Економија
Новото Peugeot 3008 пристигна во Македонија, изберете помеѓу бензин, дизел или Plug-In Hybrid
Peugeot Брендот неодамна го најави најновиот модел во гамата – Новиот Peugeot 3008! А од денес официјално е достапен во салоните на Еуроимпекс, генерален увозник за Peugeot во Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.
Во моментов моделот е во фаза на лансирање во нашата држава и истиот ќе е достапен за тест возење за сите заинтересирани клиенти, кои ќе сакаат да доживеат целосно ново револуционерно искуство зад управувачот на овој современ и уникатен модел.
Како што е најавено, стратегијата на Брендот преферира на клиентот да му обезбеди „моќ на избор“ или #PowerOfChoice.
Сега потенцијалните клиенти имаат избор помеѓу верзија со внатрешно согорување (бензин/дизел) или Plug-In Hybrid.
Надворешната линија на новиот Peugeot 3008 го истакнува неговиот наметлив карактер со одлична избалансираност помеѓу моќ и префинетост, а неговиот нов преден дел му дава впечатлив индентитет.
Со сега обновениот Peugeot i-Cockpit®, кој гарантира најдобра ергономска позиција за возење во гамата, искуството при возење во новиот PEUGEOT 3008 е навистина интуитивно, а елементите се така поставени, за уште поголемо Ваше уживање и едноставно користење.
Неговиот компактен мултифункционален управувач овозможува многу повеќе сензации а истовремено и лесно маневрирање.
Новиот 10″ екран на допир е комбиниран со 3D навигација со говорна команда и multi-touch технологија.
Функцијата за “Night Vision” е достапна во новиот 3008 каде при ноќно возење, со инфрацрвена камера ќе детектира присуство на пешаци или животни до 200m пред возилото, надвор од опсегот на предните светла и ќе Ве предупреди со сигнал за тревога.
Истовремено напредниот “Grip Control” е пакет кој се состои од оптимизирана контрола на тракцијата, конкретни пневматици и функцијата “Hill Assist Descent Control”. Овозможува да го прилагодите држењето во различни услови: снег, кал, песок.
Елегантните хромирани Toggle дирки овозможуваат брз и интуитивен пристап до различните функции за удобност. Конфигуративниот висококвалитетен head-up дигитален дисплеј, може лесно да се прилагоди што значи дека возачот не мора да го тргне погледот од патот.
На plug-in хибридната верзија, PEUGEOT i-Cockpit® вклучува дисплеј кој Ви овозможува да имате прегледност на специфичните информации за возење на иструмент таблата во Вашето видно поле (режим на возење, електричен мерач на нивото на полнење и преостанат електричен опсег) и на екранот на допир, статистика за потрошувачка на енергија (електрична и гориво).
Новиот Peugeot 3008 означува почеток на нова смела ера на современост!
Доколку сакате и вие да бидете дел од ова искуство, побарајте понуда “Online” на https://peugeot.mk/vozila/pobaraj-ponuda/3008, а продажните референти и целиот тим на Peugeot ви стојат на располагање за било какви прашања.
Повеќе информации за моделот на: https://peugeot.mk/vozila/peugeot-3008
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.