Економија
Стечајниот управник на „Фени“ понесе тужба против „Кунико рисорсис“
Стечајниот управник на „Фени“, Мирослав Анастасиевски, поднесе тужба против „Кунико ресорсис“ од Холандија, „Кунико маркетинг ФЗЕ“ од Обединетите Арапски Емирати и против Јусуф Миракхмедов и Маниш Агарвал, одговорни лица во комбинатот до отворањето на стечајот. Во тужбата е наведено дека одговорните лица нанеле штета во износ од 51.000.000 американски долари и со тоа придонеле компанијата да оди во стечај.
Истовремено, стечајниот управник поднел и кривична пријава при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против Јусуф Миракхмедов, Маниш Агарвал и Бранко Колев, сите носители на функции во „Фени“, пред да отиде во стечај, и против „Кунико маркетинг ФЗЕ“, под сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена должност и овластување, злосторничко здружување и фалсификување исправа“.
Стечајниот управник по извршените контроли и врз основа на извештаите од Управата за јавни приходи открил докази дека тужените правни и физички лица во 2016 година извршиле незаконски дејствија со кои го оштетиле комбинатот за 51 милион американски долари.
Тужбите од стечајниот управник се поднесени вчера.
Против претходното раководство на „Фени“ кривични пријави лани поднесе и Управата за финансиска полиција.
Денес судот во Велес повторно ќе одлучува за планот за реорганизација на „Фени“, откако Апелацискиот суд одлучувајќи по жалба од дел од доверителите го врати на повторно разгледување. Од „Фени“ објаснија дека планот е вратен на повторно одлучување поради административни забелешки, за кои веднаш по одлуката на Апелација тие доставиле известувања. Вработените во комбинатот вчера преку јавно обраќање побараа да престанат опструкциите за завршување на стечајната постапка оти затворениот стечај за нив ќе значи поголеми плати и договори за вработување на неопределено време наспроти сегашните месечни договори.
Бугарскиот „Минстрој холдинг“, „Кунико рисосрис“ и „Транспаресни интернешнал – Македонија“ се против стечајот на „Фени“за кој сметаат дека се води во незаконска постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање
„Народната банка ги препозна ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ги постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија“, посочи вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Блумберг Адрија“, при што истакна дека „зелената агенда“ е вградена во Стратегискиот план на Народната банка. Во период од четири години нивото на „зелените кредити“ е зголемено за околу 2,5 пати.
Митреска посочи дека заради поддршка на зелените финансии и за справување со климатските ризици, Народната банка донесе среднорочен план којшто предвидува конкретни акциски планови или активности во повеќе сфери на работењето на Народната банка, како регулативата, супервизијата, финансиската стабилност, истражувањето и меѓународната соработка.
„Неодамна донесовме и конкретни насоки за банките коишто треба да претставуваат еден вид мапа за начинот на кој треба да се однесуваат банките во однос на мерењето, оценувањето и управувањето со ризиците од климатските промени. Уште пред неколку години го променивме концептот на инструментот за задолжителна резерва заради поттикнување на зеленото кредитирање. Во рамките на институцијата работиме и на политиката на одржливост на банката, што значи подобрување на нашиот корпоративен профил во однос на одржливоста како концепт“, посочи Митреска, истакнувајќи дека Народната банка применува систематизиран пристап кога станува збор за зелената економија и справувањето со ризиците од климатски промени.
„Кредитите со зелена компонента се кредити коишто се насочени кон зголемување на енергетската ефикасност, и на корпоративниот сектор, и на населението, вложување, односно инвестиции во проекти коишто се однесуваат на обновливи извори на енергија, проекти коишто подразбираат користење одржливи материјали, одржливи решенија“, објасни Митреска и посочи дека станува збор за кредитирање коешто е насочено кон инвестициите наменети за заштита на животната средина и ублажување на ефектите од климатските промени врз околината.
Економија
Од полноќ нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 15.4.2024 година.
Од 23.4.2024 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 87,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 90,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 76,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС – 44,554 (денари/килограм)
Малопродажните цени на ЕВРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на бензинот ЕВРОСУПЕР БС-95 се зголемува 1,00 денар/л, а малопродажната цена бензинот ЕВРОСУПЕР БС-98 се зголемува 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,252 денари/кг и ќе изнесува 44,554 денари/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,608 %, кај дизелот намалувањето е 5,088 %, кај екстра-лесното масло намалувањето е 4,799 % и кај мазутот намалувањето е 1,138 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 1,618 %.
Економија
МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани говеда
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци.
Исплатени се 4.033 одгледувачи на говеда, со вкупна вредност на поддршка од 100 милиони денари.
Висината на директните плаќања изнесува 2.600 денари по женско грло, кое на денот на поднесувањето на барањето има наполнето 12 месеци.
Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделските стопанства корисници на основните директни плаќања за обележани грла говеда постари од 12 месеци, а кои сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети.