Економија
Новото „порше 911“ спектакуларно претставено на Алпите
„Порше“ го претстави новиот 911 во снежна околина. По светската премиера на саемот за автомобили во Лос Анџелес на крајот од ноември 2018 година, осмата генерација на иконата за спортски автомобил беше презентирана на високото подрачје Арејт-Алм во Австрија. Тоа беше првото појавување на возилото по саемот. За оваа цел, прикачен на хеликоптер, новиот 911 полета кон Алм, кој се наоѓа на надморска височина од 1.408 метри. Презентацијата беше водена од д-р Волфганг Порше, претседател на Надзорниот одбор на „Порше АГ“ Албрехт Рејмолд, член на Извршниот одбор одговорен за продукција и логистика, амбасадорите на брендот Валтер Рерл и Марк Вебер, како и возачите Тимо Бернард и Ричард Лиец.
Помоќен, побрз, дигитален: новиот 911
Новиот 911, исто така, ги постави стандардите на иднината, во поглед на ексклузивните спортски карактеристики и непогрешливо имплементирање на дизајнот и добро познатата ДНК на „Порше“. Интелигентните системи за контрола на стабилноста и шасијата, како и иновативни системи за помош, ги комбинираат бескомпромисните динамики на класичниот спортски автомобил со мотор во задниот дел со барањата на дигиталниот свет. Сегашните модели Carrera S се опремени со понатамошно развиени турбо мотори со извонредни 331 kW (450 КС). Моќта е испорачана од ново развиен менувач на пренос со двојна спојка и осум брзини. И двата модели S за четири секунди забрзуваат од нула до 100 км/ч. Опремени со опционалниот Sport Chrono пакет, Carrera S со погон на задните тркала забрзува до 100 км/ч за само 3,5 секунди, додека 911 Carrera 4S со погон на сите тркала го комплетира спринтот за 3,4 секунди. Максималните брзини изнесуваат 308 км/ч (911 Carrera S) и 306 км/ч за верзијата со погон на сите тркала.
Мотоспорт спектакл на снег и мраз
Презентацијата се одржа пред GP тркатата на мраз на „ Zell am See“. Ова е ново издание на „ледената“ легендарна трка која се одржуваше од 1937 до 1974 година. Настанот, кој се одржа оваа сабота и недела на спортскиот аеродром Зел, понуди на гледачите многу спортски активности со класични, актуелни и рели возила – вклучувајќи бројни Porsche модели. Околу 130 учесници беа дел од околу 600 метри долгата патека на мраз, помеѓу кои беа победникот на Ле Ман – Ханс-Јоахим Штук, како и бренд амбасадорите на Porsche – Марк Вебер и Валтер Рерл.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.