Економија
Поднесување на Годишна даночна пријава и пријавување на приходи во УЈП
Годишна даночна пријава задолжително се поднесува најдоцна до 15-ти март 2017 година, доколку во изминатата 2016 година, освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, се оствариле и дополнителни приходи.
Како дополнителни приходи се сметаат кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп); авторски права; индустриска сопственост; исплатена дивиденда; капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот.
Исто така како дополнителни приходи се сметаат остварени поединечни добивки од општи игри на среќа (лотариски игри на среќа, електронски игри на среќа, наградни игри и интерактивни игри на среќа) во износ поголем од 5.000 денари; игри на среќа преку специјализирани странски интернет страници; интернет (е-трговија; услуги извршени преку специјализирани страни пр. www.freelancer.com, www.upwork.com и др.; поставување на реклами на сопствени интернет страни; прогнози (дојави) на типови за спортски натпревари);
Исто така, лични примања од странство за активности поврзани со работењето во Република Македонија; ако работно сте ангажирани во амбасада, мисија на меѓународна организација и други дополнителни приходи, надвор од редовната плата или пензија.
Работодавачот, односно исплатувачот на приходот, кој исплатил приход во изминатата година, има законска обврска најдоцна до 25 јануари 2017 година да издаде збирна пресметка во која ќе бидат искажани вкупните износи на исплатени приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2016 година.
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ) издава податоци за исплатите, односно збирна пресметка на годишната бруто пензија, социјални придонеси и персонален данок.
Фондот за здрaвствено осигурување (ФЗО) издава податоци за исплатите, односно збирна пресметка на годишнoтo породилното боледување, социјални придонеси и персонален данок.
Збирните пресметки се неопходни за да можете точно и навремено да се пријавите приходите во Годишната даночна пријава.
Годишната даночна пријава е бесплатна и можете да ја преземете од веб-страницата на УЈП (кликни http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/21).
Во Годишната даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“) е овозможен компјутерски внес на податоците во бараните полиња. Откако ќе ги пополните податоците, отпечатете ја пријавата во 2 примерока.
Доколку сте регистриран корисник на системот е-Даноци, Годишната даночна пријава пополнете ја он-лајн и поднесете ја електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk
Пополнетата Годишна даночна пријава можете да ја поднесете и во најблиската даночна канцеларија на УЈП или преку пошта. За точна адреса и локација на даночните канцеларии кликнете http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt/makedonija/крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
Собранието на Република Северна Македонија, на денешната седница, со 64 гласа „за“ го донесе новиот закон за вино, предложен од министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Исполнивме уште еден даден збор пред лозарите, велат од МЗШВ.
Новиот закон за вино во целост е усогласен со одредбите на европското законодавство, во делот на воведувањето нови производи од вино, како органско вино и ароматизирани вински производи.
Македонското вино најмногу се извезува кон земјите членки на Европската Унија и токму овој нов закон придонесува непречено да се зголеми, но и олесни извозот на македонско вино и производи од вино кон ЕУ.
Законот за вино во целост е на страна на лозарите, решавајќи уште еден голем проблем за лозарите, а тоа е откупната цена. Со новиот закон за вино, за првпат, се утврдува гарантирана производната цена на винско грозје по килограм, најдоцна до 15 јули во тековната година и тоа за најмалку две најзастапени сорти. Пресметката на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет, согласно дадена методологија, се предвидува да ја врши високо образовна или научна институција од областа во земјоделството, соопшти МЗШВ.
Новиот закон предвидува и креирање на нова годиншна, посебна програма за финасиска поддршка во лозарството и винарството, каде преку конкретни мерки, уште повеќе треба да се развиваат овие два значјни сектори.
Системот на заштитата на геогравските индикации на виното, во целост е усогласен со европското законодавство. Новиот закон за вино во овој дел предвидува, истите да се заштитуваат на национално и меѓународно ниво, со заштитена ознака за потекло, или заштитена географска ознака. Традиционалниот назив на виното, на национално и меѓународно ниво, се заштитува со традиционална ознака.
Вината со геогравска ознака ќе треба да исполнуваат одредени барања во однос на квалитет или геогравски карактеристики, односно да бидат произведени од грозје кое потекнува исклучиво или во најголем дел од дефинираното географското подрачје и производството на вино се одвива во дефинираното географско подрачје. Во насока на заштита на географските индикации на виното областите погодни за производство на вино во законот се делат на региони и реони, и виногорја, локалитети, месности.
Производството на вино со геогравска ознака ќе биде следено од сертификациони тела, кој процесот ќе го верифицираат во сите фази почнувајќи од самиот почеток на производство на грозје, до производство на вино со геогравска ознака. Сите заштитени ознаки на потекло и нивните корисници ќе бидат регистрирани во соодветен регистар во МЗШВ.
Министерот Николовски упати благодарност до сите чинители во креиарањето на новиот закон за вино, лозарите и земјоделските здруженија, стручната и научна јавност и винариите.
Новиот закон за вино заедно со десетгодишната Стратегија за развој на винарството и лозарството трасираат нов пат и сигурен развој на двата сектори, винарство и лозарство, преку стабилно произвдоство на винско грозје со мотивирани лозари, потоа зголемен извоз на македонско вино и уште повисоко позиционирање на светската винска мапа, се наведува во соопштението на МЗШВ.
Економија
Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ и ќе заврши пред Врховниот суд.
„Работниците и граѓаните имаат избор и немаат повеќе изговор да не учествуваат на ниеден од протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија. На 2 април се организира протест, кој ќе почне пред зградата на Работничкиот дом и ќе заврши пред Врховниот суд. Да им покажеме на судиите дека треба да се охрабрат, правото и правдата мора да победат и дека треба што е можно побргу да донесат нова пресуда, со која ќе го вратат Работничкиот дом на работниците, на оние што го граделе“, рече Трендафилов.
ССМ пред еден месец достави до Основниот граѓанскиот суд Скопје предлог за повторување на постапката врз основа на, како што кажаа, нови докази.
„Во вторник ќе ги охрабриме да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом од работниците и за доделување на државата. На државата не ѝ треба уште една зграда, ѝ требаат работници, ѝ требаат синдикати“, рече претседателот на ССМ.
На 8 април Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита организира протест од пред зградата на ССМ и ќе заврши пред Министерството за здравство, каде што ќе кажат дека не се задоволни од претстојното усогласување на платите.
„Одредени сектори, како дејноста здравство, нема да добијат усогласување на платите со порастот на минималната плата. Нема да добијат ниту во дејноста образование ниту во полицијата и неколку други дејности. Повеќе од 20 илјади работници во здравството остануваат без никакво усогласување на платата со порастот на минималната“, рече Трендафилов.
ССМ и оваа година на 1 мај излегува на улица.
„Ќе им кажат на сите оние што претендираат да ја водат државата што бараат и што очекуваат од нив. Жалосно е да не ги слушнат работниците, а и работниците да не ја искористат можноста јасно и гласно да им кажат на претендентите што сакаат да седнат во пратеничките клупи и во владините фотелји што треба да направат за нив во наредниот период. Очекувањата се 450 евра најмалку минимална плата во првите сто дена од новата влада со политичка одлука за измена на законот, други измени, ќе се врати храната, ќе се врати превозот за работниците и ќе се извади надвор од бруто-платата неправдата што се направи во 2009 година, а работниците ќе добијат дополнителни финансиски средства“, додаде тој.
Економија
„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на социјалните мрежи сподели графици со растот на платите во приватниот сектор од 2016 до 2023 година фалејќи се дека ја зголемиле благосостојбата на граѓаните и постигнале извонредно зголемување на просечната плата не само во јавниот сектор, туку и во приватниот сектор. Но дали е така“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
„Од вкупно 19 дејности според Националната класификација на дејности, во периодот од 2006-2016 година кога беше на власт ВМРО-ДПМНЕ во вкупно 11 дејности платите растат со посилно темпо од платите во периодот од 2017 до 2023 година.
Во градежништвото, Битиќи се фали дека платата се зголемила за 72%, но во претходниот период на владата на ВМРО-ДПМНЕ платата во градежништвото порасна за 104% (или двојно се зголемила). Се фали дека растот на платите во секторот транспорт и складирање е 50%, но во претходен период на ВМРО-ДПМНЕ растот беше 62%. Во секторот снабдување со вода и управување со отпад се фали дека платата пораснала за 47%, а во претходниот период на ВМРО-ДПМНЕ растот на платата бил 60%.
И сега, за кој повисок раст на плати збори Битиќи? Платите во секторот информации и комуникации силно растат и во двата периода и сите знаат дека овој раст е природен, условен од високата побарувачката како на домашен, така и на меѓународен план. Платите во преработувачката индустрија, рударството и услужните дејности (објекти за сместување и сервисни дејности за храна, административни и помошни услужни дејности), и во трговија на големо и мало, растат позабрзано во периодот од 2017-2023 година во услови на намалена понуда на работна сила, иселување на работната сила, барање на работа во соседни држави, а при постоење на домашна побарувачка за овие дејности. Пазарните сили ја детерминираат цената на трудот. И како е зголемена благосостојбата на граѓаните кога во ваш мандат трошоците за живот пораснаа за НЕВЕРОЈАТИ 35%? Ако се земе предвид и овој раст, којшто вие упорно не го земате, НОМИНАЛНИОТ раст на платите се топи. И пак, ВМРО-ДПМНЕ ве води во реалниот раст на платите кој беше создаван во услови на решавање на висока невработеност и со испорачување двојно повисок економски раст од вашиот! Губитници сте на секое поле“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.