Контакт

Економија

„Никоб Медикал“ е иновативна здравствена установа посветена на 24 часовна медицинска заштита на граѓаните

Објавено пред

1 ГОДИНА НИКОБ МЕДИКАЛ, 1 ГОДИНА БРЗИ, ДОСТАПНИ И КВАЛИТЕТНИ

dobivaj vesti na viber

Во тек на минатата година започнавте со работа, а денес одбележувате 1 година Никоб Медикал и што може да ни претставите за работењето на установата?

Ми претставува чест и задоволство како прво вработена во ПЗУ Никоб Медикал и како Генерален Директор, заеднички со основачот Г-н Кирил Лазаров да создадеме професионално семејство кое секојдневно расте и е комплетно подготвено да ја обезбеди здравстевната услуга до нашите корисници кога е најпотребно, т.е кога се работи за најважното во животот, а тоа е здравјето.

Третта година живееме во една од најтешките светски кризи, Ковид-19 пандемија, која покажа слабости во светски здравствени системи, но и во нашиот систем за жал. Неконтинуирана, селективно достапна или целосно недостапна во одредени средини, сериозно се одрази на квалитет на живот, здравје, како и последици по здравјето. Здравствениот систем претставува интегрираност на примарна, секундарна и терциерна здравствена заштита. Примарната е базата во системот на која се надоврзуваат останатите. Целта и фокусот ние да на корисникот на услугата-пациент пристапиме со доближување на услугата према место на живеење и тимот према пациентот. Тоа значи да услугата може да се добие во ординација, но и во домашни услови и работна средина. Видот на услуги е според листа на услуги за примарна здравствена заштита. Услугите се достпани со пристапни цени според ценовната политика и севкупно секојдневно успеваме да се стекнуваме со се повеќе доверба од нови корисници на нашите услуги.

Како постигнувате да одговорите на барања на граѓаните и за што највеќе Ве бараат?

Успеваме на начин за кој имавме план и активности и еве една година и имаме реализација. Основачот како еден од најголемите работодавци во државата сериозно вложува во секторот здравство со капитална инвестиција во однос на простор, опрема и кадар. Имено располагаме со 10 најсовремено опремени амбулантни возила, 2 санитетски возила и 5 леки коли за домашна посета. Современо просторно уредување и услуги овозможени од квалитетно обучени 25 тима составени од доктор, медицинска сестра/техничар и возач. Покрај базичната обука, 6 доктори поминаа тренинг програм за професионални тренери за укажување на прва помош за професионалци и непрофесионалци, обука за прва помош на место на незгода како и обука за менаџиреање со трауми во екстремни околности.Обуките спроведени во соработка со Rescue Training International CY LTD, членка на WSO-World Safety Organization,USA, Adult&Pediatric First Aid Training Provider,England. Вложуваме во млади и амбициозни тимови кои несебично колегијално го споделуваат знаењето и искуството. Исто така подршка даваме и на 9 доктори кои од есента започнаа со специјализации од различни области. Креирање на сигурна, продуктивна работна средина допринесува максимален квалитет за крајниот корисник на услугите – пациент.

Во тек на годината одговоривме на секој повик и барање од корисниците на услугите од различна природа и етиологија. Во тек на есенските и зимскиве месеци доминира Ковид-19 патологијата, домашни посети за преглед, апликација на терапија, тоалети на рани, преврески, апликација или промена на катетер итн. Секако имаме пациенти кои редовно си закажуваат превентивни пакети за превенција или следење на одредено хронично заболување. Во тек на целиот период имаме медицински транспорти, како и ангажирани сме за медицинско обезбедување на јавни настани. Следење на потребите на заедниците и граѓаните, од есента имаме матичен лекар во Поликлиника Шуто Оризари, а од месец јануари и во Кисела Вода, при што ја зајакнуваме мрежата на матични лекари.

Д-р.Спец.субспец. Баевска Вучковиќ за колку пациенти станува збор и колку услуги овозможивте досега?

За една година работа реализиравме повеќе од 10 000 интервенции, доверба имаме од 4 600 пациенти регистрирани во нашата база, изминати повеќе од 35 000 километри за медицински транспорти, како и 45 јавни настани сме обезбедиле со медицинска екипа и амбулантно возило. Реализациите се должат на брзи, достапни и квалитетни услуги со пристапни цени и најважното, можноста на достапност на овој вид на услуги како во градот така и на територија на цела држава и надвор од државата. Практично, нашата девиза е дека ние постоиме за да помогнеме кога е најпотребно, кога се работи за ЖИВОТ!

Што значи брзи и достапни ? Колку е времето за брза интервенција? Која е најдалечна рута која сте ја имале ?

Располагаме со богат возен парк со најсовремено опремени амбулантни и санитетски возила со кои за градот и околината поставено ни е максимум 30 минути пристигнување согласно локацијата и повикот. Граѓаните не добиваат на 15515 во тек на 24 часа, веб страна и мобилна апликација за закажување на интервенција/преглед/домашна посета. Медицински транспорти имаме во соседни држави, регионално и како едни од подалечни рути ни се Венеција, Цирих, а најдалечна е Скопје-Бон-Скопје 4000 км постковид пациент со кислородна подршка. Асистираме и при авио медицински транспорти во доставување или превземање на пациент.

Согласно медицинските и санитетските транспорти имаме одлична соработка како со јавните така и со приватните установи кои се на секундарно или терциерно ниво.

Дали ПЗУ Никоб Медикал е општествено одговорна институција?

Како институција сме општествено одговорни и се трудиме да одговориме и помогнеме со рационален пристап согласно потребите .Во таа насока обезбедивме две сериозни донации, едната донација е транспортен инкубатор за родилиштето во Струмица, кое како најголемо во тој регион за прв пат се здоби со сопствен транспортен инкубатор за најранливата категорија на пациенти- новородените. Со тоа допринесуваме во зголемување на квалитетот на услугата кога е потребно да се изврши транспорт на витално загрозено новородено. Исто така кога се работи за децата во делот на оние кои се прикрепени и добиват услуги во Заводот за ментално здравје на деца и младина- Младост, дониравме ЕЕГ стол кој беше потребен за квалитетно спроведување на ЕЕГ дијагностика.

Што можете да ни кажете како заклучок од првата година од Вашето работење и кои се вашите планови за во иднина?

Како професионалец со 24 години работно искуство кој започнал од првата скала, со многу труд, работа, едукација, успешно се искачував и имав можност да ја достигнат највисоката скала како директор на најголемата јавна здравствена установа Здравствен Дом Скопје. Како педијатар-пулмоалерголог работам со следење на раст и развој, па така тој дел од мојата професија, како и бројни едукации за здравствен менаџмент, како сертифициран и лиценциран менаџер за управување на здравствени установи, прифатив предизвик за основање, раст и развој на едно ново дело во приватниот сектор. Успешното позиционирање е резултат на макотрпна работа, тимска работа, надминување и соочување со различни ситуации и околности, но со јасно дефинирана цел за можност и доближување на здравствена услуга до секој корисник кога е најпотребно. Задоволство е да се работи со тимот кој секојдневно се зголемува и надградува, ентузијазмот и желбата за нови достигнувања.

Во блиска иднина планираме проширување на услугата за матичен лекар во делот на гинекологија и педијатрија, како би обезбедиле комплетна услуга за едно семејство се на едно место. Чекор по чекор одиме, се трудиме постепено да растеме и да се унапредуваме.

Капитална инвестиција од основачот во кризно време на светска криза со Ковид-19 пандемија има исклучително значење за постоењето на ПЗУ Никоб Медикал со можност и достапност на услугите со што се допринесува за зајакнување на капацитетот на националниот здравствен систем во државата.

ЗДРАВЈЕТО И БЕЗБЕДНОСТА СЕ НАЈВАЖНИТЕ ФАКТОРИ ЗА КВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ !

НИКОБ МЕДИКАЛ СЕКОГАШ Е ДОСТАПЕН КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ЗДРАВЈЕ И ЖИВОТ!

Срдечно,

ПЗУ НИКОБ МЕДИКАЛ

(ПР-текст)

Економија

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено поради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

Објавено пред

Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.

dobivaj vesti na viber

„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија“, изјави Трипуновски.

Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.

„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани“, заврши Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата

Објавено пред

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.

dobivaj vesti na viber

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.

Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.

Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.

Прикажи повеќе...

Економија

Трипуновски: Ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Објавено пред

Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својата фејсбук страна објави дека ги потпишал првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

dobivaj vesti na viber

Во својата објава Трипуновски вели: „Почитувани земјоделци, штотуку ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, нека е аирлија!“

Трипуновски во неколку наврати ја алармираше јавноста дека во Република Македонија постојат договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост кои истекуваат оваа година, но на истите не им е овозможено продолжување и дека Николовски го кочи продолжување со образложение дека се потребни законски измени на законот за земјоделско земјиште.

„Сепак на крајот успеавме да го реализираме нашиот предлог за разрешница на овој проблем по многу побрза и поедноставна постапка, наспроти тврдењата на министерот Николовски кој постојано, од непознати причини, тврдеше дека се потребни измени на законот за земјоделско земјиште и дека со анексирање на договорите не се решава овој проблем. Со ова само се докажа дека Николовски повторно ве лаже како што тоа го прави изминативе 7 години“, дополни Трипуновски.

Позитивно е тоа што овој голем проблем доби решение и засегнатите земјоделци конечно ќе можат да ги продолжат своите договори согласно законските регулативи. Со ова Трипуновски покажа дека ќе биде предводник во промените и решавањето на проблемите во македонското земјоделство.

„ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе биде на страната на македонските земјоделци, доколку ние не го изнесовме овој проблем во јавноста, СДС и Николовски никогаш немаше да ги продолжат овие договори на вредните македонски земјоделци или пак тоа ќе го правеа селективно и повторно земјоделското земјиште ќе завршеше кај луѓе што не се земјоделци или истото ќе го трансформираа за плантажи со фотоволтаици. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе може гордо и со крената глава да биде помеѓу светиниколчани и сите земјоделци во Република Македонија“, заврши Трипуновски во својата објава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија3 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија3 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија3 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија8 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија8 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија9 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија11 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија13 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет14 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет14 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија14 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија15 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет15 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет15 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет15 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија1 ден

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...