Економија
„Нептун“ прославува шести роденден на хепи-картичката со големи попусти, подароци и двојно повеќе хепои-поени само на 18 јуни
По повод шестиот роденден на хепи-лојалната програма и хепи-картичката, „Нептун Македонија“ овој 18 јуни подготви специјална понуда и супер цени за своите купувачи. Со роденденската акција„Нептун Македонија“ им обезбеди на сите лојални купувачи големи роденденски хепи-попусти, 100 подароци за најсреќните хепи-купувачи и двојно повеќе хепи-поени.
Како благодарност за неизмерната доверба и лојалност во овие 6 години, на сите хепи-домаќинства, „Нептун“ им подготви возбудливо шопинг искуство на купувачите во сите 25 продажни салони во Македонија. Посетете ги продажните салони, купете по супер цени и до 60 рати, добијте двојно повеќе хепи- наградни поени на вашата картичка и бидете потенцијален добитник на некоја од 100 награди!
Погледнете го промотивниот каталог од роденденската акција на https://www.neptun.mk/.
Покрај роденденска хепи-акција, „Нептун“ целиот месец јуни го посвети на купувачите кои се дел од лојалната програма. Токму во овој месец, бројката на издадени хепи-картички т.е купувачи достигна јубилејна бројка од 300.000.
„Ова беше дополнителен повод целиот месец јуни да го посветиме на нашите купувачи. Преку промовирање на дел од нашите хепи-купувачи лансиравме месечна кампања ‘Постоиме за нашите хепи-купувачи’ во која носители се дел од нив, добро познати личности од јавниот живот. Актери, спортисти, водители, блогери, влогери, модели се само дел од лицата кои ги претставија категориските промоции. На денот на роденденот ќе претставиме и уште многу наши лојални купувачи кои тој ден ќе бидат најсреќни и ќе добијат подарок од вкупно 100 подароци кои ги подготвивме.
300.000 издадени картички значи дека исто толку семејства во државава се наши лојални купувачи, ова е јубилеј кој многу нè радува. Нашата компанија е ориентирана кон врвно купувачко искуство, како во нашите продавници ширум државата така и онлајн преку нашата веб-странicа и мобилна апликација. Тоа ни е еден од најважните елементи во работењето. Задоволството и среќата кај нашите купувачи sе примарна цел. Со континуирано инвестирање во нашите продавници, во нашите вработени, во огромниот уникатен избор на производи од најпознатите светски брендови сакаме да ги задржиме нашите постоечки купувачи и секако да придобиеме нови. Да се радуваме на сите убави моменти заедно. Повелете во нашите продавници и уживајте во хепи-шопинг“, изјави Никола Митревски, маркетинг-координатор во „Нептун Македонија“.
„Нептун Македонија“ е дел од „Балфин“, една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот и е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти, туристички проекти, како што се Green Coast Resort и Vala Mar Residences, активности во модната и во рударската индустрија, како и во сферата на малопродажбата со „Нептун“, „Џамбо“, SPAR и други.
„Балфин“ лани заедно со Комерцијална банка АД Скопје го комплетираше купувањето на Тирана банк. Под капата на „Балфин“ се голем број претпријатија кои функционираат во различни сфери, а сместени се во седум држави и бројат речиси 6.000 вработени. Покрај во Албанија, каде што е централата и нашата земја, групацијата е присутна со различни типови на проекти, и во: Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.