера ќе продолжат да се практикуваат. Е-купувањето сметаме дека ќе биде една овие навики. Овој период голем број луѓе ќе осознаат и искусат дека ова е лесен и едноставен начин да обезбедат не само апарати за домаќинство туку и останати видови  производи како храна, мебел, книги итн.

Истиот тренд ќе биде и кон користење и нае-услуги како електронско банкарство и финансии. Нашите планови за раст и развој одамна се определени кон дигитализација на компанијата. Тоа значи дека активно ќе се работи на воведување  нови можности и алатки за подобрување и усовршување на целосното онлајн корисничко искуство за нашите клиенти. „Нептун Македонија“ како лидер на пазарот во малопродажба на апарати за домаќинство е пример за тоа дека константното инвестирање во нови технологии, иновации, унапредувањето на продажните салони и подобрување на корисничкото искуство се клучни за напредок и останување на врвот во нашиот сектор – посочува Митревски.

„Нептун Македонија“ од 10 април, согласно препораките на Владата, привремено затвори четири продавници: „Нептун Карпош“ (во Скопје сити мол), „Нептун Сарај“, „Нептун Куманово“ и „Нептун Дебар“. Останатите локации работат со скратено работно време, а менаџментот се фокусира на нудење побезбедни опции на продажба и достава на апарати за домаќинство.

– Справувањето со вакви вонредни ситуации не е лесно, но напорно работиме за целата ситуација да помине во што подобар ред за компанијата, за сите 400 вработени и секако најважно за нашите клиенти. Воедно, на нашите дигитални медиуми континуирано праќаме апел до граѓаните да останат дома, да избегнуваат метеж и да внимаваат на насоките кои ги даваат властите. Во нашите продавници превентивните насоки се комуницираат преку постери и известувања со цел заштитата и безбедноста на потрошувачите и вработените да биде на повисоко ниво. Воедно, во продавниците се врши редовно дезинфицирање и поставени се средства за дезинфекција за потрошувачите и вработените – објаснува Митревски.

„Нептун Македонија“ и „Скопје ист гејт“, компанија која во моментов работи на изградба на мултифункционален комплекс во главниот град, се дел од „Балфин“, која е една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот и е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, како што Green Coast Resort и Vala Mar Residences, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други. „Балфин“ лани заедно со Комерцијална банка АД Скопје го комплетираше купувањето на Тирана банк. Под капата на „Балфин“ се голем број претпријатија кои функционираат во различни сфери, а сместени се во седум држави и бројат речиси 6.000 вработени. Покрај во Албанија, каде што е централата и нашата земја, групацијата е присутна со различни типови на проекти, и во: Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.

Никола Бурагев

Економија

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање

Објавено пред

„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.

dobivaj vesti na viber

Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.

„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.

„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.

Прикажи повеќе...

Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.

dobivaj vesti na viber

Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)

Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.

Прикажи повеќе...

Економија

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда

Објавено пред

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.

dobivaj vesti na viber

Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.

Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија11 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија13 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија15 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија16 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија18 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет18 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија18 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет18 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија19 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет19 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија2 дена

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија2 дена

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија2 дена

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија2 дена

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...