Економија
Новата „Opel Astra“ – самоуверена, електрифицирана и ефикасна
· Eлектрифициранa Astra за прв пат како plug-in хибрид во две нивоа на изведба
· Смел и елегантен дизајн со новиот Vizor и изборна завршна обработка со две бои
· Целосно дигитален Pure Panel и cockpit со широк екран и интуитивни контроли
· Ефикасни мотори со 6-степен мануелен и 8-степен автоматски менувач
· Најновиот Intelli-Lux LED® Pixel светла со 168 LED елементи
· Бројни автоматски системи за асистенција за висока безбедност и удобност
· Ергономски AGR-сертифицирани седишта, по избор во кожа и Алкантара
· Дизајниран, развиен и произведен во седиштето на Опел во Германија
Opel денес ја откри целосно новата, шеста генерација на Astra!
Успешната приказна за бестселерот на Опел започна пред 30 години со потомството на легендарниот Кадет. Со целосно новата Astra, германскиот производител сега го отвора следното поглавје: за прв пат, моделот од компактната класа е достапен со електричен погон.
Opel ќе ја понуди новата Astra во две нивоа на изведба како plug-in хибрид. Како и верзии со високо ефикасни бензински и дизел мотори во комбинација со шест-степен мануелен и осум-степен автоматски менувач.
Новата Opel Astra е динамична како никогаш порано, со пространи, зајакнати површини, детоксиран од излишни елементи и со новото лице на Брендот – Opel Vizor. Со следната генерација на компактна класа, Opel покажува дека Astra е подготвена да дефинира нова ера.
Новата Opel Astra ќе биде лансирана оваа година како спортски модел со пет врати, со низок изглед и уште повеќе простор од неговиот претходник. Со должина од 4.374 mm и ширина од 1.860 mm, пополнува во целост местото на компактниот сектор.
Благодарение на особено краткото преклопување на предниот дел, новата Astra е подолга само 4,0 mm од претходниот модел, и покрај значително зголеменото меѓуоскино растојание од 2,675 mm (+13 mm). Без оглед на мускулестиот, сигурен став, практичниот багажник на новата Astra со прилагодлив под сепак им нуди на возачот и на четворица патници 422 литри волумен.
Новата генерација е дизајнирана и развиена во седиштето на Opel во Риселсхајм каде производството ќе започне оваа есен. Како и неговиот претходник лансиран во 2015 година, новодојдениот, носи новини во компактната класа што клиентите претходно ги очекувале само од поскапи возила. На пример, Astra може да ја претвори ноќта во ден: најновата еволуција на адаптивната светлина Intelli-Lux LEDix Pixel доаѓа директно од предводникот на Opel Insignia и со 168 LED елементи, води во компактниот и средниот сектор на пазарот.
Скок во времето се случи во внатрешноста на новата генерација на Astra. Со целосно дигиталниот Pure Panel, аналогните инструменти се пренесуваат низ историјата. Наместо тоа, новиот ”Human Machine Interface (HMI) со свежа, модерна графика им нуди на клиентите чисто, поинтуитивно искуство. Патниците можат да управуваат со новата Astra интуитивно преку екстра-широки екрани на допир, исто како паметен телефон.
Дизајнерите и инженерите на Opel се погрижија навистина многу да се осигураат дека возачот ги добива сите потребни информации и корисни опции за работа, но не е оптоварен со излишни податоци или функции.
Покрај тоа, клучните поставки, како што е контролата на климата, сè уште може да се управуваат преку физички прекинувачи и копчиња.
Предните седишта, се со сертифициран AGR („Aktion Gesunder Rücken e.V.“) и, со својата примерна ергономија, се премногу удобни, особено на долги патувања. Возачот е поддржан од најсовремените системи за асистенција кои се движат од главниот дисплеј до полуавтоматизираниот систем за асистенција Intelli-Drive 2.0 и камерата Intelli-Vision 360 степени.
„Целосно новата Astra – роден е новиот ”Blitz”! Со сензационален дизајн и водечка класа на технологија. Електризиран и високо ефикасен за најниски можни емисии; одејќи во нова ера. Astra е креирана со најголема прецизност до најмалите детали. Уверени сме дека следната генерација на Astra има сè што е потребно за да стане уште еден бестселер и да привлече многу нови клиенти за Брендот “, изјави извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено поради големиот увоз на странско јаболко во Македонија
Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денес е во работна посета на Ресен каде што оствари работни средби со овоштарите од овој регион.
„Овоштарите од Ресен претрпуваат големи губитоци заради погрешните политики на СДС и големиот увоз на странско јаболко во Република Македонија. Согласно податоците, додека ресенското јаболко стои неоткупено, од 1 септември 2023 година до сега во Македонија се влезени околу 4 милиони килограми јаболко што е главна причина што ресенчани ги преживуваат најцрните денови во историјата на овоштарството во Македонија“, изјави Трипуновски.
Како поголеми проблеми на земјоделците од Ресенскиот регион, Трипуновски ги посочи неисплатените субвенции како и неисплатените штети од природните непогоди од пред некоја година, откупно-дистрибутивниот центар којшто требаше да биде завршен во 2023 година сѐ уште не е ни започнат со градба.
„Цврсто им ветив дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има сериозен план и конкретни мерки со кои ќе се стави крај на маките на ресенчани“, заврши Трипуновски.
Економија
Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.
Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.
Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.
Економија
Трипуновски: Ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својата фејсбук страна објави дека ги потпишал првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.
Во својата објава Трипуновски вели: „Почитувани земјоделци, штотуку ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, нека е аирлија!“
Трипуновски во неколку наврати ја алармираше јавноста дека во Република Македонија постојат договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост кои истекуваат оваа година, но на истите не им е овозможено продолжување и дека Николовски го кочи продолжување со образложение дека се потребни законски измени на законот за земјоделско земјиште.
„Сепак на крајот успеавме да го реализираме нашиот предлог за разрешница на овој проблем по многу побрза и поедноставна постапка, наспроти тврдењата на министерот Николовски кој постојано, од непознати причини, тврдеше дека се потребни измени на законот за земјоделско земјиште и дека со анексирање на договорите не се решава овој проблем. Со ова само се докажа дека Николовски повторно ве лаже како што тоа го прави изминативе 7 години“, дополни Трипуновски.
Позитивно е тоа што овој голем проблем доби решение и засегнатите земјоделци конечно ќе можат да ги продолжат своите договори согласно законските регулативи. Со ова Трипуновски покажа дека ќе биде предводник во промените и решавањето на проблемите во македонското земјоделство.
„ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе биде на страната на македонските земјоделци, доколку ние не го изнесовме овој проблем во јавноста, СДС и Николовски никогаш немаше да ги продолжат овие договори на вредните македонски земјоделци или пак тоа ќе го правеа селективно и повторно земјоделското земјиште ќе завршеше кај луѓе што не се земјоделци или истото ќе го трансформираа за плантажи со фотоволтаици. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе може гордо и со крената глава да биде помеѓу светиниколчани и сите земјоделци во Република Македонија“, заврши Трипуновски во својата објава.