Економија
Новиот PEUGEOT 9X8 HYPERCAR – Дизајниран за тркање!
PEUGEOT го припреми новиот 9X8, најнова генерација на предизвикувачкиот Hypercar, кој е подготвен да дебитира на Светскиот шампионат за издржливост на FIA (FIA WEC) во 2022 година. Придвижуван од хибридна енергетска единица со погон на сите 4 тркала, овој хипер-ефикасен прототип совршено се вклопува во стратегијата на PEUGEOT за Нео-перформанси, која е насочена и кон патните и тркачки автомобили кои обезбедуваат одлични перформанси.
Работата на инженерскиот тим на PEUGEOT SPORT и PEUGEOT Design се координираше како никогаш порано за да го произведат 9X8 кој ја најавува новата ера во мото трките. Поради неговите уникатни линии, отсуството на задно крило и моќниот идентитет на брендот се издвојува од другите. Иновативните технички решенија и неговиот мачкаст изглед се истакнуваат како традиционални белези на PEUGEOT.
PEUGEOT 9X8 – најновиот кандидат за трки за издржливост на брендот – е директен наследник на PEUGEOT 905, победник на Le Mans 24 часа во 1992 и 1993 година и на PEUGEOT 908, кој ја освои француската класика во 2009 година. Новиот прототип е подготвен да го продолжи долгото и успешно учество на брендот во светските мото-спортови со високо конкурентни автомобили кои го имаат моќниот и веднаш препознатлив идентитет на брендот.
Името на новиот Hypercar на PEUGEOT е PEUGEOT 9X8.
„9“ ја продолжува серијата која ја користи производителот за своите неодамнешни тркачки автомобили наменети за трките за издржливост, имено PEUGEOT 905 (кој се натпреваруваше од 1990 до 1993 година) и 908 (2007 до 2011 година) станаа икони на брендот.
„Х“ се однесува на технологијата на погон на сите тркала на PEUGEOT Hypercar и хибридниот погонски агрегат што е олицетворение на стратегијата за електрификација на брендот во светот на мото-трките.
„8“ е наставка што се користи за сите сегашни имиња на модели на PEUGEOT, од 208 и 2008, до 308, 3008, 5008 и, се разбира, 508 кој неодамна помина низ рацете на инженерите и дизајнерите кои изработија Hypercar кој стана првиот автомобил кој ја носи ознаката на Peugeot Sport Engineered.
Двата PEUGEOT 9X8 ќе се натпреваруваат на Светскиот шампионат за издржливост на FIA во 2022 година.
„Тоа е првиот тркачки автомобил кој има стил до оваа мера“, рече Kevin MAGNUSSEN.
Зборовите на данецот ги повтори и американецот Gustavo MENEZES: „PEUGEOT отвора ново поглавје во мотоспортот со 9X8. Ќе имаме главна улога во пишувањето на приказната!
“Предниот и задниот светлосен потпис на 9X8, кој има форма на три лавовски канџи, е познат заштитен знак на PEUGEOT, додека новото лого на брендот „главата на лавот“ се карактеризира со позадинско осветлување на страничната и на предната страна на автомобилот. Selenium сивата и контрасната Kryptonitе зелена/жолта боја ја нагласуваат каросеријата и патничката кабина и ја одразуваат шемата на бои избрана за новата линија PEUGEOT SPORT ENGINEERED, претставена со 508 и 508 SW.
Дизајнерите, исто така, посветија исклучително внимание на ентериерот на 9X8. „Сакавме да имаме посебен пристап кон патничката кабина, која досега има тенденција да биде чисто функционалн и нејасен аспек кај тркачките автомобили, без идентитет на брендот“, нагласува Matthias HOSSANN. „Комбинацијата на нашата шема на бои и PEUGEOT i-Cockpit-от обезбедија во патничката кабина на 9X8 карактеристично чувство и го прават веднаш препознатлив како PEUGEOT “.
Надворешно, извајаните тркала придонесуваат за избалансирани линии на јасните, остро структурирани крила на автомобилот, отворите за крилата го откриваат горниот дел од пневматиците и совршено интегрираните ретровизори придонесуваат за впечаток дека протокот на воздух поминува непречено преку автомобилот.
„Јас ги познавам тимовите на PEUGEOT Design и PEUGEOT Sport. Тие секогаш даваат квалитетна, иновативна работа, но морам да признаам дека 9X8 ме воодушеви. Едноставно е прекрасен“, вели Главниот извршен директор на PEUGEOT, Linda JACKSON. „Начинот на кој неговите иновативни, впечатливи линии даваат толку моќен идентитет на брендот, е маестрален“.
„Отсуството на задно крило на PEUGEOT 9X8 е голем иновативен чекор“, вели директорот на Stellantis Motorsport, Jean-Marc FIONOT. „Постигнавме одреден степен на аеродинамичка ефикасност што ни овозможува да ја отстраниме оваа одлика. Не прашувајте како, сепак! Имаме целосна намера да ја чуваме тајната се додека можеме! “
Остранувањето на задното крило обезбеди слобода да дизајнираме елегантна силуета што не е видена со децении. Навистина, работејќи рака под рака со нивните колеги инженери, дизајнерите максимално ја искористија можноста да создадат хармоничен спој на динамични, извајани форми кои формираат чиста, убедлива површина помеѓу истакнатите лакови на тркалата.
Хипер-ефикасен хибриден погонски систем
Од најавата за учество на PEUGEOT во септември 2020 година за вклучување во новата класа Le Mans Hypercar трки за издржливост, фабриката во Версај, близу Париз, работи со пона парена на 9X8.
Како што беше планирано, задниот дел од автомобилот, 2,6-литарски, би-турбо, 500kW (680кс), 90-степен V6 – мотор со внатрешно согорување дел од погонскиот систем на PEUGEOT HYBRID4 500KW – од април поминува километри на станицата за тестирање.
Во меѓувреме, се инсталираат моторот-генератор од 200 kW, секвенцијалниот менувач со седум степени и батеријата во согласност со распоредот за валидација на станицата за тестирање. Моќната, технолошки софистицирана, високонапонска батерија (900 волти) со висока густина се развива од страна на PEUGEOT Sport и Saft заедно со TotalEnergies.
„Нашата цел во однос на нашите енергетски барања е беспрекорна сигурност и совршена контрола“, објаснувa Jean-Mark FINOT. „Le Mans стана 24-часовна спринтерска трка каде што може да се победи или изгуби онолку бројот пати колку што се натпреварувате. Исклучителната енергетска ефикасност на новите Hypercars претходно го дефинира она што ќе го видиме наскоро во светот на патните автомобили. Ова испитување имаше огромно влијание врз нашата работа на пакетот PEUGEOT 9X8, чијшто аспект треба да придонесе за постигнување на хипер ефикасност, од неговиот погонски агрегат до неговата аеродинамика “.
Le Mans, лабораторија за PEUGEOT
„Учеството на PEUGEOT во трките за издржливост има повеќе отколку спортски аспект“, тврди Linda JACKSON. „Трките за издржливост се форма на мото-спортот што ни обезбедува екстремна лабораторија, што објаснува зошто нашата поврзаност со Le Mans е толку силна. Позначајни можеби од резултатите што ги добиваме на тркачката патека се можностите што ги дава за да ја докажеме нашата технологија или плодот на нашата истражувачка работа за трка што Ве фрла во екстремни услови 24 часа. Le Mans ни обезбедува конкурентно опкружување за да ги потврдиме хибридните системи и технологии што во моментов ги развиваме за да ја намалиме потрошувачката на гориво – а со тоа и емисијата на СО2 – на нашите патни автомобили. Екипите на PEUGEOT Sport се горди кога ќе видат дека нивното истражување е пренесено на нашите производствени модели. За нашите клиенти, Le Mans е лабораторија која сведочи за квалитетот на нашите автомобили “.
PEUGEOT 9X8 – Teхнички податоци
Класа: Le Mans Hypercar (LMH)
Должина: 5.000mm
Ширина: 2.080 mm
Висина: 1.180 mm
Меѓуоскино растојание: 3.045 mm
Погонски агрегат: PEUGEOT HYBRID4 500KW (погон на сите четири тркала)
Заден погоски агрегат: 500kW (680кс), 2.6L twin-turbo, 90-степен V6 бензински мотор со внатрешно согорување + седум-степен секвенцијален менувач
Преден погон: електричен мотор – генератор 200kW + редуктор со една брзина
Батерија: Батерија со голема густина, 900 волти, дизајнирана од Peugeot Sport, TotalEnergies / Saft
Гориво и мазива: TotalEnergies
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ: Носителите на политики ќе дискутираат за состојбите и перспективите во економијата
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и заменик-министерот за финансии, Филип Николоски, ја предводат нашата делегација, која учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во делегацијата на Народната банка на овие средби ќе земе учество и вицегувернерот Фадил Бајрами.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Бајрами на претстојните Пролетни средби ќе одржат состаноци со заменик-директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе. На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка.
Во рамките на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со високи претставници на Светската банка, заменик-претседателката на СБ, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.
Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.
Економија
Трипуновски: Ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
Дополнителниот замени министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на својата фејсбук страна објави дека ги потпишал првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.
Во својата објава Трипуновски вели: „Почитувани земјоделци, штотуку ги потпишав првите 16 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, нека е аирлија!“
Трипуновски во неколку наврати ја алармираше јавноста дека во Република Македонија постојат договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост кои истекуваат оваа година, но на истите не им е овозможено продолжување и дека Николовски го кочи продолжување со образложение дека се потребни законски измени на законот за земјоделско земјиште.
„Сепак на крајот успеавме да го реализираме нашиот предлог за разрешница на овој проблем по многу побрза и поедноставна постапка, наспроти тврдењата на министерот Николовски кој постојано, од непознати причини, тврдеше дека се потребни измени на законот за земјоделско земјиште и дека со анексирање на договорите не се решава овој проблем. Со ова само се докажа дека Николовски повторно ве лаже како што тоа го прави изминативе 7 години“, дополни Трипуновски.
Позитивно е тоа што овој голем проблем доби решение и засегнатите земјоделци конечно ќе можат да ги продолжат своите договори согласно законските регулативи. Со ова Трипуновски покажа дека ќе биде предводник во промените и решавањето на проблемите во македонското земјоделство.
„ВМРО-ДПМНЕ секогаш било и ќе биде на страната на македонските земјоделци, доколку ние не го изнесовме овој проблем во јавноста, СДС и Николовски никогаш немаше да ги продолжат овие договори на вредните македонски земјоделци или пак тоа ќе го правеа селективно и повторно земјоделското земјиште ќе завршеше кај луѓе што не се земјоделци или истото ќе го трансформираа за плантажи со фотоволтаици. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе може гордо и со крената глава да биде помеѓу светиниколчани и сите земјоделци во Република Македонија“, заврши Трипуновски во својата објава.
Економија
Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто
На 16 април 2024 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.
На седницата на Комитетот беше оценето дека тековнaта поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата. Така, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари. И натаму се очекува дека тековното ниво на каматните стапки, заедно со досегашните промени кај задолжителната резерва и преземените макропрудентни мерки ќе придонесат за натамошно забавување на инфлацијата и за задржување на стабилноста на девизниот курс. Притоа, последните промени кај инструментот задолжителна резерва, чијашто примена започнува од јуни 2024 година, значат и дополнителна поддршка на прудентниот карактер на монетарната политика, извести Народната банка.
Во услови на стабилен девизен пазар, главниот акцент при носењето на одлуката за задржување на тековната поставеност на монетарната политика беше ставен на потребата од стабилизирање на инфлацијата на историски ниските нивоа и инфлациските очекувања на потрајна основа, имајќи ги предвид присутните ризици, коишто во голема мера се поврзани со геополитичките тензии. Имено, инфлацијата очекувано забрза во март 2024 година на 4% на годишно ниво (3% во февруари), со оглед на престанокот на важноста на мерките за гарантирани цени на дел од прехранбените производи и пијалаци и за укинување/намалување на дел од увозните давачки. Сепак, остварувањето е под проекцијата на Народната банка, при значително намален притисок од цените на храната и енергијата, но и пониски ценовни притисоци од помалку променливите категории во првиот квартал, во согласност и со преземените монетарни мерки. Цените на примарните производи на берзите и натаму надолно се приспособуваат, со исклучок на нафтата којашто има одредени флуктуации. Остварувањата кај инфлацијата од почетокот на годината се пониски од очекувањата, но нивото сѐ уште е над историскиот просек, а ризиците во однос на идната динамика на цените и натаму постојат. Оттука, беше оценето дека е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, вклучително и на политиките што делуваат врз побарувачката во економијата. Во однос на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ), на последната седница во април повторно беше донесена одлука за задржување на основните каматни стапки на истото ниво.
Состојбата на девизниот пазар е стабилна и движењата се поволни. Нивото на девизните резерви на крајот на март изнесува 4.287,1 милион евра, што е соодветно за задржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на девизниот пазар се поволни и придонесуваат за интервенции со нето-откуп на девизи од страна на Народната банка, при умерено намалена нето-побарувачка од корпоративниот сектор и натамошен висок прилив на девизи на менувачкиот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, трговскиот дефицит во првите два месеца од 2024 година е малку повисок од очекувањата според октомврискиот циклус проекции. Остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со март се малку пониски од проектираните нето-приливи од приватните трансфери.
Остварениот економски раст во последниот квартал на 2023 година, како и за целата година, е под проектираниот, што упатува на посилно забавување на економскиот раст од очекуваното. Имено, реалниот раст на домашната економија во 2023 година изнесува 1%, при раст на БДП во четвртиот квартал од годината од 0,9% на годишна основа. Високофреквентните податоци за првиот квартал од 2024 година со кои се располага упатуваат на годишен раст кај индустриското производство и угостителството, при мал реален годишен пад на прометот во вкупната трговија и кај градежништвото. Сепак, расположливоста на податоците е ограничена и не е доволна за попрецизна оцена. Во однос на ризиците за растот во следниот период, тие и натаму постојат и се поврзани пред сѐ со случувањата во надворешното окружување, но и со интензитетот на остварувањето на домашните инфраструктурни проекти.
Во монетарниот сектор, според првичните податоци за март 2024 година, депозитите растат со слична динамика како и претходниот месец, но малку посилно од очекувањата. Од друга страна, кредитната активност на банките умерено забавува, но годишниот раст е малку над проекциите за првиот квартал.
Сѐ на сѐ, амбиентот за водење на монетарната политика е умерено поповолен од очекувањата. Сепак, ризиците кај инфлацијата наметнуваат потреба од натамошно внимателно следење на динамиката и факторите на инфлацијата и претпазливост во однос на водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата, вклучително и преку пазарот на труд каде што има високи стапки на реален раст на платите. Народната банка и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок, соопшти НБ.